а) Изворот на љубовта
“Оној што не ги сака луѓето докажува дека не Го познава Бога, бидејќи Бог е љубов.” (1. Јован 4:8)
“Од друга страна, ако ве раководи Светиот Дух, Тој ќе ги произведе во вас следниве плодови: љубов, радост, мир, трпеливост, љубезност, добрина, верност, кроткост и самоконтрола. Не постои закон што е против вакви нешта”(Галатите 5:22, 23)
б) Карактеристиките на љубовта
“Да имаш љубов, значи: да имаш голема стрпливост и да бидеш љубезен. Да не си завидлив, да не се фалиш, да не се вообразуваш. Да не бидеш груб, да не бидеш себичен, да не бидеш избувлив, да не памтиш зло. Да не се радуваш на ниедна неправда, а да се радуваш на вистината. Секогаш да имаш разбирање за другите, секогаш да веруваш, секогаш да се надеваш и се да поднесуваш. Љубовта е вечна, а пророкувањата ќе престанат, зборувањето на непознати јазици ќе молкне, сегашното знаење ќе се надмине.” (1. Коринт 13:4-8)
“Има три работи што ќе опстојат: верата, надежда и љубовта; а од сите нив најголема е љубовта.” (1. Коринт 13:13)
в) Божјата љубов
“Зашто Бог толку ги засака луѓето од овој свет, што Го даде Својот Единороден Син, за да не загине ниту еден што верува во Него, туку да има вечен живот.”(Ев. Јован 3:16)
“Оддалеку ми се јави Господ и ми рече: со вечна љубов те засакав и затоа пристапив кон тебе со милост.” (Еремија 31:3)
“Темел на нашата надеж ни е Божјата љубов што веќе е влеана во нашите срца, со посредство на Светиот Дух.” (Римјаните 5:5)
“Но Бог ни покажа колку многу не сака кога Го испрати Христос да умре за нас уште додека бевме грешници.”(Римјаните 5:8)
г) Меѓучовечка љубов
“А втората заповед е слична на првата, и гласи: ,Сакај го својот ближен како самиот себе!-” (Матеј 22:39)
“Ако се сакате еден со друг, луѓето ќе знаат дека сте Мои ученици.” (Ев. Јован 13:35)
“Сакајте ги луѓето искрено, а не лицемерно. Мразете се што е зло и решително правете добро.” (Римјаните 12:9)
д) Љубовта спрема Бог
“Сакај Го Господа, твојот Бог, од се срце, со сета душа твоја и со сите сили твои!” (5. Мојсеј 6:5)
“Ако имате љубов спрема Мене, ќе го правите она што ви го заповедам.” (Исус, во Ев. Јован 14:15)
*******
Афоризми за љубовта
Љубовта владее без меч и врзува без јаже!
Наградата за љубовта е љубовта.
За љубов се потребни двајца, но и за кавга, исто така.
Христовиот крст, ја откри кулминацијата на човековиот грев, но и на Божјата љубов.
Верата е довод во нашата душа, а љубовта е одвод.
Љубовта и со малку, ќе постигне многу; себичноста и со многу, ќе постигне малку!
За да засакаш човек, треба да го запознаеш; за да го запознаеш Бога, треба да Го засакаш!
Две нешта не можат да се скријат: кашлицата и љубовта.
Љуби го својот непријател – тоа ќе го дотолчи!
Величината на еден човек се огледува во длабочината на неговите убедувања, височината на неговите амбиции, широчината на неговата љубезност и досегот на неговата ЉУБОВ!
Зракот на љубовта ги уништува бактериите на омразата.
Љубовта сама по себе е награда; омразата сама по себе е казна!
Љубовта им е најпотребна на оние кои не ја заслужуваат.
До срцето на твојот ближен можеш да дојдеш само со срце!
Грешките се дебели, кога љубовта е слаба!
Љубовта не се искажува со стиснати тупаници!
Единствено мајката и Бог можат да ја поделат својата љубов кон своите деца, и пак секое да ја добие целата!
Љубовта не прашува “колку морам” туку “колку можам” да сторам.
Можеш да подаруваш без да љубиш, но не можеш да љубиш без да подаруваш!
Христијанската љубов дава и заборава – поднесува и простува.