"Испитајте ја земјата и таа ќе ве научи"
Книга за Јов 12:8
"Барајте во Книгата Господова (Библијата) и читајте..."
Книга на пророкот Исаија 34:16
Библијата, меѓу другото, е вистинска ризница на географски, етнолошки и историски податоци. Еден од начините да се провери нејзината веродостојност е согласноста меѓу тие информации со фактите утврдени со научните
истражувања во овие области. Делот од науката (или историјата) кој што се занимава ископувања и проучувања на разновидните материјали од човековата историја (градби, споменици, алати, монети и други предмети)
се нарекува археологија.
Самиот збор, всушност, значи “наука за старините, за старите предмети” Голем број археолошки истражувања се вршени на териториите на Израел и Палестина, Египет, Сирија и Ирак, бидејќи таму се одигрувале многу случки
значајни за човековата цивилизација. Библијата има посредна и непосредна врска со археолошките изучувања на овие, а и на други територии (Турција, Грција, Италија, итн.). Од една страна, многу археолози се раководеле од Библиските податоци за местоположбата на определени градови, градби, и слично, а од друга страна, голем број од археолошките откритија ја потврдуваат веродостојноста на Библиските записи.
Секако, Библијата не е археолошки атлас, ниту учебник по историја, географија или етнологија. Нејзината основна намена е да му ја пренесе на човекот Божјата порака. Начинот на којшто Бог решил да го стори тоа преку луѓе. А тие живееле во определено време, народ и простор. Оттаму, во Библиските написи се провлекуваат илјадници имиња на луѓе, места и народи со бројни патемни податоци за времето и начинот на којшто тие живееле. Ако арехолошките истражувања ги потврдуваат Библиските податоци, тоа секако е придонес кон потврдувањето на веродостојноста на Библијата.
До овој момент, толкав е бројот на археолшките пронајдоци кои што на свој начин ја потврдуваат веродостојнаста на Библијата, што би можело да состави цела Библиска Археолошка Енциклопедија. Колку што нам ни е познато, на нашите поблиски простори постои само една книга која што поопширно и документирано опишува поголем број вакви археолошки пронајдоци. Тоа е книгата “Библија је у праву” од Вернер Келер.
На заинтересираните им ја препорачуваме за проширување на сознанијата од оваа област. За намените на текстов, ние само бегло ќе споменеме некои археолошки податоци во врска со Библијата, кои допреле и до
нашата јавност. Веруваме дека и тие ќе бидат доволни за еден општ увид во тој предмет.
- Глинените плочи од Ебла – До не толку одамна, меѓу безбожниците се тврдеше дека тоа не е можно Мојсеј да бил писател на првите пет книги од Библијата. Имено, тие сметале дека Мојсеј живеел околу 1500 години пред Христа (п.н.е), а науката, според нив, не познавала писменост на луѓето порано од околу 1300 години пред Христа. По којзнае кој пат, Библијата беше нападната како ненаучна и неточна.
Во 1964 година, д-р Паоло Матие и д-р Џовани Петинато, обајцата од Римскиот Универзитет, започнале со ископување во околината на Алепо, Сирија. По 10-годишна упорна работа, пронајдено е вистинското археолошко богатство: архива од 15 000 глинени плочи.
Ова архолошко откритие беше вистинска сензација.
Весникот “Нова Македонија” од 22. 01. 1979 г., објави напис во врска со тоа под наслов: “Глинена архива открила непознато царство”. Пренесуваме само еден цитат од тој натпис:
“Глинените плочи од Ебла расветлиле многу непознати или недостатно познати настани од историјата. Од нив се појавуваат повеќе од 500 географски имиња, меѓу кои и имињата на градовите за кои се верувало дека се основани многу подоцна: Бејрут, Вавилон, Дамаск и Газа, како и библиските легендарни градови Содом и Гомора“. Според истиот натпис, овие глинени плочи потекнуваат од 23 век пред Христа. Какво е значењето на оваа библиотека од Ебла за веродостојноста на Библијата?
