а) Штетна е по здравјето
“Мирот во срцето е живот за телото, а зависта е рак во коските.” (Поговорки 14:30)
б) Не треба да ја има кај христијаните
“Не јадосувај се поради пакосниците и не завидувај им на престапниците.” (Псалм 37:1)
“Не допуштај срцето да ти стане завидливо кон грешниците, туку, подгревај си ја секојдневно страхопочитта кон Господа.” (Поговорки 23:17)
“Да имаш љубов, значи: да имаш голема стрпливост и да бидеш љубезен. Да не си завидлив, да не се фалиш, да не се вообразуваш.” (1. Коринт 13:4)
“Не смееме да бидеме самобендисани, да се провоцираме еден со друг или да си завидуваме.” (Галатите 5:26)
в) Зависта меѓу луѓето
“Потоа го видов и тоа, дека, секој труд и успех што човекот ги постигнува, предизвикуваат завист кај луѓето. И тоа е суета…” (Проповедник 4:4)
г) Верска завист
“Пилат знаеше дека свештеничките поглавари му го предадоа Исуса од завист” (Ев. Марко 15:10)
“Кога еврејските челници видоа колку многу народ се насобра, се исполнија со завист, па почнаа да го навредуваат (Христовиот апостол) Павле и да му се противат на се што ќе речеше” (Дела на апостолите 13:45)