а) Демоните дејствуваат преку туѓи тела
“Исус пристигна во пределите на Гадара, од спротивната страна на езерото. Таму го пресретнаа двајца обземени со демонски духови, кои излегуваа откај гробните пештери; тие беа толку опасни, што никој не се осмелуваше да минува оттаму. Одеднаш, тие започнаа да викаат по Исус: ,Што бараш кај нас, Сине Божји? Зар Си дошол предвреме да не казниш?- Во близина пасеше едно големо крдо свињи, и демоните почнаа да Го молат Исуса: ,Ако не бркаш, дозволи ни да влеземе во свињите.- И Тој им дозволи, а тие, излегувајќи од обземените луѓе, влегоа во свињите. Наеднаш, целото крдо свињи јурна низ стрмнината право во езерото и се удави во водата. А свињарите, бегајќи, отидоа во градот и им раскажаа на тамошните жители за се што се случи со обземените.” (Матеј 8:28-33)
“Исус и Неговите ученици пристигнаа на спротивниот брег на Галилејското Езеро, во пределот на градот Гераса. Тукушто излезе од бротчето, откај гробиштата во пресрет му тргна еден човек обземен со демонски духови. Човекот живеел по гробниците и никој веќе не бил во состојба ни со синџири да го врзе. Честопати го врзувале со синџири и му ставале окови, но тој секојпат ги кинел синџирите и ги кршел оковите. Никој не можел да го скроти. Деноноќно престојувал на гробиштата и по ридовите, врескајќи и удирајќи се со камења.” (Марко 5:1-5)
б) Повеќекратна обземеност од демони
“…Марија, наречена Магдалена, од која Исус истера седум демони” (Ев. Лука 8:2)
“Исус го праша (човекот обземен од демони) како се вика, на што тој одговори: “Легион”, зашто во него имаше цела легија демони” (Ев. Лука 8:30)
в) Исусовите ученици биле овластени да ги истеруваат
“Исус ги повика Своите дванаесет ученици и им даде власт да истеруваат зли духови и да исцелуваат секако вид болести и заболувања.” (Матеј 10:1)
“Исцелувајте болни, враќајте во живот умрени, исчистувајте лепрозни, изгонувајте демони. Правете го тоа бесплатно, како што и вам таа моќ ви беше дадена бесплатно.” (Матеј 10:8)
“Се собраа многу луѓе и од градовите околу Ерусалим. Носеа болни и обземени од демонски духови, и сите беа исцелувани.” (Дела на апостолите 5:16)
г) Неуспешен обид за егзорцизам (истерување на демони)
“Неколку Евреи што патуваа од место во место и истеруваа демони, се обидоа над обземените од демонски духови да го употребат името на Господ Исус, велејќи: ,Во името на Исус, Оној за Кого Павле проповеда, ви наредуваме да излезете!- Тоа го правеа седумтемина синови на еврејскиот Првосвештеник Скева. Но демонскиот дух им одговори: ,Исуса Го знам, а и Павле го знам, но вас не ве знам!- Па го натера човекот во кој беше влезен да се нафрли врз нив и да ги претепа, па тие голи и испотепани избегаа од куќата.”
(Дела на апостолите 19:13-16)
д) Демонските духови се во служба на Ѓаволот (Змејот, Ѕверот)
“Тогаш изби војна на небото: Михаел и ангелите под негова команда завојуваа против Змејот и неговите ангели. Змејот беше поразен и тој и неговите ангели беа исфрлени од небото. Големиот Змеј, старата Змија, што ги мами сите жители на Земјата, познат како Ѓавол и Сатана, беше фрлен на Земјата, заедно со неговите ангели.” (Откровние 12:7-9)
“Потоа забележав како од устите на Змејот, на Ѕверот и на лажниот Пророк излегоа три зли духови, кои личеа на жаби. Тоа се демонски духови кои имаат моќ да прават чуда. Тие ќе отидат кај сите владетели по целиот свет и ќе ги соберат на заедничка војна против Семоќниот Бог. Но тоа ќе биде ден на голема Божја победа!” (Откровение 16:13-14)
“Ангелот извика со силен глас: ,Падна, падна големиот Вавилон и се претвори во живеалиште на демони, гнездо на сите нечисти духови и гнасни птици, дувло на сите гнасни животни!-” (Откровение 18:2)
“Светиот Дух јасно ни кажува дека во подоцнежните времиња некои луѓе ќе отстапат од вистинската вера. Тие ќе бидат измамени од лажливи духови и ќе се поведат по демонски учења. Нивните учители се лицемери, лажливци чија совест е докрај затапена. Ќе проповедаат дека не треба да се стапува во брак, ќе зборуваат да се јадат одредени видови храна. Храната е од Бог создадена и христијаните, оние што целосно ја знаат вистината, можат со благодарност да ја јадат. Се што е создадено од Бог е добро. Ако се јаде со благодарност, ништо не е забрането.” (1. Тимотеј 4:1-4)