Ебла (Сирија) | Една од глинените плочи (Кликни на сликата за целосна големина) |
Како прво, овие откритија покажаа дека постоела многу уредна писменост уште 1000 години пред Мојсеј! На овие плочи од Ебла има голем број разновидни записи за трговски договори, хроника и географски имиња. Само на една плоча се појавуваат 260 географски имиња!
Второ, меѓу имињата на градовите се наоѓаат и петте градови во Сидимска долина: Содом, Гомора, Адма, Севоим и Вела. Библијата ги цитира овие градови и нивните цареви (1 Мојсеј 14:2) по истиот редослед! Дури ни кажува дека старото име на петтиот град било Вела, а подоцнежното Сигор (или Зоар). Околу овие информации од Библијата порано се креваше голем прав. Видни историчари дури напишаа и книга против Библиската содржина. Така, познатиот германски историчар и професор по ориентални јазици на Универзитетот во Стразбур, Теодор Нолдеке (Тхеодор Нолдеке, 1836-1930), признат по своите истражувања за Исламот, објави книга под наслов:
“Неисторичноста на текстот од 1 Мојсеј 14”. Во оваа книга тој главно докажува дека градовите Содом и Гомора се библиска легенда и дека никогаш не постоеле.
Во 1918 година, и Вилијам Олбрајт има напишано слична книга под наслов:
“Митски елементи во приказната за Јосиф” во која што вели дека 1 Мојсеј 14 глава е чист политички памфлет, со митски карактер. Но, глинените плочи од Ебла ги фрлија во заборав овие, за своето време “научни книги” од видни стручњаци.
Трето, на плочите од Ебла има и поголем број други имиња на градови за кои зборува Библијата. Тоа се Салим (градот на Мелхиседек, 1 Мојсеј 14:18), Хазор, Лахиш, Мегидо, Газа, Јопа, Дамаск па и Ерусалим (“Урусалима”). Воедно, тоа е засега и најстариот документ за името Ерусалим. Се спомнува и градот Хархемиш, кој го спомнува пророкот Исаија (10:9).
Четврто, има чести спомнувања за Хититите. Бидејќи Мојсеј пишува (во 1 Мојсеј 23) дека Аврам купил гробница (пештера ) од Хититите, постоеше и забелешка дека овој библиски запис не е веродостоен, бидејќи, наводно “научно е утврдено дека Хититите во времето на Аврам не постоеле” Уште еднаш се покажа дека Библијата е во право.
Петто, на глинените плочи од Ебла се запишани голем број правни прописи за судење, казни итн. Дадени се и многу детали околу исплаќањето оштета за повреди, силувања итн. Ова е значајно, бидејќи на Библијата и се припишуваше нанаучноста кога се зборува за мошне развиениот правен систем, постоел во Ебла уште 1000 години пред Мојсеј!
На крајот, да кажеме дека глинените плочи од Ебла потврдуваат и голем број други податоци од Библијата. Така на пример, на подолгата листа имиња кои се спомнувани и во Библијата, на плочите од Ебла се наоѓаат запишани: Микаилу (Михаел), Еасум (Исав), Даудум (Давид), Шаулум (Саул), Ишмаил (Исмаел) и други. Има и записи за договори (сојузништва) меѓу цареви од Ебла и од Асирија коишто се спомнуваат и во Библијата, а доскоро се сметаа за неверодостојни итн. Во секој случај, христијаните можат да бидат охрабрени. Плочите од Ебла не дадоа ништо ново кон христијанската вера, но замолкнаа многу злобни усти.
