ЖЕНАТА

“И Господ Бог создаде жена од реброто, што го зеде од човекот, и ја доведе кај човекот. А човекот рече: ,Еве сега коска од моите коски, и плот од мојата плот. Нека и биде името жена, зашто е земена од мажот!-” (1. Мојсеј 2:22-23)

“Бескруполозниот човек само имот стекнува, а благородната жена со почит се здобива.” (Поговорки 11:16)

“Со добра жена, мажот се гордее; лошата жена е рак во коските!.” (Поговорки 12:4)

“Мудра жена куќа гради; неразумна жена куќа руши.” (Поговорки 14:1)

“Кој ќе си најде добродетелна жена- таа и од дијаманти е поскапоцена!”(Поговорки 31:10)

“Шармот залажува, убавината минува, а жената која во Господ верува – заслужува пофалба!” (Поговорки 31:30)

“Од жените барам да изгледаат скромно. Да се облекуваат едноставно и пристојно. Да не привлекуваат внимание со дотерување на косата, скапи облеки или накит од злато и бисери. Жените што тврдат дека веруваат во Бог треба да привлекуваат внимание со добри дела.” (1. Тимотеј 2:9-10)

“А на жената и рече: ,Ќе ти ги умножам и преумножам маките кога си бремена; со болки ќе раѓаш деца, и ќе бидеш под власта на мажот свој, и тој ќе ти биде господар!-” (1. Мојсеј 3:16)

“Но има нешто што сакам да го знаете: Секој маж има свој поглавар, а тоа е Христос, и секоја жена има свој поглавар, а тоа е нејзиниот маж. И Христос има свој поглавар, а тоа е Бог.” (1. Коринт 11:3)

“Жените не треба да говорат на богослужбите. Тие треба да молчат и да слушаат, како што наложува Мојсеевиот Закон.” (1. Коринт 14:34)

“Но се плашам вашите умови да не бидат заведени и да не отстапите од вашата целосна и чиста посветеност на Христос. Се плашам да не бидете измамени онака како што змијата со итрина ја измами Ева.” (2. Коринт 11:3)

“Жените треба да ги слушаат своите сопрузи, онака како што Го слушаат Господ.” (Ефес 5:22)

“Треба да бидат тивки и покорно да примаат поуки.”

(1. Тимотеј 2:11)

“Вие, мажените жени, треба да им се покорувате на своите сопрузи, дури и ако тие не се однесуваат во согласност со Божјото Слово. Вашето поведение зборува посилно од зборови.” (1. Петар 3:1)

“Така во минатото се украсуваа светите жени. Имајќи вера во Бог, тие им се покоруваа на своите сопрузи.” (1. Петар 3:5)