а) Божји дар преку откупното дело на Христос
“Зашто сите згрешија и никој не успеа да ги достигне Божјите возвишени стандарди. Но поради Својата милостива благонаклоност, Бог не прогласува за праведни. Оправданието ни е подарено преку откупот што за нашите гревови го плати Исус Христос.” (Римјаните 3:23-24)
“Бог, кога поверувавте, ве спаси поради Својата милостива благонаклоност спрема вас. Спасението не е по ваша заслуга, тоа е Божји дар.” (Ефес 2:8)
“Зашто Бог толку ги засака луѓето од овој свет, што Го даде Својот Единороден Син, за да не загине ниту еден што верува во Него, туку да има вечен живот.” (Ев. Јован 3:16)
а) Само преку вера во Христос
“Под целиот небесен свод има само едно име на кое луѓето можат да се повикаат за да се спасат, а тоа е Исус Христос!” (Дела на апостолите 4:12)
“Ако со својата уста Го признаваш Исус за Господ, и ако во своето срце веруваш дека Бог Го воскресна од мртвите, ќе бидеш спасен.” (Римјаните 10:9)
“Господа, што треба да сторам за да се спасам?”… – “Поверувај во Господ Исус и ќе бидете спасени ти и твоите домашни!” (Дела на апостолите 16:30-31)
“Секој што ќе го повика името Господово, ќе биде спасен.” (Дела на апостолите 2:21)
б) Потребни се: вера, покајание и крштавање
“Секој што ќе поверува и ќе се крсти – ќе биде спасен. А секој што ќе одбие да поверува, ќе биде осуден” (Ев. Марко 16:16)
“Луѓе, браќа, што да правиме?” (Апостол) Петар им одговори: “Секој од вас треба да се покае за своите гревови и да се крсти во името на Исус Христос, за да ви бидат простени гревовите” (Дела на апостолите 2:37-38)