- Резиденцијата на Понтиј Пилат – Овој пример се однесува на Новозаветниот дел од Библијата. Го спомнуваме него, меѓу мноштвото други археолошки откритија бидејќи и за овој настан беше информирана нашата јавност. Во серијата “Исчезнати градови и цивилизации”, објавувана во весникот “Нова Македонија”, во подготовка на Миодраг Б. Шајковиќ, објавен е и написот: “Резиденцијата на Понтие Пилат
беше пронајдена во Цезарија”. Пренесуваме дел од овој натпис:
“Археолозите од јахтата “Си Дајвер”, трагајќи по остатоците од древниот Тир, наидоа на уште еден антички град. Тоа беше Цезарија или Цезареа кој порано се викал Израел и бил престолнина на јудејското царство. Тоа веќе значи дека бибилиската легенда е заснована врз реален факт и имаше вистинска основа”.
“Во 1961 година нуркачите се спуштија подлабоко во морето и ги открија урнатините на некогашната бибилиотека. Таму е пронајдена и поставката на споменикот со натпис: ‘…тиус Пилатус’. Не е тешко да се утврди дека станува збор за римскиот намесник Понтиј Пилат, кого го споменува Библијата… Значи, резиденцијата на Понтиј Пилат, еве, беше пронајдена во Цезарија”.
Така констатира авторот на натписот во “Нова Македонија”. Уште еднаш, Библијата беше во право!
- Кодексот на Хамураби – Во 1901 година, францускиот ориенталист Шил (Јеан Винцент Схеил), во местото Суса ги открил денес познатиот Кодекс на Хамураби. Хамураби бил Вавилонски цар (1792-1750 пред Христа) и живеел пред Мојсеј. Неговиот Кодекс е, всушност, збирка од 282 закони кои го регулирале
животот во речиси сите области. Големата строгост и правичност се одликите на овие закони. Ова откритие се чува денес во музејот во Лувр (Франција).
Од какво значење е откритието на Хамурабиевиот Кодекс? Се дотогаш, историчарите тврделе дека најстарите пишани закони датираат од Персисикиот период (538-331 година пред Христа). Согласно со ова тврдење, тие го прогласија Библискиот извештај за Мојсеевото законодавство (1500 години пред Христа) за измислено. Наводно, законодавството во тоа време не можело да постои. |
3-от закон од кодексот на Хамураби
Хамурабиевиот кодекс, а подоцна и откритието на глинените плочи од Ебла, наполно ги фрлија во вода ваквите неосновани критики. И овој пат, Библијата не беше во расчекор со вистината, докажана со “цорпус делицти”.
Во натамошниот дел од овој натпис, бегло ќе спомнеме уште само неколку од навистина големиот број археолошки пронајдоци кои на некој начин се однесуваат на Библиските извештаи.
*** Во 1843 година , францускиот конзуларен советник Пол Емил Бота (Паул-Емиле Ботта, 1766-1837), копајќи во Хорсабад (Ирак), покрај реката Тигар, ги открива остатоците од палатата на Асирскиот цар Саргон, од “библиска легенда ” наеднаш стана стварност. Дел од пронајдоците се чуваат во Лувр.
*** Две години подоцна, англискиот мајор Лејард (Сир Аустен Хенрѕ Лаѕард, 1817-1894), го открива градот Халах, кој што бил познат само од Библиските податоци (1 Мојсеј 10:11-12), дека бил подигнат од Асур, којшто, пак, според Библијата, го подигнал и градот Ниневија (Нинива). Лејард открил и многу предмети од времето на Вавилонското и Асирското царство (9-7 век пред Христа). Неговите пронајдоци сопаѓаат меѓу најскапоцените експонати на Британскиот Музеј во Лондон. Градот Халах нема никакво значење во Библијата. Спомнат е само епизодно, патем. Но археолошките пронајдоци докажаа дека ни таквата “ситна работа” во Библијата не е измислена. Впрочем, Библијата е вдахновена од самиот Бог, од збор до збор и пишувана е од чесни луѓе и во неа не може да има измислици!
*** Две години подоцна, англискиот мајор Хенри Ролинсон го открива градот Ниневија, главен град на Асирија, во времето на пророкот Јона(1:2) и големата библиотека на кралот Асурбанипал.
