“,Не гневете се во толкава мера та да грешите! Гневот нека ви помине уште истиот ден!” (Ефес 4:26)
“Познато ви е дека во Мојсеевиот Закон на вашите предци им било заповедано: ,Не убивај! Кој ќе изврши убиство, ќе му биде судено!- Јас, пак, ви велам: ,Секој што истура гнев против својот ближен, заслужува осуда! Знаете дека секој што ќе навреди ближен, бива изведен пред вашиот Врховен суд, а доколку го проколнуваш својот ближен, можеш да завршиш и во огнениот пекол!-” (Матеј 5:21-22)
“Сега треба да престанете со гнев, омраза и злоба. Престанете да навредувате и да се служите со непристојни зборови.” (Колос 3:8)
“Драги мои пријатели: повеќе слушајте, а помалку зборувајте и воздржувајте се од гневење. Гневот не води кон правичност каква што Бог очекува од нас.” ( Јаков 1:19-20)
“Неопходно е оние што се надзорници во црквата, како Божји управители, да немаат пороци, да не бидат самовљубени и избувливи, да не бидат пијаници, зајадливи, ниту да бидат алчни по нечесна заработка.” (Тит 1:7)