ТРПЕЛИВОСТА

“Морате да научите се да издржите, за да станете зрели, целосни и ништо да не ви недостасува.” (Јаков 1:4)

“Имајте трпение, драги пријатели, додека чекате да се врати Господ. Погледнете како земјоделецот трпеливо чека скапоцениот плод на земјата да узрее за жетва, како трпеливо го чека пролетниот и есенскиот дожд.” (Јаков 5:7)

“”Од друга страна, ако ве раководи Светиот Дух, Тој ќе ги произведе во вас следниве плодови: љубов, радост, мир, трпеливост, љубезност, добрина, верност, кроткост и самоконтрола. Не постои закон што е против вакви нешта” (Галатите 5:22,23)

“Она што сега ви треба е трпение, за да продолжите да ја извршувате Божјата волја. Така ќе го добиете сето она што ви беше ветено.” (Евреите 10:36)

*******

Афоризми за трпеливоста

Трпението е чекање без секирање!

Би било прекрасно, кога луѓето кои често го губат своето трпение, никогаш повеќе не би го нашле!

Трпеливоста е горчлива, но плодот е сладок!

Човекот кој го губи трпението, сигурно губи!

Боже, дај ми трпеливост, но те молам, веднаш!

Избувливите гинат. Трпеливите преживуваат!