РАЗВОДОТ (на бракот)

“Ако си во брак, не барај развод” (1. Коринт 7:27)

“На оние што се во брак им заповедам да не се разведуваат. Тоа не е заповед од мене туку од Господ. Жената нека не се разведува од својот сопруг. Ако сепак се разведе, да не стапува во нов брак, или нека му се врати на својот маж. Истото важи и за мажите: да не се резведуваат од своите сопруги.” (1. Коринт 7:10-11)

“,Никој на смее да ги раздружува оние што Бог ги здружил во брак.- Кога се вратија во куќата, учениците повторно Го прашаа Исуса за тоа. Тој им рече: ,Тој што се разведува од својата жена и се оженува со друга, извршува прељуба против првата. Така и жената што ќе се разведе од својот маж и ќе се омажи за друг, извршува прељуба.-” (Марко 10:9-12)

“Јас, пак, ви велам: ,Секој што се разведува од својата жена – освен ако таа извршила прељуба – ја наведува на прељуба; и секој што стапува во брак со разведена жена – извршува прељуба.-” (Матеј 5:32)

“Некои од фарисеите Му пријдоа на Исус и, сакајќи да Му постават замка, го прашаа: ,Дали е во согласност со верскиот Закон мажот да има право да се разведе од својата жена за каква и да е причина?- Исус им одговори : ,Зар не сте читале во Светото Писмо дека на почетокот Творецот создаде маж и жена, и дека тогаш Тој рече: ,При стапување во брак, човекот ќе се одвои од својот татко и од својата мајка и ќе се присоедини кон својата жена и двајцата ќе станат едно тело?- Според тоа, тие не се повеќе двајца, туку еден. Никој не смее да ги раздружува оние што Бог ги здружил во брак!-

На ова, тие Го прашаа: ,Тогаш, зошто Мојсеј издаде уредба според која мажот може да ја отпушти својата жена, ако и даде потврда за развод?- А Исус им одговори: ,Мојсеј ви дозволи да се разведувате од вашите жени бидејќи вие сте луѓе со закоравени срца. Но, на почетокот не беше така. Затоа ви велам дека секој човек што ќе се разведе од својата жена, освен по основа на брачно неверство, извршува прељуба доколку се ожени со друга; и тој што ќе се ожени со распуштеница, исто така, врши прељуба.-” (Матеј 19:3-9)

“Драги христијани! Овие зборови им ги упатувам на поборниците на Мојсеевиот Закон. Не знаете ли дека кој и да е закон има моќ над луѓето само додека се живи? На пример, омажената жена е со закон врзана за својот сопруг, додека е тој жив. Ако тој умре, таа е ослободена од законската обрска. Кога таа би заживела со друг маж, додека нејзиниот сопруг е се уште жив, таа би била сметана за прељубница. Но ако сопругот и умре, таа е ослободена од законската обврска, и ако се омажи за друг човек, нема да биде сметана за прељубница.” (Римјаните 7:1-3)