Веродостојност
1. Основни информации за Библијата.
Име: Зборот biblia е множина од грчкиот збор biblion (деминитив од biblios) што значи “книга”. “Ta biblia” значи “книгите” и означува збирка свети книги за јудаизмот (Стариот Завет) и за христијанството (Стариот и Новиот Завет). И муслиманската света книга, Куранот, ги признава Стариот и Новиот Завет (“теврат” и “инџил”) како постари божји објави, во Сура (глава) 3.
Синоними: за зборот Библија се: Свето Писмо, Божјо Слово, Божја Реч, Божји Збор, Божја Книга, Света Книга, Словото и други.
Изворни јазици на кои е напишана Библијата се: хебрејски, арамејски и старогрчки јазик.
Број на учесници (писатели): на Библиските книги: повеќе од 40.
Период на составување на Библијата: 1600 години. Завршена е во 1 век н.е.
Основна структура на Библијата: Стар Завет и Нов Завет.
Можни типови на превод: (1) буквален превод; (2) превод на динамична еквиваленција; (3) парафразиран превод.
2. Што ја одвојува Библијата од другите книги?
Таа е Бестселер на сите времиња
Таа е книга со најголем тираж во целата историја на човештвото. Никој со точност не знае ни приближно колку примероци на Библијата постојат во денешно време. Според Гинисовата книга на светски рекорди, издание од 1988, се проценува дека меѓу 1815 и 1957 биле отпечатени 2.500.000.000 примероци. Тоа е огромна бројка. Ниту една друга книга во историјата дури не и се ни приближила на Библијата во броевите на тиражот. Зачудувачки е тоа што и покрај сите прогонства што ги преживеала, покрај сите масовни нејзини палења и забранувања од властите, нејзиниот тираж несопирливо растел.
Најпреведувана Книга
Ниту една книга не била преведувана на толку многу јазици. Сега Библијата може да се чита, во целост или делумно, на повеќе од 2.100 различни јазици. Американското библиско друштво известува дека сега таа е достапна на 98 проценти од популацијата на нашата планета.
Единствена која преживеала
Пред околу 3500 години пред нашата ера, кога започнало пишувањето на Библијата, Израел била само една мала нација меѓу многуте од Средниот Исток. Тие живееле во несигурност сред моќни политички држави кои се туркале едни со други за превласт. Тие нации, кои имале збунувачка разноликост од богови и божици, исто така пишувале религиозна литература и ја обожавале истата. Меѓутоа, сите овие дела од Средниот Исток наишле на иста судбина. Биле заборавени, па дури и јазиците на кои биле напишани, изумреле. Од друга страна, пак, првите напишани книги од хебрејската Библија преживеале дури до наше време и се уште нашироко се печатат. Интересно е што најраниот превод од целата Библија Кинг Јамес бил најден во место каде што се фрлало ѓубре (слично на контејнер).
Најпостојана книга низ толкав период
Интересно е да се забележи дека и покрај големата старост и тешкатан судбина на Библијата, таа останала скоро непроменета до денешен ден. Нормално бидејќи била рачно препишувана, таа претрпела ситни граматички грешки, кои не успеале да ја променат мислата на библискиот писател. За ова се погрижиле една група еврејски изучувачи познати како соферими, “препишувачи”, кои станале чувари на текстот на хебрејската Библија и нивна одговорност била да ги препишуваат овие стихови за употреба во јавното и во приватното обожавање. Тие биле високо мотивирани, професионални мажи и нивната работа била од највисок квалитет.
Од 7 до 10 век од н.е. наследници на соферимите биле масоретите. Нивното име доаѓа од хебрејскиот збор што значи “традиција” и тие биле препишувачи, задолжени со задача да го сочуваат традиционалниот хебрејски текст. Тие биле многу прецизни. Препишувале буква по буква и на крајот од реченицата ги броеле буквите од првата и втората копија, за да се уверат дека не одземале или не додале буква. А кога ќе дошле до Божјото Име (Јахве), тие ги миеле рацете пред да го препишат.
Тврдење дека е Божји Збор
Библијата е единствена и по тврдењето кое го изнеле многу нејзини писатели. Околу 40 поединци, вклучувајќи цареви, пастири, рибари, државни службеници, свештеници, најмалку еден генерал и еден лекар, зеле учество во пишувањето на различни делови од Библијата. Но сите овие луѓе го изнесувале истото тврдење – дека не пишувале сопствени мисли, туку Божји. асекаде низ Библијата гледаме: “Бог вели вака..”, “..говори Господ..” , “Вака рече Господ..”, “-словото е Господово-“, “Духот Господов говори во мене и словото Негово е на јазикот мој” итн. Како што ќе видиш подоле, или подобро во самата Библија, Бог го докажал своето авторство на неа.
