а) Алчноста е корен на сите зла
“Алчноста за пари е корен на сите зла. Некои луѓе се толку алчни по пари, што дури и од верата скршнаа и си нанесоа многубројни болки” (1. Тимотеј 6:10)
“Од каде произлегуваат судирите и кавгите меѓу вас? Зарем не произлегуваат од вашите необуздани страсти што постојано војуваат во вашите тела? Го посакувате тоа што го немате и ќе направите се за да го добиете. Подготвени сте дури и да убиете! Ќе пукнете од завист. Се карате, се расправате и пак не добивате, бидејќи не го барате од Бог. А и кога барате – не добивате, бидејќи барате со грешни мотиви, за да ги задоволите вашите необуздани страсти.” (Јаков 4:1-3)
“Алчниот човек си го упропастува сопственото семејство” (Поговорки 15:27)
“Кој е љубител на пари – не се наситува на пари; и кој е љубител на раскошот – не му достасува имотот!”
(Проповедник 5:10)
б) Да бидеме задоволни и внимателни
“Да, верата е навистина големо богатство, бидејќи те учи да бидеш задоволен со тоа што го имаш. Со празни раце доаѓаме на овој свет и кога ќе го напуштиме ништо не можеме да понесеме со себе. Ако имаме храна и облека, треба да бидеме задоволни. Оние што сакаат да бидат богати паѓаат во сите можни искушенија и стапици. Стануваат робови на неразумни и опасни страсти што на крајот ќе ги доведат до питачки стап и целосна пропаст.” (1. Тимотеј 6:6-9)
“Внимавајте и пазете се од секаков вид лакомство, зашто ни на оној што е многу богат, животот не му е сигурен само затоа што е богат!” (Исус, во Ев. Лука 12:15)