а) Создаден од Бог, според Божјиот образец (подобие)
“Потоа рече Бог: ,Да создадеме човек според Нашиот образ и подобие како што сме Ние, кој ќе биде господар над рибите морски, и над птиците небески, и над ѕверовите – над целата земја и над сите гадинки што се движат по земјата!- И го создаде Бог човекот според образот Свој, според образот Божји го создаде; машко и женско ги создаде.” (1. Мојсеј 1:26-27)
“Зашто првиот човек не беше создаден од жена, туку жената беше создадена од маж.” (1. Коринт 11:8)
б) Материјален дел (тело), дух и душа
“А го создаде Господ Бог човекот од прав земен и му дувна во лицето дух животен; и човекот стана жива душа.” (1. Мојсеј 2:7)
“Самиот Бог, Кој е извор на мир, нека ве направи целосно свети и нека го зачува чисто целото ваше битие: духот, душата и телото, се до повторното доаѓање на нашиот Господ Исус Христос” (1. Солун 5:23)
“Но има дух во човекот, и духот на Седржителот го вразумува.” (Книга за Јов 32:8)
“И да ти се врати телото во правта од којашто е земено, а духот при Бога, од Којшто потекнува.” (Проповедник 12:7)
“Како што телото без дух е мртво, така и верата без соодветни дела е мртва.”(Јаков 2:26)
“Човековата совест е Господова светилка и длабочините на душата му ги пребарува.” (Поговорки 20:27)
“Затоа ние не се обесхрабруваме. Иако нашите тела постепено пропаѓаат, духот во нас секојдневно се обновува.” (2. Коринт 4:16)
в) Создаден со одговорности
“Господ Бог го зеде човекот и го постави во Еденската Градина, за да ја обработува и да ја чува” (1. Мојсеј (Битие) 2:15)
г) Создаден со морални способности
“Господ Бог му заповеда на човекот, велејќи: ‘Јади слободно од секое дрво во градината, но да не јадеш од дрвото за познавање на доброто и злото! Во денот кога ќе јадеш од него, навистина ќе умреш!'” (1. Мојсеј (Битие) 2:16-17)
“Кога неевреите, кои го немаат Божјиот Закон во пишана форма, инстиктивно се придржуваат кон заповедите што произлегуваат од него, тоа покажува дека длабоко во себе тие умеат да го разликуваат доброто од злото. Тоа е доказ дека она што Божјиот Закон го бара е запишано во нивните срца. За нив мерило за поведението е нивната совест, која им кажува кога некоја нивна постапка е за осуда, а кога е оправдана” (Рим 2:14-16)
д) Човекот има голема вредност
“А каква ќе му биде ползата на човекот, ако и сиот свет го добие, а својата душа ја изгуби? Има ли нешто повредно од твојата душа?” (Матеј 16:26)
“Откупени сте со скапа откупнина! Затоа, користете ги вашите тела со нужната почит спрема Бог.” (1. Коринт 6:20)
ѓ) Човекот Адам и Човекот Христос
“Како што смртта дојде на овој свет преку еден човек, Адам, така преку еден човек дојде и воскресението на мртвите, имено, преку Христос.” (1. Коринт 15:21)
“Првиот човек, Адам, беше создаден од земја, направен од земен прав. Вториот човек, Христос, потекнува од небото.” (1. Коринт 15:47)
“Со Својата смрт Христос му стави крај на целиот еврејски систем од заповеди и правила. Преку Себе Христос создава нов човек, и од Евреин и од неевреин, изградувајќи така мир.” (Ефес 2:15)