СТРАВОТ

“Стравот од луѓето е стапица, но тој што верува во Господ – во неа не се фаќа!”(Поговорки 29:25)

“Јас Сум вашиот Утешител! Кој си ти за да се боиш од смртен човек!?” (Исаија 51:12)

“… не плашете се од луѓето… не плашете се од оние што можат да го убијат само телото, а не можат да ја убијат душата; плашете се единствено од Бог, Кој има моќ да ги уништи и душата и телото во пеколот!” (Ев. Матеј 10:26, 28)

“Немојте да се плашите од вашите непријатели. Бидете секогаш храбри. Со тоа ќе им покажете дека тие ќе изгубат, а вие ќе бидете спасени, зашто Бог е на ваша страна” (Филипи 1:28)

“Јас не страхувам, зашто Господ е со мене; што може да ми направи човекот? Господ е со мене, Тој ми е помошник: ќе ги победам моите душмани!” (Псалм 118 (117):6-7)