ИСПОВЕДАЊЕТО

а) Пред Господ

“Смилувај ми се, Боже, според Твојата верна љубов; според Твојата сочувствителност, избриши ги моите престапи. Од сета моја вина темелно измиј ме и од мојот грев исчисти ме. Зашто, јас си ги знам своите престапи, мојот грев ми е постојано пред очи. Против Тебе, лично против Тебе згрешив, пред Твои очи злосторство извршив; затоа, со право ќе проговориш и со полно право ќе судиш…

Исчисти ме… и ќе бидам чист; измиј ме и ќе бидам побел од снег…”(Псалм 51:1-4, 7)

“Нема среќа за тој што гревовите си ги прикрива, а оној што ги исповеда и ги напушта, ќе биде помилуван” (Поговорки 28:13)

“Додека настојував да премолчам, коските ми се сушеа од секојдневните воздишки. Дење и ноќе, Твојата тешка рака ме притискаше, како на летна жега, снагата ми премалуваше.

Тогаш, гревот мој пред Тебе го признав и својата вина повеќе не ја криев. Реков: ‘Ќе го признаам пред Господа својот престап’ – и ти ми ја прости вината за гревот” (Псалм 32 (31):3-5)

б) Еден пред друг

“Признавајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг, за да бидете исцелени.” (Јаков 5:16)

“Ако некој христијанин ти згреши, појди кај него и укажи му ја грешката насамо. Ако те послуша – повторно си го придобил како свој ближен…” (Ев. Матеј 18:15)