а) Христос не поддржува заколнувања
“Познато ви е и тоа, дека во Мојсеевиот Закон на вашите предци им било заповедано вака: ‘Не кршете ги своите заклетви; исполнувајте го тоа што сте го ветиле пред Господа!’ Јас, пак, ви велам: ,Не заколнувајте се воопшто: ни во небото, зашто тоа е Божји престол; ни во Земјата, зашто таа е подножје на Неговите нозе; ни во Ерусалим, зашто тој град е на великиот Цар; ни во својата сопствена глава, зашто не можете да создадете ни едно црно или бело влакно; кажете само “Да” или “Не”; а секакво заколнување покрај ова е поттикнато од Злиот” (Исус, во Матеј 5:33-37)
б) Апостолите не поддржувале заколнувања
“…немојте да се колнете, ни во небото ни во Земјата, ниту во што било друго. Доволно е да кажете само “Да” или “Не”, за да не паднете под осуда” (Јаков 5:12)
в) Господ има право да се заколнува
“Со Својот живот се заколна Господ… Тој со својата сила ја создаде Земјата, со Својата мудрост ја утврди вселената и со Својот разум ги оптегна небесата…”(Еремија 51:14-15)
г) Ангелите можат да се заколнуваат
“Тогаш ангелот… ја крена својата десна рака кон небото и се заколна во името на Вечно-Живиот, Творецот на небото, на Земјата, на морето и на секое живо суштетсво во нив, велејќи: ‘Одлагање повеќе ќе нема! Штом ќе затруби седмиот ангел, ќе се исполнат Божјите тајни планови, како што Тој им навестуваше на Своите слуги – пророците!” (Откровение 10:5-7)