а) Нашиот живот е од Господ
“А го создаде Господ Бог човекот од прав земен и му дувна во лицето дух животен; и човекот стана жива душа.” (Битие, или 1. Мојсеј 2:7)
“На целиот жив свет Тој (т.е. Бог) му дава живот и здив и се што му треба.”(Дела на апостолите 17:25)
“Бидејќи Тој (т.е. Бог) ни овозможува да живееме, да се движиме и да бидеме тоа што сме. Како што вели еден од вашите поети: ние сме Негови деца.” (Дела на апостолите 17:28)
“Кога (Бог) би си го повлекол сиот Свој Дух, сите суштества би издивнале одеднаш и човекот би се претворил во прав.” (Книга за Јов 34:14-15)
б) Нашиот овоземен живот е кус и неизвесен
“… Човекот е кратковечен… како цвеќе никнува и бргу овенува; како сенка бега и не се запира.” (Книга за Јов 14:1-2)
“Човекот е како здив: векот му минува како сенка што исчезнува!” (Псалм 144:4)
“Ние сме туѓинци пред Тебе и придојдени, како и сите наши предци; нашите дни се како сенка на земјата…” (1. Летописи 29:15)
“Што знаете вие за утрешниот ден? Од каде знаете дали утре ќе бидете живи? Вашиот живот е како утринската магла: ќе се појави за кратко и набргу исчезнува.” (Јаков 4:14)
“Но дните мои беа побрзи од гласникот, далеку побегнаа… летнаа како лесни летала, како орел што се спушта врз плен.” (Книга за Јов 9:25, 26)
в) Физичката смрт ни е пишана
“…на луѓето им е определено еднаш да умрат, а потоа доаѓа судот.” (Евреите 9: 27)
“Има … определено време кога ќе се родиш, и време кога ќе умреш…”(Проповедник 3:2)
“… никој не може да господари над смртниот час; и како што војник не се отпушта во време на војна, така и гревот не го пушта извршителот.”(Проповедник 8:8)
“Бидејќи смртта влегува преку прозорците наши, се впушта во куќите наши, за да ги истреби децата од улиците и младешта од плоштадите.” (Еремија 9:21)
“Со пот од лицето свое ќе јадеш леб, се дури не се вратиш во земјата, од која си земен; зашто си земја, и во земја ќе се вратиш!” (Битие или 1. Мојсеј 3:19)
“… и да ти се врати телото во правта од којашто е земено, а духот при Бога, од Којшто потекнува” (Проповедник 12:7)
“Ние ќе умреме и ќе станеме како резлеана вода на земјата, која не може да се собере; но Бог не сака да ја погуби душата и се грижи да не го отфрли од Себеси и отфрлениот.” (2. Самоил ( или 2. Царства) 14:14)
“А човекот умира и истлејува; си оди, и каде е тој?” (Книга за Јов 14:10)
“Како цвеќе никнува и бргу овенува; како сенка бега и не се запира.” (Книга за Јов 14:2)
“Дните на човекот се како трева, прилегаат на полски цвет што цути: ќе дувне ветре и ќе го снема, ни местото веќе не му се познава!” (Псалм 103:15, 16)
“… дните му се определени… бројот на неговите месеци од Тебе зависи… си му определил меѓа, преку која не може да мине.” (Книга за Јов 14:5)
“Кога нозете ќе ти треперат од височини и од опасностите на улиците; кога косата ќе ти побели и нагонот ќе те остави, и желбата нема повеќе да се буди, бидејќи тој човек е веќе на пат кон својот вечен дом, и по улиците веќе го оплакуваат.” (Проповедник 12:5)
г) Физичката смрт е резултат на гревот
“… од дрвото за познавање на доброто и на злото… не јади; зашто во оној ден кога ќе вкусиш од него, ќе умреш.” (Битие или 1. Мојсеј 2:17)
“Гревот навлезе во овој свет преку еден човек, односно преку Адам. Гревот ја донесе смртта, која ги зафати сите луѓе, бидејќи сите згрешија.” (Римјаните 5:12)
“Платата што ја дава гревот е смрт, а подарокот што го дава Бог преку вера во нашиот Господ Исус Христос е вечен живот.” (Римјаните 6:23)
д) Физичката смрт е враќање на душата (духот) кај Господ Бог
“… и да ти се врати телото во правта од којашто е земено, а духот при Бога, од Којшто потекнува” (Проповедник 12:7)
“Кога (Бог) би си го повлекол сиот Свој Дух, сите суштества би издивнале одеднаш и човекот би се претворил во прав.” (Книга за Јов 34:14-15)
“Тогаш Исус гласно извика: Небесен Татко, во Твоите раце Го доверувам Мојот дух! Изговарајќи го ова, Тој го испушти духот.” (Лука 23:46)
“Додека го каменуваа, Стефан гласно му се молеше на Бог, велејќи: ,Господе Исусе, прими го мојот дух.”
