“Зар сепалениците и приносите повеќе Му се пријатни на Господа, отколку послушноста спрема гласот Господов? Послушноста е подобра од жртвата, и покорувањето – подобро отколку овнешкото месо.” (1. Самуил (или 1. Царства) 15:22)
“Зашто, Ти во жртви не уживаш – јас би ги принел, но, жртви палени Ти не сакаш. Жртва за Бога е духот покајнички; покаено и понизно срце, Боже, не презираш.”(Псалм 51:16-17)
“Зошто ми се многуте ваши жртви? – вели Господ. Презаситен сум од сепаленици на овни и од маснотија на згоен добиток; крв од телиња, од јагниња и јариња, не сакам!” (Исаија 1:11)
“Оти Јас повеќе сакам милост, отколку жртва, и познавање на Бога, отколку жртва сепаленица.” (Осија 6:6)
“Тоа е сликовит приказ на денешното време, бидејќи приносите и жртвите што Му се принесуваат на Бог, не можат да им ја смират совеста на тие што ги принесуваат.” (Евреите 9:9)
“А Христос принесе само една жртва, која има веч-на вредност, и потоа седна на почесно место, од десната страна на Бог.” (Евреите10:12)
“Ако продолжиме намерно да грешиме, откако сме биле запознати со вистината, нема веќе друга жртва што може да ги покрие нашите гревови.” (Евреите10:26)