ОБИЧАИТЕ (ТРАДИЦИИТЕ, ПРЕДАНИЈАТА)

“Не дозволувајте никој да ве заведува со бесмислено филозофирање и со празни лаги, кои произлегуваат од чисто човечки обичаи, од овоземните принципи, а не од Христос.” (Колос 2:8)

“Тоа се само уредби и учења наметнати од луѓе, а се однесуваат на распадливи нешта, на работи што ги употребуваме.” (Колос 2:22)

“Се залажуваат дека Ме почитуваат, а всушност ги шират своите човечки обичаи, како да се Мои заповеди!” (Матеј 15:9)

“Вие ги оставивте Божјите заповеди, а ги чувате човечките преданија!” (Марко 7:8)

“И рече Господ: ,Овој народ се приближува кон Мене со устата својата, и со јазикот свој Ме почитува, а срцето негово му останува делеку од Мене, и почитувањето нивно пред Мене е само научено човечко правило.” (Исаија 29:13)

“Да не се раководат од еврејските митови и од заповедите воспоставени од луѓе кои ја изопачуваат вистината.” (Тит 1:14)

“Вие знаете каква цена беше платена за да бидете откупени од безвредниот начин на живеење што го имавте наследено од вашите татковци. Знаете дека не бевте откупени со сребреници и златници, кои се потрошни нешта.” (1. Петaр 1:18)

“А Исус им одговори: ,А зошто вие, со вашите обичаи, ги кршите Божјите заповеди!?-” (Матеј 15:3)

“И со тоа се ослободува од обврската да ги издржува своите родители! На тој начин, со своите преданија вие ја укинавте Божјата заповед!” (Матеј 15:6)