(Дела на апостолите 7:59)
ѓ) Господ ќе ја укине физичката смрт
“Смртта ќе биде проголтана засекогаш, ќе ги избрише Господ Бог солзите од сите лица, и ќе го симне срамот од Својот народ во целата земја, зашто така вели Господ.” (Исаија 25:8)
Тој ќе ја избрише секоја солза од нивните очи. Нема повеќе да постојат смртта, тагата, плачот и болката, зашто стариот свет неповратно ќе го нема.” (Откровение 21:4)
“Последниот непријател што ќе биде уништен ќе биде смртта.” (1. Коринт 15:26)
“О, смрт, каде е твојата победа? О, смрт, каде е твоето осило? Гревот е осило на смртта, а силата на гревот почива врз одредбите на Божјиот Закон. Но Бог ни даде победа над гревот и смртта преку нашиот Господ Исус Христос и треба да Му бидеме многу благодарни за тоа.” (1. Коринт 15:55-57)
“А потоа, Смртта и Адот беа фрлени во Огненото Езеро. Ова е втората смрт.”(Откровение 20:14)
“Сега, со доаѓањето на нашиот Спасител Исус Христос, тоа ни стана јасно. Од една страна, Тој ја порази смртта, а од друга страна, преку Радосната вест, ни го покажа патот кон вечниот живот.” (2. Тимотеј 1:10)
е) Господ ќе ги воскресне починатите
Исус рече: “Ве уверувам дека доаѓа време… кога мртвите ќе го слушнат Мојот глас – гласот на Божјиот Син. Оние што Му биле послушни – ќе живеат!” (Ев. Јован 5:25)
“И многумина од оние што спијат во земниот прав ќе се разбудат:- едни за живот вечен, а други за укор и срам.” (Даниел 12:2)
“Како што смртта дојде на овој свет преку еден човек, Адам, така преку еден човек дојде и воскресението на мртвите, имено, преку Христос. Како што сите умираме поради нашата поврзаност со Адам, така сите што се поврзани со Христос повторно ќе оживеат.” (1. Коринт 15:21-22)
“Господ умртвува и оживува, кутнува наземи и крева.” (1. Самоил (или 1. Царства) 2:6)
“Ќе ви откријам една тајна: сите нема да доживееме физичка смрт, но сите ќе бидеме преобразени. Тоа ќе се случи брзо, за еден миг на окото. Кога ќе се огласи последната труба, починатите Христови следбеници ќе бидат воскреснати во бесмртни тела, а ние што сме живи ќе бидеме преобразени исто така во бесмртни тела. Неопходно е нашите распадливи тела да се преобразат во нераспадливи, и тоа што е смртно да се преобрази во бесмртно. Кога нашите распадливи тела ќе се преобразат во нераспадливи, и смртното ќе стане бесмртно, тогаш ќе се исполни она што е напишано во Светото Писмо: Смртта е уништена и победата е целосна!” (1. Коринт 15:51-54)
“Драги пријатели христијани, сакаме да знаете што ќе се случи со оние што се починати, за да не тагувате како луѓето што по ова прашање немаат никаква надеж. Ако ние веруваме дека Исус умре и воскресна, веруваме и дека Бог пак ќе ни Го врати, а со Него ќе ги врати и сите што пред да починат верувале во Исус. Ова ни е кажано од Господ. Тој ни рече дека ние што ќе бидеме живи кога Тој повторно ќе дојде, ќе се сретнеме со Него откако Тој претходно ќе ги воскресне починатите. Господ лично ќе се симне од небото, со силен глас ќе заповеда, со глас на архангел и со труба Божја, и прво ќе воскреснат оние што верувале во Христос пред да починат; потоа ние што сме живи, заедно со нив, ќе бидеме грабнати во облаците, за да се сретнеме со Господ и засекогаш да останеме со Него. Затоа, утешувајте се и охрабрувајте се меѓусебно со овие зборови.” (1. Солун 4:13-18)
ж) По смртта: едни во рајот, други во адот
“Еден од распнатите злосторници Го навредуваше Исуса и Му велеше: ‘Зар не си Ти Месијата? Ајде, спаси се и Себеси и нас!’- Другиот, пак, го прекори и му рече: ,Немаш ли малку страхопочит спрема Бога? И ти си осуден со истата казна! Јас и ти сме праведно осудени и го добивме она што го заслуживме, а Тој ништо лошо не сторил!’-Потоа Му се обрати на Исуса: ,Исусе, спомни си за мене кога ќе дојдеш во Твоето царство!’-Исус му одговори: ,Ти ветувам дека денес ќе бидеш со Мене во Рајот!'” (Лука 23:39-43)
“Кога почина сиромавиот, ангелите го одведоа на небото, каде што е Авраам. Почина и богатиот и беше погребан. Тој заврши во адот, во страшни маки, од каде што во далечините го забележа Авраама, а до него и Лазара, па извика: ,Татко Аврааме! Имај милост спрема мене и испрати ми го Лазар со намокрен прст да ми го разлади јазикот, зашто страшно се измачувам во овој оган!'” (Лука 16:22-24)
з) По смртта: на суд за нашите (не)дела
“… на луѓето им е определено еднаш да умрат, а потоа доаѓа судот” (Евреите 9:27)
“Секој од нас ќе треба да се појави пред Христовиот суд, за да го прими она што го заслужил со своите добри или лоши постапки додека бил во овоземното тело” (2. Коринт 5:10)
“Ќе дојде ден кога Бог, преку Исус Христос, ќе го суди она што е скриено во луѓето…”
“Значи, секој од нас, лично за себе ќе полага сметка пред Бог”. (Римјаните 2:16; 14:12).
