“Маж или жена, ако извикува духови на мртви, да бидат убиени; со камења да ги убиете, виновни се.” (Заповед од Господ, во 3. Мојсеј 20:27)
“Кога ќе влезеш во земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава, да не свикнеш да правиш гнасотии, какви што вршеле тие народи; да не се најде пред тебе човек што го тера синот свој или ќерката своја преку оган, заради очистување, или да претскажува, да гата, или како маѓепсник, чародеец, ни гледач на утробата, ниту, пак, што гледа по знаци, ни таков што повикува мртви; зашто, секој, што го прави тоа, е гнасен пред Господа, и токму поради тие гнасотии Господ, твојот Бог, ги изгонува од пред тебе. Биди непорочен пред Господа, твојот Бог; зашто тие народи, што ти ги наследуваш, ги слушаат гатачите и претскажувачите, а тоа Господ, твојот Бог, не ти го дал. Господ, твојот Бог, ќе ти издигне пророк од браќата твои, како мене, – Него слушајте Го!” (5. Мојсеј 18:9-15)
“Вражачи да не оставате живи.” (2. Мојсеј 22:18)
(Подолг напис за комуницирање со духовите на починатите има во 1. Книга на Самоил (или 1. Царства), 28 и 29 глава).