3. Дали Библијата е веродостојна книга?
За докажување на веродостојноста на секој стар документ, па и на Библијата, се користат три вида на тестирање:
- Внатрешен тест
- Библиогравски тест
- Надворешен тест
1. Внатрешен тест
а) Хармонијата на Библијата
Мисловна задача:
Замислете си дека на 40 возрасни луѓе им задавате домашна работа на тема: Потелкото и смислата на животот и што по смртта. Нека се тие луѓе од различен статус (образовани и неписмени, цареви и слуги, лекари и правници, политичари и рибари, итн.) Нека се тие луѓе од различен историски период, со разлика од 16 векови. Нека се тие луѓе од три различни континенти.
Што мислите, колку ќе бидат усогласени нивните ставови?
Библијата е пишувана во период од 1600 години, од повеќе од 40 писатели, за време од 60 генерации, на три континенти (Европа,Африка и Азија); Писателите биле од најразлични сталежи:
цареви, политичари, рибари, лекри… во палати и во пустина, во радост и во тага, на слобода и во ропство… а сепак,низ Библијата проткајува неверојатна хармонија и усогласеност!
Вушност, впечаток е, дека, иако писателите се многубројни, Авторот на книгата е еден! Токму тоа е вистината! Тоа и самата Библија го потврдува: “Целото Свето Писмо е од Бога вдаховено…” (изјава на апостол Павле, заппишана во новозаветната книга 2 Тимотеј 3:16).
б) Кредибилитетот на писателите
Кога пишувате своја биографија, дали во неа ги пишувате и своите мани и гревови? Библиските писатели јавно ги запишале и своите гревови, каења, слабости, падови, грешки, неверства…(Давид, Петар, Павле…). Библијата зрачи со искреност на писателите! Човекот, и кога би можел да ја состави Библијата – не би сакал; а и кога би сакал – не би можел.
2. Библиографски тест
Повеќе би можеле да се сомневаме во делата на Јулиј Цезар, Аристотел, Платон… отколку во делата на евенгелистите и апостолите! Разгледајте ја внимателно тебелата што следува, обрнувајќи особено внимание на трите важни елементи на библиографскиот тест, имено:
-Бројот на расположливите ракописи
-Нивната датумска близина со случките што ги опишуваат
-Нивното меѓусебно сложување
Табеларна споредба на познати световни дела со Новиот Завет:
Новиот Завет често се споредува со други антички и познати светски дела за да се анализира неговата историска автентичност, зачуваност и литературно влијание. Како клучни критериуми за оваа споредба најчесто се земаат временскиот јаз помеѓу оригиналното пишување и најстариот преживеан препис, како и бројот на пронајдени историски ракописи.
Еве директна табеларна споредба на Новиот Завет со некои од најпознатите светски дела од антиката:
| Дело / Автор | Време на пишување | Најстар зачуван препис | Временски јаз (приближно) | Број на зачувани ракописи (копии) |
|---|---|---|---|---|
| Новиот Завет | 50 – 100 г. од н.е. | ок. 130 г. од н.е. (делови) | 30 – 100 години | Преку 5.800 (грчки) / 24.000+ вкупно |
| Илијада (Хомер) | ок. 800 г. пр.н.е. | ок. 400 г. пр.н.е. | 400 години | ок. 1.800 |
| Историја (Херодот) | ок. 480 – 425 г. пр.н.е. | ок. 900 г. од н.е. | 1.300 години | 109 |
| Галски војни (Јулиј Цезар) | ок. 58 – 50 г. пр.н.е. | ок. 900 г. од н.е. | 950 години | 251 |
| Историја (Тукидид) | ок. 460 – 400 г. пр.н.е. | ок. 900 г. од н.е. | 1.300 години | 96 |
| Анали (Тацит) | ок. 116 г. од н.е. | ок. 850 г. од н.е. | 700 години | 33 |
Главни заклучоци од споредбата:
- Минимален временски јаз: Новиот Завет го има убедливо најкраткиот период помеѓу времето кога е напишан оригиналот и најстарите пронајдени преписи (фрагменти како Папирусот П52 датираат само неколку децении по оригиналниот текст).
- Огромен број ракописи: Со десетици илјади ракописи (на грчки, латински, сириски, коптски и др.), Новиот Завет има неспоредливо поголема текстуална поткрепа од кој било друг антички документ, што им овозможува на историчарите прецизно да го реконструираат оригиналниот текст.
