ИНТИМНИТЕ (СЕКСУАЛНИТЕ) ОДНОСИ

а) Во бракот

“Но, поради опасност од блудства, секој маж треба да има своја жена и секоја жена свој маж. Мажот нека ги исполнува брачните должности спрема својата сопруга, а исто така и жената спрема својот сопруг. Телото на жената не е само нејзино, туку му припаѓа и на нејзиниот сопруг. Исто така и телото на мажот не е само негово, туку и на неговата сопруга. Затоа, не лишувајте се еден од друг, освен, по исклучок, ако така заедно се договорите, и тоа нека биде само за извесно време и со цел да се посветите на молитва. Потоа вратете се на нормалниот интимен живот, за да не ве наведе на искушение Сатаната, користејќи ја вашата невоздржливост. Ова ви го кажувам како нешто што е дозволено, а не како заповед.” (1. Коринт 7:2-6)

б) Пред бракот ( блуд)

“Бегајте од блудот! Секој друг грев што човек може да го направи е надвор од неговото тело, но со блудот греши против сопственото тело.”(1. Коринт 6:18)

“Бог сака вие да бидете свети – да се чувате од блуд.” (1. Солун 4:3)

в) Надвор од бракот (прељуба)

“Не врши прељуба!” (2. Мојсеј 20:14)

“Секој што се разведува од својата жена – освен ако таа извршила прељуба – ја наведува на прељуба; и секој што стапува во брак со разведена жена – извршува прељуба.” (Матеј 5:32)

“Ако некој изврши прељуба со мажена жена или со жената на ближниот свој – да бидат убиени и прељубодеецот и прељубодејката.” (3. Мојсеј 20:10)

“Познато ви е дека во Мојсеевиот Закон е заповедано: ,Не врши прељуба! Јас, пак, ви велам: ,секој што ќе погледне туѓа жена и во мислите ќе ја посака – во своето срце тој веќе извршил прељуба со неа!” (Матеј 5:27-28)

“Затоа ви велам дека секој човек што ќе се разведе од својата жена, освен по основа на брачно неверство, извршува прељуба доколку се ожени со друга; и тој што ќе се ожени со распуштеница, исто така, врши прељуба.” (Матеј 19:9)

“Кога таа би заживела со друг маж, додека нејзиниот сопруг е се уште жив, таа би била сметана за прељубница. Но ако сопругот и умре, таа е ослободена од законската обрска, и ако се омажи за друг човек, нема да биде сметана за прељубница.” (Римјаните 7:3)

“Зар не знаете дека неправедниците нема да бидат меѓу наследниците на Божјото царство? Немојте да се залажувате! Ни блудниците, ни идолопоклониците, ни прељубниците, ни полово изопачените, ни хомосексуалците, ни крадците, ни алчните, ни пијаниците, ни клеветниците, ни измамниците нема да бидат меѓу наследниците на Божјото царство!” (1. Коринт 6:9-10)

г) Хомосексуални

“Затоа Бог ги препушти да ги води похотата на нивните срца, да се опогануваат, еден со друг да си ги обечестуваат телата…

… Поради тоа Бог ги препушти на нивните срамни страсти. Дури и нивните жени веќе не водат љубов на природен начин, туку прават против-природни работи. Истото го прават и мажите. Напуштајќи го природниот однос со жените, ги распалуваат страстите еден спрема друг, мажи со мажи прават срамни нешта и врз себе добиваат заслужена казна за својата расипаност.” (Римјаните 1:24, 26-27)