“Зборовите на Христос, во сето нивно богатство, нека го исполнуваат вашиот живот. Користете ја сета мудрост што ја имате за да се поучувате и советувате еден со друг. Пејте Му на Бог псалми, химни и духовни песни, пејте Му со благодарност и од се срце.” (Колос 3:16)
“Во моето видение понатаму чув песни од многубројни ангели собрани околу престолот, околу четирите суштества и околу старешините. Бројот на ангелите беше многу милиони и тие пееја громогласно, во хор.” (Откровение 5:11-12)
“Понатаму, во моето видение Го видов Јагнето како стои на гората Сион. Со Него стоеја 144. 000 луѓе кои на своите чела го носеа напишано Неговото име и името на Неговиот небесен Татко. Тогаш од небото чув громогласен звук како од силен водопад. Звукот прилегаше на музика од голем број свирачи на харфи. Таму, пред Божјиот престол, пред четирите живи суштества и пред старешините, стоеја 144. 000 души откупени од Земјата и пееја една нова песна што ја знаеја само тие.” (Откровение 14:1-3)
“Потоа видов некои луѓе со харфи во рацете како стојат на нешто што прилегаше на стаклено море измешано со оган. Тоа беа оние што го победија Ѕверот и неговата икона, како и бројот што го претставува неговото име. Тие ја пееја песната што ја пеел Божјиот слуга Мојсеј, и песната на Јагнето, со следниве зборови: ,Величествени и прекрасни се Твоите дела, Господе, Семоќен Боже! Праведни и правилни се Твоите постапки, Царе над народите! Како да не Те почитуваме, Господе, како да не го славиме Твоето име!? Само Ти Си свет, сите народи ќе дојдат Тебе да ти се поклонат, зашто се покажа дека Твоите постапки се праведни!-” (Откровение15:2-4)
“Околу полноќ, Павле и Сила се молеа и со песна Го славеа Бога, а затворениците ги слушаа.” (Дела на апостолите 16:25)