Најстари ракописи на Новиот Завет / Библијата:
Најстарите сочувани ракописи и фрагменти од Новиот Завет потекнуваат од периодот меѓу 2-от и 4-от век од нашата ера. Тие се поделени на мали папирусни фрагменти и големи кодекси (целосни или делумни ракописи во форма на книга)
Најстари папирусни фрагменти (2-ри – 3-ти век)
- Papyrus P52 (Папирус Рајлендс – P52) – Се смета за најстариот познат ракопис на Новиот Завет. Содржи стихови од Евангелието по Јован (Јован 18:31-33, 37-38) и е датиран околу 125–150 година н.е. Се чува во John Rylands Library во Манчестер, Велика Британија.
- Papyrus P90 и Papyrus P104 – Исто така потекнуваат од 2-риот век; P90 содржи делови од Евангелието по Јован, а P104 содржи делови од Матеј (глава 21).
- Papyrus P66 и Papyrus P75 (Бодмерови папируси) – Датирани помеѓу 175 и 225 година н.е.. P75 содржи делови од Евангелието по Лука и Јован и покажува извонредна совпаѓаност со подоцнежниот Ватикански кодекс.
- Честер Бити папируси (Chester Beatty Papyri) – Збирка од неколку рани папируси од 3-от век (околу 250 г. н.е.) кои содржат делови од четирите Евангелија, Делата на апостолите, Павловите посланија и Откровението.
Најстари целосни кодекси на Библијата (4-ти век)
- Codex Vaticanus (Ватикански кодекс) – Напишан на грчки јазик во раниот 4-ти век (околу 300–325 година н.е.). Се смета за еден од најстарите и најпрецизни сочувани текстови на целиот Стар и Нов Завет. Се чува во Ватиканската библиотека.
- Codex Sinaiticus (Синајски кодекс) – Датиран во средината на 4-тиот век (околу 325–360 година н.е.). Ова е најстариот целосно сочуван ракопис на Новиот Завет на грчки јазик (содржи и голем дел од Стариот Завет). Откриен е во манастирот „Св. Катерина“ на Синај, а денес неговите делови се чуваат во Британската библиотека и други установи.
3. Надворешен тест
3.1 Археолошки тест – клини ТУКА за повеќе детали
Библијата е вистинска ризница на географски, историски и етнолошки податоци. Честопати, единствена која им дала податоци на археолозите. Многубројни се археолошките докази кои дирекно или индирекно ја потврдуваат веродостојноста на Библијата. Некои од тие археолошки податоци се:
Кодексот на Хамураби – доказ за писменост и законодавство за време на Мојсеј и порано;
Глинената библиотека од Ебла – во која, меѓу другото, се содржат и географски имиња од Библијата;
Шталите за коњи на Соломон – Резиденцијата на Понтиј Пилат во Цезарија и др.
Бројот на археолошките докази непрестајно расте. За пример,во Америка постои едно археолошко списание (Biblical Archeologs Review), кое излегува секои два месеци со нови археолошки докази кои ја потврдуваат Библијата.Интересно е да се спомне дека Археолозите, до сега не откриле ни едно единствено археолошко откритие кое и противречи на Библијата. Такво откритие за жал, или можеби не, нема.
3.2 Историски тест – Точноста на Библиското пророштво
Библијата е уникат меѓу “светите книги” и по тоа што, додека во Куранот, Ведата, исказите на Буда и на Конфучие воопшто нема пророштва, речиси 30% од Библијата се пророштва. Нивните исполнувања се силен доказ за веродостојноста на она што е запишано во Библијата.
Еве само неколку примери:
Детали за Христос
800-1000 години пред Христос, во Старозаветните библиски книги (Исаија, Михеј, Псалми, Еремија, Езекил, Даниел и др.) се претскажани
стотици детали за Христос, вклучувајќи ги:
- Местото на неговото раѓање
- Раѓањето од девица
- Предавството од негов ближен *
- Распнувањето меѓу злосторници
- Погребувањето меѓу богатите
- Ќе фрлаат жрепка за Неговата облека
- Неговото воскресение *
- Времето на Неговото влегување
Пророштвата обележани со * и самиот Исус им ги соопштил на апостолите.
Кликни тука за повеќе детали и многу повеќе исполнети пророштва.
Распрснувањето на Евреите меѓу сите народи
(Книга на пророкот Еремија, глава 24:9; Ев. Лука 21:24)
-се случи многу одамна и сеуште е присутно.
Повторното враќање на Евреите во нивната земја
(Еремија 30:3 и други цитати)
-се случи во 1948г. кога Израел оформи држава, по 2 милениуми откако ја загуби државноста и земјата.