*** Сер Леонард Вули (Њооллеѕ), во 1949 година ги објави своите резултати од пронаоѓањето на градот Ур. Тоа е првобитното живеалиште на Аврам (1 Мојсеј 11:31), кој живеел околу 1900 година пред христа. Градот Ур е
пронајден 200 километри северно од Басра (Ирак), во 1924 година. Ур бил сумерски град, граден од цигли и високо развиен. Во ископините се пронајдени глинени плочи со записи за трговија, песни, па дури и математички
формули!
Зошто е важно сето тоа? Затоа што, пред овие откритија, непријателите на Библијата го сметаа и Аврам за Библиската легенда. И ако постоел, велеа тие, сигурно бил прост номад и неможел да патува плански од Ур во Ханаан, како што вели Библијата. Археолошките откритија, меѓутоа, покажаа дека Аврам излегол од мошне високо развиената сумерска култура!
*** Од времето на царот Соломон, кој завзема видно место во Библиските написи, пронајдени се неговите штали за коњи, изградени во мошне современ стил, со резервоари за напојување од преку 10 000 литри вода! Пронајдени се и многу функционални печки за топење на метали.
*** Историчарите тврдат дека евангелистот Лука (писателот на Евенгелието според Лука) не знаел географија, кога вели дека Дерва и Листра биле градови во Ликонија, но не и Иконија (Дела Ап. 14). Наводно, тоа не се сложувало со некои записи од Цицерон. Но во 1910 година, Вилијам Ремзи открил еден споменик на којшто пишувало дека Иконија е град во Фригија- токму како што пишувал Лука. На Лука му се префрлаше и дека измислил некој си Галио, проконзул во Ахаја (Дела Ап. 18:12). Но, на еден напис пронајден во Делфи, пишува: “На Луциус Јуниус Галио, мојот пријател и проконзул на Ахаја…”
Во делата на Апостолите 17:6, Лука спомнува градски старешини за кои го користи зборот “политарх”. За овој збор Лука беше обвинет дека измислил нови зборови! Во поново време, пронајдени се 19 натписи со тој збор, а 15 од нив се однесуваат на Солун, во врска со кој Лука и пишува!
*** Меѓу мноштвото археолошки откритија од Библиското Новозаветно време, покрај резиденцијата на Понтиј Пилат, која што веќе ја спомнавме, пронајден е и дворот на Пилат, каде што бил осуден Исус (Јован 19:13), потоа бањата Витезда (Јован 5:2) и многу други локации.
*** Во октомври 2002 година, на интернет се појави сензационален извештај за новото археолошко откритие- камен ковчег во кој се чувале коските на починатите, со врежан текст: “Јаков, син на Јосиф, брат на Исус”.
Староста му е преценета на 2000 години, што значи дека се совпаѓа со времето во кое живееле Исус и Неговото семејство, вклучувајќи го и неговиот брат Јаков, за кој знаеме од Библијата (види Ев. Марко 6:3). Всушност, веќе
претходно беше пронајден и ковчегот за коските на Кајафа, првосвештеникот за време на судењето на Исус- добро познато име и лик од Библијата. Повеќе за овие откритија може да се прочита на интернет, или во списанието Цреатион, Вол. 25 Но. 2 (2003).
*** Додека ја подготвувам оваа книга, весникот “Дневник” од Скопје, на 18 август 2004 година, на стр. 24 објави напис под наслов: “Археолозите пронашле пештера во која проповедал Јован Крстител”.
Во поднаслов се вели: “…пештерата е можното најголемо откритие во библиската археологија”.
Всушност, има толку многу археолошки откритија кои на различен начин ја потврдуваат веродостојноста на Библијата, што во САД се издава специјализирано стручно списание наречено Biblical Archeology Review,
како двомесечно списание.
You must be logged in to post a comment.