ПЕКОЛОТ (АДОТ, СВЕТОТ НА МРТВИТЕ, ОГНЕНОТО ЕЗЕРО)

(на хебрејски: шеол; на грчки: гехена; хадес)

“Кога почина сиромавиот, ангелите го одведоа на небото, каде што е Авраам. Почина и богатиот и беше погребан. Тој заврши во адот, во страшни маки, откаде што во далечините го забележа Авраама, а до него и Лазара.” (Лука 16: 22-23)

“Јас Сум Живиот! Бев мртов, но сега Сум вечно жив и ги имам клучевите од смртта и од Адот.” (Исус, во Откровение 1:18)

“Потоа го видов големиот бел престол и Оној што седи на него. Земјата и небото бегаа од Неговото присуство, но не најдоа место каде би се скриле од Него. Ги видов и починатите луѓе, мали и големи – сите до еден стоеја пред Божјиот престол. Прво беа отворени некои книги, а потоа и Книгата на животот. На починатите им беше судено според она што за нивните дела го пишуваше во книгите. Морето ги предаде луѓето загинати во него, а и Смртта и Адот ги предадоа умрените луѓе што тие ги држеа. На сите луѓе им беше судено според нивните дела. А потоа, Смртта и Адот беа фрлени во Огненото Езеро. Огненото Езеро е втората смрт. Секој човек чие име не се најде запишано во Книгата на животот беше фрлен во Огненото Езеро.” (Откровение 20:11-15)

*******

Афоризми за Пеколот

Влезот во пеколот е слободен, но излезот е строго забранет!

Секој човек, што го порекнува постоењето на пеколот, го прави тоа од лични причини!

Има начин да не влезеш во пеколот, но нема начин да излезеш оттаму!

Јован 3:16 испраќа илјадници во небото; Откровение 3:16 испраќа милиони во пеколот!

Моралноста може да те спаси од затвор, но само Бог може да те спаси од пеколот!

Пеколот е вистина, но доцна се дознава!