Губењето на Ерусалим и повторното заземање
(Ев. Лука 21:24; Исаија 44:26-28 и др.) , разурнувањето беше претскажано и од многу други библиски пророци, дури и од Исус:
“Кога и ти би узнал, дури барем во овој твој ден, што е за твојот мир! Но сега е сокриено од твоите очи. Зашто ќе дојдат денови за тебе, кога твоите непријатели ќе те опкружат со опкопи, ќе те опколат и ќе те притеснат од сите страни и ќе те срамнат со земјата тебе, и твоите деца во тебе; не ќе остане, во тебе, ни камен на камен, зашто не го позна времето кога беше посетен!” (Лука 19:42-44)
-разурнувањето на Ерусалим се исполни во 70 г.
-повторното заземање се исполни во 1973 г.
Паѓањето на градот Вавилон
Исаија неколку века пред да се случи напишал:
“Вавилон, украсот на царствата, годрост на Халдејците, ќе биде соборен од Бога, како Содом и Гомор, нема да се насели никогаш, во него нема да има жители од род во род” (Исаија 13:19-20 и глава 47)
Со векови подоцна откако Библијата го прорекла тоа, Моќниот Вавилон станал пуста урнатина и таков останал до денешен ден.
Паѓањето на градот Тир
Пророштво:
Многу одамна пред да се случи, Бог прорекол бурна иднина за градот Тир.
Тој рекол:
“Еве ме Тире, против тебе, ќе подигнам против тебе силни народи, …ќе ги разурнам тирските ѕидови, и ќе ги разурнат сите неговите стражарнии. ” Исто така, претскажан е дека самото место на кое овој славен град бил изграден, ќе биде расчистено до гол камен. Дури и повеќе од тоа, проречено е дека тие… “…Камењата, дрвото, твојот прав ќе ги фрлат во морето!” Но неверојатните детали на овие пророштва не завршуваат со тоа. Бог рекол за древниот Тир: “…ќе станеш сушилница за мрежи ” (Книгата на пророк Езекиел глава 26 стихови 3,4,12,14)
Историја:
Кога ги читаш историските записи, ќе се потврди дека кога Навуходоносор го уништил стариот (копнен) град Тир, тој навистина ги урнал ѕидините и стражарниците како што било проречено. А подоцна конструкторите на Александар Македонски го расчистиле древниот град Тир и го оставиле налик на гола карпа. Кога тие ги фрлиле рушевините на градот во морето за да издигнат насип до островот, тоа било точно според пророштвото: камењата, дрвата и правот биле всушност фрлени во водата. Да, до денешен ден рушевините на античкиот Тир се покриени со морските води. Бог рекол дека тоа ќе се случи и тоа се случило.
Иако денес постои добро познат град наречен Тир на Средниот Исток, тоа не е античкиот град Тир кој конечно бил уништен во 1291. Ако имаш можност да го посетиш местото на античкиот град Тир ќе видиш дури поневеројатно исполнување на овие пророштва. Таму ќе видиш мало село од неколку збиени рибарски колиби, каде ќе забележиш рибарски кајчиња како пловат по морето и рибарски мрежи кои се сушат на голите карпи!
Како можела човечката мудрост да предвиди таква несоодветна иднина за така успешен трговски град како што бил древниот Тир?
Питер Стонер споредил седум пророштва за античкиот Тир со историските записи. По пресметките на математичката веројатност за исполнувањето на пророштвата според Езекеил, тој забележал: “Ако Езекеил го погледнел Тир во свое време и ги направел овие седум пророштва со човекова мудрост, овие пресметки на веројатноста значат дека има една можност од 75 милиони за нивно целосно остварување. Сепак тие се обистиниле до најситни детали. “
Оваа веројатност се однесува само на пророштвото за древниот Тир, а како што забележавме скоро 30% од целата Библија се пророштва. Тогаш како е тоа можно, кој кажува однапред за она што ќе биде? Во Библијата читаме дека Бог преку пророкот Исаија изјавил:
“Оној Сум, Кој од почетокот го открива свршетокот и јавува однапред за она што уште не се збиднало! Јас велам: Мојата одлука ќе се исполни, ќе извршам се што Ми е по волја! ” (Исаија 46:10)
“Минатите настани ги навестив одамна, излегоа од Мојата уста и јас ги објавив; Направив брзо и се збидна…Затоа веќе тогаш ти навестив, ти јавив пред да се збидне, за да не речеш: Мојот кип го направи тоа, мојот делкан лик и одлеаниот идол заповедаа така! ” (Исаија 48:3-5)
