Различните преводи на Библијата

ОКОЛУ РАЗЛИЧНИТЕ ПРЕВОДИ НА БИБЛИЈАТА

biblija_malo

Изворните ракописи и преписи на Стариот завет се на хебрејски и арамејски јазик, а оние на Новиот завет на старо­грчки. Тоа не соочува со потребата Библијата да биде преведена на разбирлив јазик за да биде достапна до широките маси. Се разбира, кај Библијата се јавува и специфичната потреба да се запази разбирливоста и точноста до посебно високо ниво, заради нејзинита вредност како духовен учебник. За жал, ниту еден превод не е соврешен, и заради тоа најдобро е директно да се читаат Библиските книги на оригиналните јазици, или барем да се врши споредба на повеќе различни преводи, како што ви овозможува нашиот сајт SvetoPismo.mk.

1. ТИПОВИ  НА  ПРЕВОД

Постојат различни видови на превод, од кои секој има свои предности и недостатоци:

Буквален превод. Се преведува секој збор на најбуквален можен начин. Предноста на овој пристап е во тоа што ги задржува изворните изрази, мери, итн. Недостаток е тоа што многу зборови, изрази и мери во хебрејскиот или грчкиот јазик можат да бидат неразбирливи, нејасни па и заведувачки за читателот на преводот.  Подоле ќе посочиме примери и споредби.

Превод со динамичка еквиваленција (динамичен превод; функционален превод). Се преведува мислата, така што на читателот на преводот му се пренесува истото значење што таа мисла го имала за слушателот или читателот во изворниот јазик (хебрејски, арамејски или грчки), со еквивалентни зборови, изрази и мери за денешниот читател. Предноста на овој вид превод е јаснотијата, разбирливоста на текстот. Недостаток е што секогаш не се користат истите зборови, броеви и мери како во изворниот текст.

Парафразиран превод. При овој вид превод, текстот се пренесува скратено, преку раскажување, а не со преведување на секој збор или мисла. Сепак, се задржуваат редоследот и главните информации. Овој превод е погоден за деца, младинци, па и за возрасни, со цел читателот да се здобие со основно познавање од библиските книги, за релативно кусо време.

 

2. ТИПОВИ (ИЗДАНИЈА) НА ПЕЧАТЕНИ БИБЛИИ

Класичен тип (издание). Ги содржи само текстовите од составните книги на Библијата. На македонски јазик, таков тип се:

  • СВЕТО ПИСМО (Библија) во издание на Обединетите библиски друштва (United Bible Societies), 1990 г, ревидирано 2006 г.. Издадено во два различни облика со и без 11-те девтероканонски книги во Стариот завет.
  • БИБЛИЈА (Свето Писмо), превод на д-р Душан Константинов, издание на Еуролибер, 1999 г., а спонзорирана од фондацијата Лукас од Холандија (Loukas Foundation, The Netherlands). Ова издание не ги содржи девтероканонските книги.

 

Студиски тип (издание). Покрај основниот библиски текст, содржи и дополнителни белешки или коментари; воведи пред секоја библиска книга; толкувања или појаснувања на изрази и стихови; написи за поважни теми; азбучен индекс (конкорданција); библиски речник, и друго.

На македонски јазик до овој момент нема студиски изданија на Библијата. Динамичниот превод на Новиот завет во издание на ХБЦ „Радосна Вест” од Скопје е скромен обид за издание со помошни објаснувања, написи, карти, азбучен индекс и друго.

             На светските јазици (англиски, француски, германски и др.) постојат и многу други типови (изданија) на Библии, како на пример: Интерлинеари(комбиниран текст од хебрејски или грчки и превод на англиски или на друг јазик); Паралелни Библии (кои содржат два или повеќе преводи на ист јазик, издадени во една книга), или преводи на неколку јазици во една книга.
Се разбира, сe почесто сега се издаваат и Електронски Библии(класични и студиски, интерлинеари и паралелни) кои на персонален компјутер можат да се пребаруваат по зборови, теми, слики и друго.

