Библиски пророштва

П Р Е Г Л Е Д 
Што велеа луѓето пред тој да се роди? 

Многу одамна пред Исус да се роди Библијата ги претскажа неговиот живот и смрт.


Стариот Завет (делот од Бибијата напишан пред Исусовото раѓање) беше завршен во 450г пред Христос, стотици години пред да се роди Исус. Голем број на  пророштва беа направени во зачудувачки детали од повеќе луѓе низ овие книги.  Фактички, исполнетото прорштво е едно од чудесните знаци на Библијата, кое го оправдува нејзиното тврдење дека е вдаховениот Божји Збор.

На пример, Стариот Завет означува дека Исус ќе биде предаден од некој кому му верувал, “А и мојот пријател, во кого имав доверба, кој јадеше мој леб, ја крена петицата против мене.” (Псалми 41:9). Новиот Завет, каде е запишан животот на Исус и неговото воскресение, открива дека еден од 12 луѓе кои Исус ги одбра да бидат дел од неговиот внатрешен круг ќе го предаде, “И Јуда Искариотски, еден од Дванаесетмината, отиде при првосвештениците, за да им Го предаде” (Марко 14:10)

Повеќе од 300 Месијански пророштва како ова беа запишани во Стариот Завет и потоа исполнети преку Исусовиот живот, смрт и воскресение. Шансите една личност да исполни цели 8 од овие пророштва се 1 од 100,000,000,000,000,000. А пак една личност да исполни 48 од овие пророштва, бројот станува огромен, шансите се 1 од 10 на 157ми степен ( единица со 157 нули после неа ). Сега доколку додадеме на овие уште 250 други пророштва, станува невозможно за било која личност освен Исус, да било кога ја исполни таа детална секвенца на времиња и случки. (За повеќе и поопширни дискусии за Месијанските пророштва исполнети од Исус,  контактирај со нас.)

ПРОРОШТВО ИСПОЛНУВАЊЕ
 Потомството на Авраам
Битие 18:18 “Од Авраам ќе стане голем и броен народ и во него ќе бидат благословени сите народи на земјата.” Дела 3:25 “Вие сте синови на пророците и на Заветот, што Бог го склучи со вашите татковци, кога му рече на Авраама:’Во твоето Семе ќе бидат благословени сите племиња на земјата.”
Потомството на Исак
Битие 17:19 “А Бог рече:’Сепак твојата жена Сара ќе ти роди син, дај му име Исак. Својот Завет ќе го склучам со него; вечен Завет со него и со неговото потомство после него.’” Матеј 1:2 “На Авраама му се роди Исак, на Исака му се роди Јаков, на Јакова му се родија Јуда и неговите браќа.”
Потомството на Јаков
Броеви 24:17 “Го гледам, но не сега; Го набљудувам, но не од близина; Ѕвезда излегува од Јакова, Жезал се издига од Израел.” Лука 3:34 “Син на Јаков, на Исак, на Авраам, на Тарин, на Нахор…”
Ќе потекнува од родот на Јуда
Битие 49:10 “Нема да се оддалечат од Јуда; ни царското жезло, ниту владетелската палка од кај неговите нозе, додека не дојде Оној, кому му припаѓа, Кому ќе Му се покорат народите.” Лука 3:33 “Син на Аминадад, на Арам, на Есром, на Фарес, на Јуда… “
Ќе го наследи престолот на Давид
Исаија 9:7 “Неговата власт ќе се шири надалеку и не ќе има крај на мирот над Давидовиот престол, над неговото царство” Лука 1:32 “Он ќе биде голем и ќе се нарече Син на Севишниот; и ќе Му го даде Господ Бог престолот на неговиот татко Давид”
Тој ќе биде Божјиот Син
Исаија 9:6 “Зашто, ни се роди дете, Син ни се даде, власта му е на рамото.” Псалм 2:7 “Ја објавувам Господовата одлука: Тој ми рече: Ти си Мој Син, Јас те родив денес.’” Матеј 17:5 “Додека уште зборуваше тој, ете, го засени светол облак, и ете, глас од облакот велеше: “Ова е Мојот возљубен Син, во Кого ми е милината; слушајте Го Него!”
