ГРЕВОТ

а) Општо за гревот

“Секој кој прави грев, го прекршува Божјиот Закон, зашто гревот е токму тоа: прекршување на Законот.” (1. Јован 3:4)

“Секоја неправедност е грев, но секој грев не е смртоносен.” (1. Јован 5:17)

“Но ако не постапите така, ќе згрешите пред Господа и за гревот свој ќе претрпите казна, што ќе ве стигне.” (4. Мојсеј 32:23)

“Греши секој што не прави добро, иако знае дека треба да го прави.” (Јаков 4:17)

“Затоа, не дозволувајте му веќе на гревот да владее со вашето смртно тело и не покорувајте им се на неговите грешни похоти!” (Римјаните 6:12)

б) Сите сме грешни

“Кој може да се пофали со безгрешно срце, и да тврди дека е чист од секаков грев?” (Поговорки 20:9)

“Зашто сите згрешија и никој не успеа да ги достигне Божјите возвишени стандарди.” (Римјаните 3:23)

“Ако тврдиме дека не грешиме, самите се лажеме и одбиваме да ја прифатиме вистината.” (1. Јован 1:8)

“Гревот навлезе во овој свет преку еден човек, односно преку Адам. Гревот ја донесе смртта, која ги зафати сите луѓе, бидејќи сите згрешија.” (Римјаните 5:12)

“Зашто платата што ја дава гревот е смрт, а подарокот што го дава Бог преку вера во нашиот Господ Исус Христос е вечен живот.” (Римјаните 6:23)

“Но беззаконијата ваши ве разделија од вашиот Бог, и гревовите ваши прават да го сокрива лицето Свое од вас, за да ве слуша.” (Исаија 59:2)

в) Исповедање и простување на гревовите

“Но ако Му ги признаваме своите гревови на Бог, Тој е правичен и ќе си го одржи ветувањето: ќе ни ги прости гревовите и ќе не исчисти од сета неправедност. Ако тврдиме дека не сме грешни, Бога Го правиме лажливец и покажуваме дека Неговото Слово не навлегло во нас.” (1. Јован 1:9-10)

“Нема среќа за тој што гревовите си ги прикрива, а оној што ги исповеда и ги напушта, ќе биде помилуван.” (Поговорки 28:13)

г) Непростливиот грев

“Ви велам: на луѓето ќе им биде простен секој грев и секоја навреда, но ако Го навредат (похулат) Светиот Дух нема да им биде простено.” (Матеј 12:31)

“Но нема простување за оној што ќе го навреди (похули) Светиот Дух; таквиот грев вечно ќе го товари.” (Марко 3:29)

*******

Афоризми за гревот

Кога ќе откриеш дека Божјиот Збор е сладок како мед, ќе сфатиш дека гревот е горчлив како пелин!

Порано јас трчав по гревот; сега гревот трча по мене!

И твојот најтаинствен грев е извршен барем пред двајца очевидци: Бог и твојата совест!

Критикувај го гревот, но не запаѓај во гревот на критизерство!

Најголемиот грев во тебе е што мислиш дека си без грев!

Кога човекот е готов да ги открие своите гревови, Бог е готов да ги покрие!

Човекот кој згрешил, а не признава, продолжува да греши!

Да грешиш е човечки; но ако трошиш повеќе гумичка отколку моливче, очигледно претеруваш со грешките!

Секој мора да живее барем со еден грешник: со себеси!

Биди немилосрден кон гревот, како што гревот е немилосрден кон тебе!

Исповедај ги своите гревови, како што ги исповедаш туѓите!

Ако не ги сакаш горчливите плодови на гревот, не оди во овоштарникот на ѓаволот!

Платата за гревот е во совршен чекор со инфлацијата!

Не можеш да имаш валкани мисли, не можеш да кажуваш валкани зборови, не можеш да твориш валкани дела, и да речеш: “Јас сум чист!”

ГРЕВ – семе што се сее. СМРТ – плод што се жнее.

Ако тврдиш дека ти не грешиш, правиш уште една грешка!

Кога признаваш дека си згрешил, покажуваш дека стануваш помудар.

Чувај се од искушенијата, а Бог ќе те чува од гревовите во кои тие би те вовеле!

Гревот прави дупка на чашата преполнета со благодети!

Ако не се учиш на грешките, нема смисла да ги правиш!

И во време на инфлација, платата за гревот е огромна!

Гордоста е состојка на гревот, која ги претвори ангелите во ѓаволи!

И најмал грев ќе предизвика: збир од неволи, одземање на енергија и множење на проблемите!

Проблемот со малите гревови е во тоа што тие мошне бргу растат!

Најбезбеден си од гревот, ако те шокира на прв поглед!

Задоволството од гревот е краткотрајно, но платата е вечна!

Не си грешник, се додека не почнеш: да се правдаш, да се криеш и да обвинуваш други!

ГРЕВ – момент на задоволство, вечност на тага!

Најопасните гревови не навалуваат, туку се прилепуваат!

Гревот ќе те направи најголем измамник: ќе се измамиш самиот себеси!