а) Ако го имаме, Господ ни го овозможил
“Но да Го помниш Господа, твојот Бог, зашто Он ти даде сила за да се здобиеш со богатство, за да го исполни, како денес, Својот завет, кој со клетва го беше потврдил на татковците твои.” (5. Мојсеј 8:18 )
“Од Тебе (Боже) е и богатството и славата; Ти владееш над се, во Твојата рака е и силата и цврстината, и во Твојата власт е да кренеш и да зацврстиш се.” (1. Летописи 29:12)
б) Предупредувања на опасности од богатењето
“Тогаш Исус им рече на Своите ученици: ,Навистина, на богатите ќе им биде многу тешко да влезат во небесното царство.-” (Матеј 19:23)
“Но прекумерните грижи за работи од овој земен живот и желбата да се збогатат и да имаат се и сешто ги заведуваат и ја задушуваат пораката во нив; така таа останува без плод.”
(Марко 4:19)
“Никој не може да им служи на двајца господари: или едниот ќе го сака, а другиот ќе го мрази, или пак едниот ќе го почитува, а другиот ќе го презира. Не можете да им служите и на Бога и на парите.” ( Матеј 6:24)
“Вие, пак, грижете се најнапред за Божјото царство и Неговата праведност, а се друго што ви е потребно, ќе ви биде дадено.” (Матеј 6:33)
“Кога Исус излегуваше кон патот, Му притрча еден човек, клекна на колена и Го праша: ,Добар Учителе! Што треба да правам за да се здобијам со вечен живот?- Исус му одговори: ,Зошто Ме нарекуваш ,добар-? Само Бог е добар! Ги знаеш Божјите заповеди: Не убивај, не врши прељуби, не кради, не зборувај лаги за другите, не мами, почитувај ги мајка си и татка си …- Човекот Му одговори: ,Учителе! Кон сите овие заповеди се придржувам уште од детството!- Тогаш Исус милно го погледна и му рече: ,Има уште нешто што треба да го направиш: оди, продај го сиот свој имот и раздели им ги парите на сиромасите, а ти ќе добиеш имот на небото. Потоа тргни по Мене и стани Мој следбеник.- Кога го чу ова, човекот си замина разочаран и тажен, бидејќи поседуваше голем имот. Исус погледна наоколу и им се обрати на Своите ученици: ,Колку им е тешко на богатите да влезат во Божјото царство!- Учениците се изненадија од овие зборови, но Исус продолжи: ,Чеда! Тешко се влегува во Божјото царство! Полесно камила ќе се спровре низ иглени уши, отколку богат човек да влезе во Божјото царство!- Учениците уште повеќе се збунија, па почнаа да си шепотат еден на друг: ,Тогаш, кој може да се спаси!?- Исус впечатливо ги погледна и им рече: ,За луѓето е невозможно, но за Бог нема ништо невозможно!- Петар Му рече: ,Ете, ние оставивме се и станавме Твои следбеници!- Исус му одговори: ,Ве уверувам дека секој што заради Мене и Евангелието оставил куќа, или браќа, или сестри, или мајка, или татко, или деца, или земја, ќе биде награден. Веќе на овој свет, таквиот ќе добие стопати повеќе куќи, браќа, сестри, мајки, деца, земја … иако ќе има и прогонства. А во идниот свет ќе има вечен живот. Но мнозина кои сега се први, ќе бидат последни, а мнозина кои сега се последни, ќе бидат први.-” (Марко 10:17-31)
“Со празни раце доаѓаме на овој свет и кога ќе го напуштиме ништо не можеме да понесеме со себе. Ако имаме храна и облека, треба да бидеме задоволни. Оние што сакаат да бидат богати паѓаат во сите можни искушенија и стапици. Стануваат робови на неразумни и опасни страсти што на крајот ќе ги доведат до питачки стап и целосна пропаст. Алчноста за пари е корен на сите зла. Некои луѓе се толку алчни по пари, што дури и од верата скршнаа и си нанесоа многубројни болки. Тимотеј, ти си Божји човек, затоа бегај од тие зла! Труди се да бидеш праведен, побожен, верен, да ги сакаш луѓето, да бидеш трпелив и кроток. Бори се храбро за верата и држи се цврсто за неа, за да добиеш вечен живот. Токму за тоа Бог те одбра и ти веќе пред многу луѓе даде исклучително добро сведоштво!”
(1. Тимотеј 6:7-12)
*******
Афоризми за богатството
Не е сиромав оној што има малку, туку оној што бара многу!
Богатството создава пријатели. Бедата ги проверува!
Блажен е човекот, кој лабаво се држи за богатствата на овој свет.
Најбеден човек е оној, кој, освен парите, нема ништо друго!
Ако не си благодарен кога си сиромав, дали богатството би те направило благодарен?
Луѓето фалсификуваат пари. Парите фалсификуваат луѓе!
Празната глава е поголема беда од празниот џеб!
Не троши го здравјето за да се збогатиш, оти потоа ќе го потроши богатството за да оздравиш!
Ако сакаш да бидеш богат, ДАВАЈ! Ако сакаш да бидеш бедник, ГРАБАЈ!
Човекот полесно ја поднесува сопствената беда, отколку туѓото богатство!
Во беда, Господ да им е напомош на богатите! Бедните се свикнати на неа!
Ако го загубиш богатството, ништо не си загубил; ако го загубиш здравјето, нешто си загубил; ако го загубиш карактерот, се си загубил!
Има два начина да бидеш богат. Едниот е, да имаш се што ќе посакаш. Другиот е, да бидеш задоволен со тоа што го имаш!