Патот ќе Му биде подготвен
Исаија 40:3-5 “Глас вика: “Пригответе Му на Господа пат низ пустината. Израмнете ја патеката на нашиот Бог во степата. Нека се издигне секоја долина, нека се спушти секоја гора и бреже. што е нерамно, нека се израмни, стрмнините нека станат рамни. Тогаш ќе се открие Славата Господова, и секое тело ќе ја види, зашто Господовата уста зборуваше.” Матеј 3:1-3 “Во тие дни дојде Јован Крстител и проповедаше во пустината Јудејска, велејќи: “Покајте се, зашто се приближи царството небесно!” Зашто тој е оној, за кого пророкот Исаија рече: “Гласот на оној, кој вика во пустината: Пригответе го патот за Господа, направете ги прави Неговите патеки!”
Местото на раѓање ќе биде Витлеем
Михеј 5:2 “А ти Витлеему Ефратов, најмалиот меѓу Јудините кнезови, од тебе ќе ми излезе Оној Кој ќе владее со Израел; Неговото потекло е од дамнини, од вечните времиња.” Матеј 2:1 “А кога Исус се роди во Витлеем Јудејски, во дните на цар Ирод…”
Ќе биде роден од девица
Исаија 7:14 “Затоа, Господ Сам ќе ви даде знак: Еве девица ќе зачне и ќе роди син и ќе му даде име Емануел (Бог со нас)” Матеј 1:18 “А раѓањето на Исуса Христа стана вака: кога Неговата мајка Марија беќе свршена за Јосифа, пред да се состанат, се најде забременета од Светиот Дух.”
Новороденчињата ќе бидат убиени
Еремија 31:15 “Господ зборува вака:’Чуј! Во Рама се слуша ридање и горчлив плач: Рахела ги оплачува своите синови и не сака да се утеши за децата зашто нив веќе ги нема.’” Матеј 2:16 “Тогаш Ирод, кога виде дека мудреците го измамија, се разгневи многу, па испрати да бидат погубени, во Витлеем и во целата негова околина, сите машки деца од две години и помали, според времето што го дозна точно од мудреците.”
Ќе побегне во Египет како дете
Хосеах 11:1 “Додека Израел беше дете, Јас го љубев, од Египет Го повикав Својот Син.” Матеј 2:14 “И тој стана, Го зеде Детето и Неговата мајка, ноќе, и отиде во Египет.”
Ќе служи во Галилеја и низ реката Јордан
Исаија 9:1-2 “Во прво време Тој ја понижи Завулоновата Земја и Нефталимовата земја, но во последно време Тој ќе го прослави патот покрај морето од онаа страна на Јордан – незнабожечката Галилеја. Народ кој одеше во темнина, виде голема светлина; оние што живееа во мрачна земја, ги осветли силна светлина.” Матеј 4:12-16 “А кога чу дека Јован е предаден, се повлече во Галилеја. И откако го напушти Назарет, дојде и се насели во Капернаум, крај морето, во пределите Завулонови и Нефталимови, за да се исполни она што го рече пророкот Исаија…”
Ќе биде одбиен од Еврејскиот народ
Исаија 53:3 “Беше презрен, отфрлен од луѓето, човек на болката, свикнат на страдањата, од Кого секој го отстранува лицето, беше презрен и за ништо Го сметавме.” Јован 1:11 “Дојде при Своите, но Своите не Го примија.”
Карактер на мудрост и разум
Исаија 11:2 “Господовиот Дух ќе почив на Него, дух на мудроста и на разум, дух на совет и на сила, дух на знаење и на страв Божји.” Луке 2:52 “А Исус напредуваше во мудрост, во растењето и во благодатта пред Бога и пред луѓето.”
