(Во изворниот старогрчки јазик: еклезиа = собрание, собир на повиканите)
а) Воспоставена од Бог
“Затоа јас ти велам: ,Ти си Петар- (што значи ,карпа’), и врз оваа карпа Јас ќе ја изградам Мојата Црква, така што ни адските порти не ќе можат да го запрат нејзиниот пробив!” (Матеј 16:18)
“И вие сте изградени врз темелите што ги поставија апостолите и пророците, а Христос е ваш потпорен камен.” (Ефес 2:20)
“Од Павле, Силван и Тимотеј до членовите на црквата во Солун, до оние што Му припаѓаат на Бог Таткото и на Господ Исус Христос. Бог нека ви биде благонаклонет и нека ви даде мир.” (1. Солун 1:1)
“… ако се забавам, да знаеш како треба да се однесува секој што му припаѓа на Божјото семејство, а тоа е Црквата на Живиот Бог, столбот и темелот на вистината.” (1. Тимотеј 3:15)
б) Христос е глава на Црквата
“Зашто мажот е глава на својата сопруга, онака како што Христос
е глава на Црквата. Тој е Спасител на Црквата, која е Негово тело.” (Ефес 5:23)
“Христос е глава на Црквата, која е Негово тело. Тој е Почетокот, прв што воскресна од мртвите.” (Колос 1:18)
“Бог се стави под власт на Христос и Го постави за Господар над се, во полза на Црквата.” (Ефес 1:22)
в) Црквата е наречена “Тело Христово”
“Така е и со Црквата – телото Христово. Сите ние сме органи на ,Христовото тело, и имаме потреба еден од друг.” (Римјаните 12:5)
“Сите заедно, вие сте Христово тело, а секој поединец е посебен орган во тоа тело.” (Коринт 12:27)
“Црквата е Христовото тело, таа е исполнета со Христос, Кој со своето присуство исполнува се и насекаде.” (Ефес 1:23)
“Тие треба да ги обучат Божјите луѓе за извршување на Неговото дело – изградба на Црквата, духовното Христово тело.” (Ефес 4:12)
“Страдам, но се радувам, затоа што знам дека вие од тоа ќе имате корист. Мило ми е што со моето телесно страдање и јас придонесувам кон страдањата на Исус за Црквата, која е Негово тело.” (Колос 1:24)
“Тие веќе не се поврзани со Христос, Кој е глава на телото. Тој му дава сила на телото, и преку неговите жили и лигаменти го држи цврсто обединето. Тоа духовно тело може да расте само ако се храни од Бог.” (Колос 2:19)
г) Црквата е Божја фамилија
“А на сите што Го прифатија – на оние што поверуваа во Него – им даде право да станат Божји чеда.” (Ев. Јован 1:12)
“Ќе ви бидам Татко, а вие ќе бидете Мои синови и ќерки, – вели Семоќниот Господ.” (2. Коринт 6:18)
“Сега и Исус, и оние што ги освети, имаат еден ист небесен Татко. Затоа Исус не се срами да ги нарече браќа.” (Евреите 2:11)
“Благословени се миротворците, зашто тие ќе бидат прогласени за Божји деца!”(Матеј 5:9)
“Тие ќе бидат како ангели и ќе бидат бесмртни. Ќе бидат Божји чеда, бидејќи се чеда на воскресението.” (Лука 20:36)
“Самиот Божји Дух, заедно со нашиот дух, не уверува дека ние навистина сме Божји деца.” (Римјаните 8:16)
д) Служители во Црквата
“Христос наредил некои луѓе да бидат апостоли, други да бидат пророци; некои да бидат евангелизатори, а други духовни пастири и учители. Тие треба да ги обучат Божјите луѓе за извршување на Неговото дело – изградба на Црквата, духовното Христово тело, се додека сите заедно не постигнеме единство во верата и во познавањето на Божјиот Син, со што ќе станеме целосно зрели според возвишените стандарди што ги постави Христос.” (Ефес 4:11-13)
1) Ѓакони (службеници)
“Затоа, браќа, одберете меѓу себе седуммина чесни мажи, со добар углед, исполнети со Светиот Дух и со мудрост, на кои ќе им го предадеме ова задолжение.” (Дела на апостолите 6:3)
“Од Павле и Тимотеј, службеници на Исус Христос.” (Филипи 1:1)
“Истото важи и за ѓаконите во црквата. Тие мора да бидат сериозни и чесни луѓе, да не лажат, да не се опиваат и да не бидат алчни за пари.” (1. Тимотеј 3:8)
2) Старешин, водачи (презвитери)
“Така и направија, испраќајќи ја помошта до тамошните старешини, преку Барнаба и Савле.” (Дела на апостолите 11:30)
“Павле и Барнаба не се согласија со ова, па дојде до голема расправија. Затоа се договорија, Павле, Барнаба и неколкумина од нив да појдат кај апостолите и старешините во Ерусалим и да се посоветуваат во врска со ова прашање.”
(Дела на апостолите 15:2)
“Старешините на црквата што добро си ја вршат работата заслужуваат да добиваат двојно поголема плата, посебно ако проповедаат и поучуваат.” (1. Тимотеј 5:17)
“Те оставив во Крит за да го довршиш она што остана недовршено: по сите градови да назначиш водачи во црквите. Како што ти наредив.” (Тит 1:5)
“Ако некој од вас е болен, нека ги викне старешините на црквата да дојдат и да се молат за него. Нека ги замоли да го помазаат со маслиново масло во името на Господ.” (Јаков 5:14)
3) Епископи (водачи, надзорници)
“Точно е дека кога некој сака да биде водач (на грчки: епископ) на црква, посакува многу возвишена работа.”
(1. Тимотеј 3:1)
“Неопходно е оние што се надзорници (епископи) во црквата, како Божји управители, да немаат пороци, да не бидат самовљубени и избувливи, да не бидат пијаници, зајадливи, ниту да бидат алчни по нечесна заработка.” (Тит 1:7)
*******
Афоризми за црквата
Црквата е нива за работници, а не гнездо за кукавици!
Ако не одиш в црква затоа што во неа има многу лицемери, имаш право: уште еден таков не и треба на црквата!
Не се гради црква од камења за сопнување!
Добриот проповедник ќе создаде солидна црква; солидната црква ќе создаде добар проповедник.
Некои луѓе стапнуваат в црква само трипати: кога ќе се родат, кога ќе се женат/мажат и кога ќе умрат!
Луѓето не одат в црква не затоа што живеат далеку од црквата, туку затоа што живеат далеку од Господ!
Бог ја става Црквата во светот. Ѓаволот го става светот во Црквата.
Црквата е работилница, а не гостилница!
Некои луѓе доаѓаат в црква само за да видат кој (не) доаѓа!
Двете најголеми слабости на црквата сме јас и ти!
Црквата е болница за грешници, а не музеј за светци.
Црквата не е фрижидер во кој ќе ја чуваш својата побожност да не скисне!
Црквата не е конференција каде семејствата испраќаат само по еден делегат!
Натпис на влезот во една црква: “Не си толку лош, за да не влезеш, ниту си толку добар, за да останеш надвор!“