а) Ветен од Господ
“… колку повеќе вашиот небесен Татко ќе им Го даде Светиот Дух на оние што Го молат!” (Лука 11:13)
“Така ветувањето што Бог му го даде на Авраам сега може преку Исус Христос да се исполни за сите народи да добијат благослов. Тоа ветување е дека ќе го примат Светиот Дух, врз основа на верата во Христос” (Галатите 3:14)
б) Учесник при создавањето на светот
“Во почетокот Бог ги создаде небото и Земјата. Земјата беше пуста и празна; темнината се простираше над бездната и Божјиот Дух се движеше над водите”(1. Мојсеј (Битие) 1:1-2)
в) Откриен на Духовден (Пентакост)
“Кога дојде празникот Духовден, сите христијани се собраа на едно место. Тогаш ненадејно од небото се чу бучава како од силен виор. Бучавата ја исполни целата куќа каде што беа собрани. Се појавија одвоени јазици, како од оган, и се спуштија врз секој од нив. Сите се исполнија со Светиот Дух и почнаа да зборуваат на различни јазици, како што им даваше способност Светиот Дух.” (Дела на апостолите 1:1-4)
г) При зачнувањето на Исус
“А еве како се случи раѓањето на Исус, Месијата: Неговата мајка Марија беше свршена за Јосиф; но уште додека таа беше девица, преку Светиот Дух во нејзината утроба се зачна дете… сето ова се случи за да се исполни она што Господ го беше кажал преку пророкот Исаија: Ете, девица ќе зачне и ќе роди Син; и ќе Го наречат Имануел, што во превод значи ‘Бог е со нас'” (Матеј 1:18, 22-23)
д) При крштавањето на Исус
“Еден ден, по крштавањето на сиот народ, се крсти и Исус. И додека Тој се молеше, се отвори небото, и Светиот Дух слезе во телесен облик, како гулаб. Се чу и глас од небото, кој рече: ‘Ти Си Мојот Син – Мојот Љубимец, со Кого наполно Сум задоволен!” (Лука 3:21-22)
ѓ) При откривањето на пророштвата
“Пред се треба да знаете дека ниту едно пророштво во Светото Писмо не е ничија самоволна објава, бидејќи тие пророштва никогаш не биле дадени по желба на некој човек, туку Светиот Дух ги поттикнувал и водел Божјите луѓе да го зборуваат она што им било наложено од Бог” (2. Петар 1:20-21)
е) Светиот Дух како “Параклетос” = Придружник, Помошник, Учител, Утешител, Бранител
“Небесниот Татко… ќе ви Го испрати Светиот Дух да ви биде Помошник. Тој ќе ве научи на се и ќе ве потсети на се што Јас ви кажував… Кога ќе дојде Духот на вистината, Тој ќе ве води во целосната вистина” (Јован 14:26; 16:13)
“Во меѓувреме, со нас е Светиот Дух за да не придружува и да ни помага во нашите слабости. Ние не знаеме дури ни за што да се молиме. Но Светиот Дух се застапува за нас со неискажливи воздишки” (Рим 8:26)
ж) Задачата на Светиот Дух меѓу световните луѓе
“…Светиот Дух… ќе му ја објави на светот вистината за гревот, за Божјата правда и за Судот” (Јован 16:8)
з) Улогата на Светиот Дух при духовниот препород
“…ако човек не се роди од вода и Дух, не може да влезе во Божјото царство! Телото може да роди само тело, додека Светиот Дух раѓа нов, духовен живот, од небото.” (Јован 3:5-6)
“Со силата на Светиот Дух не изми, не прероди и направи од нас нови суштества.” (Тит 3:5)
“Со помош на Господовиот Дух доживуваме преобразба и стануваме се послични на нашиот славен Господ”
(2. Коринт 3:18)
ѕ) Ги исполнува и ги води христијаните
“Дозволете му на Светиот Дух да ве исполни и да ве води” (Ефес 5:18)
и) Им подарува духовни дарби на Христовите следбеници (Црквата)
“Постојат разни духовни дарби, но сите нив ги дава истиот Дух… преку секој од нас, Светиот Дух дејствува за општа полза на сите” (1. Коринт 12:4, 7)
“…дарови од Светиот Дух кои ги распределува според Својата волја” (Евреите 2:4)
ј) Создава благородни родови кај побожните
“…ако ве раководи Светиот Дух, Тој ќе ги произведе во вас следниве плодови: љубов, радост, мир,
трпеливост, љубезност, добрина,
верност, кроткост и самоконтрола.”
(Галатите 5:22-23)
к) Можеме да Го ожалостиме или блокираме
“Не ожалостувајте Го Светиот Дух со своите постапки. Тој е вашиот гарант дека сте спасени и ве чува за денот на откупувањето” (Ефес 4:30)
“Немојте да го задушувате дејствувањето на Светиот Дух” (1. Солун 5:19)