Тој ќе влезе триумфиално во Ерусалим, седејќи на осле
Захараија 9:9 “Ликувај од радост Сионска ќерко! Воскликнувај, Ерусалимска Ќерко! Еве твојот Цар иде при тебе; справедлив е и спасува, кроток и седнал на осле, на ослица, младенче на ослицата.” Јован 12:13-14 “Зедоа палмини гранки и Му излегоа во пресрет, викајќи: ‘Осана! Благословен Кој доаѓа во Господовото Име, Израелевиот Цар!’ А Исус најде осле и седна на него, како што е напишано…”
Времето на Неговото влегување предскажано до точниот ден
Даниел 9:25-26 “Знај и разбери го ова: Од мигот кога ќе излезе словото: “Нека се вратат и нека го изградат пак Ерусалим”, па до Владетелот Помазаник (Исус на арамејски значи Помазаник) ќе бидат седум седмици и шеесет и две седмици, и ќе се врати народот и одново ќе се градат улици и зидови, но во тешки времиња. И по шеесет и двете седмици, Помазаникот ќе биде отсечен, но не за себе.   …И ќе склучи сојуз со мнозина за една седмица, а во половината на седмицата ќе престане жртвата и приносот. Да забележиме дека во ова пророштво, “седмиците” се однесуваат на седум години (Пророците, често велеле “еден ден” за “една година” и “една седмица” за период од седум години). Наредбата да се обнови и да се изгради Ерусалим била издадена во “дваесеттата година од царувањето на Артаксеркса”, царот на Персија, т.е. во март 455год. п.н.е. (Неемија 2:1-9). До завршувањето на 49 години (седум годишни седмици), голем дел од славата на Ерусалим била обновена. А потоа, сметајќи цели 483 години ( 7+62 годишни седмици) од 455год. п.н.е. доаѓаме до 29год. н.е. ( нултата година не се смета по тогашниот календар), годината кога Исус бил крстен од Јован Крстител. Тогаш Исус јавно бил идентификуван како Божји Син и тогаш ја започнал својата служба на проповедање.
Пророштвото додава: “а во половината на седмицата, ќе престане жртвата и приносот.” Согласно на ова, Исус, по 3.5 години проповедање, го дал својот живот како последната жртва за човештвото и со тоа се означил крајот на Мозаитскиот закон, со неговите жртви и подароци за принос (Галатјаните 3:13,24,25). Значи, со својата смрт, Исус ги укинал жртвата и приносот.
Предаден од близок пријател
Псалми 41:9 “А и мојот пријател, во кого имав доверба, кој јадеше мој леб, ја крена петицата против мене.” Марк 14:10 “И Јуда Искариотски, еден од Дванаесетмината, отиде при првосвештениците, за да им Го предаде”
Тој ќе биде продаден за триесет сребреници
Захарија 11:12 “Тогаш им реков: ‘Ако ви е добро тоа, дајте ми плата; ако не е, не ми давајте.’ Тие ми ја одмерија платата триесет сребреници.” Матеј 26:15 “Тој праша: ‘што ќе ми дадете, за да ви Го предадам?’ А тие му предложија триесет сребреници.”
Парите се вратени и искористени за купување на грнчарска нива
Захарија 11:13 “А Господ ми рече: ‘Фрли ја во ризницата таа убава цена со која Ме оценија!’ Јас ги зедов триесетте сребреници и ги фрлив во ризницата на Господовиот Дом.” Матеј 27:6-7 “А првосвештениците ги зедоа сребрениците и рекоа: ‘Не чини да се остават во храмската благајна, зашто се цена за крв.’ Туку, откако се посоветуваа, ја купија со нив Грнчаревата Нива за гробишта за странци.”
Молчеше кога Го обвинуваа на Неговото судење
Исаија 53:7 “Го измачуваа, а Тој оставаше и не ја отвори Својата уста. Го одведоа како јагне на колење; како овца нема, кај оние што ја стрижат, не ј аотвори Својата уста.” Матеј 26:62-63 “Тогаш
првосвештеникот стана и Му рече: ‘Ништо ли не одговараш? Што сведочат овие против Тебе?’ А Исус молчеше. Првосвештеникот му рече: ‘Те заколнувам во Живиот Бог да ни кажеш дали си ти Христос, Божјиот Син?”
Тој ќе страда за другите
Исаија 53:4-5 “А Тој ги понесе нашите болести, ги зеде врз Себе нашите болки, додека ние сметавме дека Бог Го бие и Го понижува. За нашите престапи беше прободен, сотрен, за нашите беззаконија. Казната за нашиот мир падна врз Него, преку Неговите рани ние се исцеливме.” Матеј 8:16-17 “А кога настапи вечер, Му доведоа многу опфатени од демони. Тој со збори ги истера духовите и ги исцели сите болни. За да се исполни кажаното преку пророкот Исаија, кој вели: ‘Тој ги зеде нашите слабости и ги понесе нашите болести.’”