3. БИБЛИИ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

DSC088651) СВЕТО ПИСМО (Библија) во издание на Обединетите библиски друштва (United Bible Societies), 1990 г. Ова издание ги содржи и 11-те девтероканонски книги во Стариот завет.
Во 2007 г., излезе ревидираното издание на овој превод и тоа издание со и издание без девтероканонските книги. Овој превод се дистрибуира преку Библиското здружение во Република Македонија.

2) БИБЛИЈА (Свето Писмо), превод на д-р Душан Константинов, издание на Еуролибер, 1999 г., а спонзорирана од фондацијата Лукас од Холандија (Lucas Foundation, The Netherlands). Ова издание не ги содржи девтероканонските книги. 
Во меѓувреме, овој превод го печати и дистрибуира Библиската лига во Македонија.

DSC088713) БИБЛИЈА ЗА МЛАДИ. Издание на Библиското здружение на Македонија во соработка со Обединетите Библиски Здруженија, 2001 г. Ова издание е парафразиран превод. Во него главните случки од Библијата се само прераскажани и илустрирани со слики, како основна информации за почетници.

.

 

DSC088964) МОЈАТА ПРВА БИБЛИЈА во слики. Издание на Библиското здружение на Македонија и Интернатионал Библе Социетѕ. Ова е парафразиран, скратен облик на Библијата, со слики, прилагоден за деца до 10-11 години.

 

 

Посебни изданија на Новиот завет

1) НОВ ЗАВЕТ. Издание на Библиското здружние во РМ и Обединетите библиски друштва. Ги има во повеќе формати, издавани од 1965 г. наваму. Буквален превод. Го има и на аудио касети.

2) Новиот Завет, џепно издание во превод на Душко Константинов, Скопје, 1997 г.  Буквален превод.

novzavet3) ХРИСТИЈАНСКИТЕ СВЕТИ КНИГИ ‡ НОВИОТ ЗАВЕТ,заедничко издание на ХБЦ „Радосна Вест” од Скопје и Меѓународното библиско здружение (International Bible Society), 1999 г. Динамичен превод, со написи, фусноти, азбучник, мапи и друго.

 

4) НОВИОТ ЗАВЕТ, џепно издание на Меѓународното здружение „Гидеони”, 2001 г. Динамичен превод (истиот како под број 3), но без написи, мапи, фусноти и азбучник, како што има изданието под бр. 3). Го има во два формати: 17 х 11 см и 13 х 9 см. Бесплатен е.

ДРУГИ ДЕЛОВИ ОД БИБЛИЈАТА

DSC088281. ПСАЛМИ (Библиски песни и молитви). Џепно издание. Убав и мелодичен превод (ХБЦ „Радосна вест” – Скопје).

.

 .

 

DSC088252. БИБЛИСКИ МУДРОСТИ. Книгите „Проповедник” и „Поговорки” во убав, течен превод. Џепно издание. (Издавач: ХБЦ „Радосна вест” – Скопје).
Во меѓувреме, можно е да се појават и други преводи и изданија, кои можете да ги додадете во белешките.

 

5. Како да го одберам најдобриот превод?

             Најкусиот одговор на ова прашање гласи: „Ако сакаш добро да ја разбереш Библијата, читај ја од повеќе преводи!” Особен придонес кон овој вид на читање дава нашата веб страница SvetoPismo.mk која ви овозможува паралелно да следите повеќе различни преводи на македонски, бугарски, српски, албански, англиски, старогрчки и латински.

Имај предвид дека:

  1. Совршен превод на Библијата не постои;
  2. Секој превод има свои предности и недостатоци;
  3. Читањето од повеќе преводи го потпомага разбирањето.

Значи, сериозен христијанин ќе си користи повеќе преводи и текстот што во даден момент му е од интерес ќе го прочита од повеќе преводи.

6. ПРЕВОДИТЕ ДОСТАПНИ НА SVETOPISMO.MK

На SvetoPismo.mk достапни се повеќе македонски преводи. Во овој момент достапни се преводите на македонски јазик од д-р Душан Константинов (1999) како и преводот на Д-р Иван Грозданов на Новиот завет (современ, динамичен превод). Освен овие преводи на македонски достапни за јавноста се и Библиските текстови на други јазици.

Од современите регионални и интернационални јазици, достапни се Библиски преводи на српски, бугарски, руски, англиски и албански јазик.