ДИСЦИПЛИНИРАЊЕТО

а) Господ ги дисциплинира Своите

“Не презирај ги, чедо мое, Господовите укори, не отфрлај ги Неговите прекори, зашто, кого Господ го сака, него и го кара, како и таткото – синот што го љуби”(Поговорки 3:11-12)

“Чеда мои, сфатете ги сериозно Божјите казнувања и не обесхрабрувајте се кога Тој ве укорува, зашто, Господ ги казнува оние што ги сака, и ги укорува оние што ги прифатил како Свои чеда. Издржете го строгото воспитување! Бог постапува со вас како со Свои чеда!

Кој татко не го дисциплинира своето дете!? Ако сте изземени од укорувањата на кои сите деца се подложни, тогаш не сте вистински чеда, туку незаконски деца! Па и нашите земни татковци не укоруваа, па сепак ги почитуваме! Тогаш, колку повеќе треба да Му бидеме послушни на нашиот духовен Татко, за да живееме! Нашите земни татковци не караа еден кус временски период, како што сметале дека е најдобро. А Бог не кара за наше добро, зашто сака и ние да бидеме свети, како што е и Тој.

Ниедно укорување не е пријатно; тоа е дури болно во времето кога го примаме. Но подоцна, оние што се одгледани во дисциплина, ќе пожнеат плод на спокојство и праведен живот.” (Евреите 12:5-11 )

“Ако ги прекршат Моите уредби и не ги пазат Моите заповеди: со тојага ќе ги казнам за неделата нивни, со бич ќе ги бијам за нивните престапи! Но Мојата љубов нема да му ја одземам – Својата верност нема да ја изневерам!” (Псалм 89 (88):31-33)

“Кој ја цени критиката, сака да се усовршува, а тој што не се поправа, глупав си останува!” (Поговорки 12:1)

б) Дисциплинирање на децата

“Дисциплинирај го својот син и од него ќе си мирен; со него и душата ќе ти се радува. (Поговорки 29:17)

“Дисциплинирај го своето дете: од воспитното стапче нема да умре! Казнувај го со прачка и ќе го спасиш од смртта!” (Поговорки 23:13-14)

“Ако го мразиш своето дете, поштеди го од прачка; а ако искрено го сакаш, навреме ќе го казнуваш!” (Поговорки 13:24)

“Лудоста се вгнездува во срцата на децата, ама прачката и оттаму ќе ја истера!”(Поговорки 22:15)

“Прачката и прекорот опаметуваат, а разгаленото дете мајка си ја посрамотува!”(Поговорки 29:15)