(Види исто така и под: “Разводот”, како и под “Интимните односи”)
а) Бракот е воспоставен од Господ Бог
“И рече Господ Бог: не е добро за човекот да биде сам; да му создадеме помошничка, слична на него… и Господ Бог создаде жена… и ја доведе кај човекот…” (1. Мојсеј (Битие) 1:18, 22)
“Подобро е да се двајца, отолку еден сам, зашто ќе имаат взаемна полза еден од друг; ако едниот падне, другиот ќе го подигне” (Проповедник 4:9-10)
б) Бракот е одвојување и присоединување
“Затоа ќе го остави човекот таткото свој и мајката своја и ќе се прилепи кон жената своја; и обата ќе бидат едно тело.” (1. Мојсеј 2:24)
в) Бракот е света институција
“Бракот треба да се почитува од сите. Мажот и жената да ја чуваат својата интимност без неверства, зашто на блудниците и прељубниците ќе им суди Бог!”(Евреите 13:4)