“Потоа (во видение) го видов големиот бел престол и Оној што седи на него. Земјата и небото бегаа од Неговото присуство, но не најдоа место каде би се скриле од Него. Ги видов и починатите луѓе, мали и големи – сите до еден стоеја пред Божјиот престол. Прво беа отворени некои книги, а потоа и Книгата на животот. На починатите им беше судено според она што за нивните дела го пишуваше во книгите. Морето ги предаде луѓето загинати во него, а и Смртта и Адот ги предадоа умрените луѓе што тие ги држеа. На сите луѓе им беше судено според нивните дела. А потоа смртта и адот беа фрлени во Огненото Езеро. Огненото Езеро е втората смрт. Секој човек чие име не се најде запишано во Книгата на животот беше фрлен во Огненото Езеро.”(Откровение 20:11-15)
ѕ) По смртта: за едни награди, за други казна
“Кога Синот Човечки ќе дојде во сиот Свој сјај, придружен од сите Свои ангели, ќе седне на Својот славен престол и ќе ги собере околу Себе сите народи. Тој ќе ги одвои во две групи – како што овчарот ги одлачува овците од козите. Овците ќе ги постави на Својата десна страна, а козите на левата. Тогаш Царот ќе им се обрати на оние од десната страна: ,Вие сте благословени од Мојот Татко; дојдете и примете го Царството што е приготвено за вас уште од создавањето на светот.'”
“Потоа Царот ќе им се обрати на оние од левата страна: ,Бегајте од Мене, вие клетници! Одете во вечниот оган подготвен за Ѓаволот и неговите ангели!'”
“Потоа Исус заклучи: ,Овие луѓе ќе добијат вечна казна, а праведниците – вечен живот.'” (Матеј 25:31-34, 41, 46)
“Бог праведно ќе ги казни оние што ве угнетуваат и мачат, а вам, кои страдате, ќе ви даде починка, како и на сите нас, кога Господ Исус ќе се појави од небото со Своите моќни ангели, со распламтен оган, казнувајќи ги оние што не сакаат да Го признаат Бога и ја отфрлаат Радосната вест на нашиот Господ Исус. Тие ќе бидат казнети со вечно уништување, отстранети од Божјото присуство и од Неговата величествена сила.” (2. Солун 1:6-9)
“А оние што од страв се откажуваат од верата во Мене, како и неверниците, неморалните, убијците, блудниците, маѓепсниците, обожавателите на идоли и сите лажговци, ќе завршат во Огненото Езеро полно со запален сулфур. Тоа ќе биде втората смрт.” (Откровение 21:8)
“И многумина од оние што спијат во земниот прав ќе се разбудат: едни за живот вечен, а други за укор и срам.” (Даниел 12:2)
*******
Афоризми за животниот пат
Ако Христос е ПАТОТ, зошто скиташ по непроверени патишта?
Не е толку важно од каде доаѓаш, туку, каде одиш!
На “тесниот пат” нема турканици, ниту сообраќајни гужви!
Тесниот пат е и еднонасочен!
И по најтешкиот пат, некој ќе се пробие; и по најлесниот пат, некој ќе потклекне!
Световниот пат изгледа занесно привлечен, се додека не подзастанеш и промислиш каде ќе те одведе!