Ќе биде распнат меѓу злосторници
Исаија 53:12 “Затоа ќе Му дадам мноштво во наследство и со силните ќе го дели пленот, зашто Сам се понуди на смрт и беше вброен меѓу злосторниците, за да ги понесе гревовите на мнозина на Себе и за да се заземе за злочинците.” Матеј 27:38 “Тогаш
распнаа со Него двајца разбојници, едниот оддесно, а другиот одлево.”
Неговите раце и нозе ќе бидат прободени
Псалми 22:16 “Кучиња ме опколија, лукав народ ме опкружи. Ги прободија моите раце и моите нозе.” Јован 20:27 “Потоа му рече на Тома: ‘Испружи го твојот прст ваму и види ги Моите раце; и испружи ја твојата рака и стави ја во Моите ребра; и не биди неверен, туку верен”
Ќе биде исмејуван и навредуван од луѓето.
Псалми 22:6-8 “А Јас сум црв, а не човек, срам за луѓето и презрен од народот. Сите што ме гледаат, ми се потсмеваат, ги растегаат усните, мавтаат со главата и велат: ‘Тој се надева на Господа, нека Го избави, нека Го спаси, ако милува!’” Матеј 27:39-40 “А минувачите Го хулеа, вртејќи ги главите и велејќи: ‘Ти, што го разурнуваш Храмот и што за три дни го соѕидуваш, спаси се Себеси, ако си Божји Син, слези од крстот!’”
Ќе Му дадат жолчка и киселина да пие
Псалм 69:21 “Во јадењето ми замешаа жолчка, во мојата жед ме напоија со киселина.” Јован 19:29 “Таму имаше сад, полн со оцет; тогаш закачија на трска сунѓер наквасен во оцетот и Му поднесоа до Неговата уста.”
Ќе биде прободен со копје
Захарија 12:10 “А врз Давидовиот дом и врз Ерусалим ќе излеам милостив и молитвен дух. И ќе гледаат на Оној Кого го прободија; ќе тажат над Него како над единец; ќе го оплакуваат горко како првенец” Јован 19:33-34 “и кога дојдоа до Исуса и видоа дека е веќе мртов, не Му ги скршија нозете, туку еден од војниците го прободе со копје меѓу ребрата, и веднаш потече крв и вода.”
Војниците ќе фрлаат жрепка за Неговата облека
Псалм 22:18 “Ги поделија моите облеки меѓу себе, и жрепка фрлаа за мојата облека.” Марко 15:24 “Потоа Го распнаа и ги разделија Неговите облеки, фрлајќи жрепка за нив кој што ќе земе.”
Неговата коска нема да се скрши
Псалм 34: 20 “Тој ги чува сите негови коски, ниту една од нив нема да му се скрши.” Јован 19:33 “и кога дојдоа до Исуса и видоа дека е веќе мртов, не Му ги скршија нозете”
Ќе биде погребан меѓу богатите
Исаиах 53:9 “Му го одредиа погребението меѓу злочинците, а Неговиот гроб беше при богатите, иако не направи неправда, ниту пак устата Му изусти лага.” Матеј 27:57-60 “А кога се стемни, дојде богат човек од Ариматеја, по име Јосиф, кој и самиот беше Исусов ученик; тој отиде при Пилата и го побара Исусовото тело. Тогаш Пилат нареди да му биде дадено. И Јосиф го зеде телото, го завитка во чисто платно и го положи во својот нов гроб, што беше го издлабил во карпа.”
Тој ќе воскресне по смртта
Псалм 16:10 “Зашто нема да ја оставиш мојата душа во Подземјето, ниту ќе дозволиш твојот светец да види гниење.” Матеј 28:9 “И ете, Исус ги пресретна и рече: “Здраво!” А тие се приближија при Него, Му се фатија до Неговите нозе и Му се поклонија.”
Ќе биде вознесен на Небото
Псалм 68:18 “Издигајќи се на височина, водејќи ги заробениците, Ти доби дарови меѓу луѓето, а и меѓу бунтовниците – за да се настаниш таму Господе Боже!” Лука 24:50-51 “И ги изведе до Витанија; ги подигна Своите раце и ги благослови. И додека ги благословуваше, се оддели од нив и се вознесе на Небо.”