“Подоцна, кога Исус седеше на падините од Маслиновата Гора, Му пријдоа Неговите ученици и насамо Го прашаа: ,Кажи ни кога ќе се случи сето тоа и по што ќе го познаеме времето на Твоето повторно доаѓање и крајот на светот?- Исус им одговори: ,Чувајте се некој да не ве заведе. Бидејќи мнозина ќе се појават под Моето име и ќе ви говорат: ,Јас сум Месијата!- – и ќе измамат мнозина. Ќе избувнат војни во близина и војни во далечина. Да не ве обзема паника, зашто тоа мора да се случи, иако тоа не значи дека веќе дошол крајот. Народите ќе војуваат едни против други, и држави против други држави. Глад и земјотреси ќе погодат многу места. Сето ова ќе биде само како почеток на породилни болки! Тогаш вас ќе ве апсат, ќе ве казнуваат и ќе ве убиваат. Поради верата во Мене, по целиот свет ќе ве мразат. Во тоа време мнозина ќе се откажат од верата во Мене; едни други ќе се издаваат и меѓусебно ќе се мразат. Ќе се појават и многу лажни пророци и ќе заведат мнозина. Грешноста ќе земе таков замав, што љубовта меѓу луѓето ќе станува се постудена. Но тој што докрај ќе се одржи, ќе се спаси. А Радосната вест за небесното царство ќе се проповеда по целиот свет, за да ја чујат сите народи. Тогаш ќе дојде крајот.-“(Матеј 24:3-14)
“Денот кога Господ ќе се врати ќе ве изненади
како крадец. Небесата нанадејно ќе изчезнат со силна бучава. Елементарните состојки во оган ќе се распаднат, а Земјата и сите остварувања на неа, ќе исчезнат.” (2. Петар 3:10)
“Веднаш по неволите во тие дни, ќе потемни Сонцето, Месечината ќе престане да свети, од небото ѕвеѕди ќе паѓаат и небесните сили ќе се разнишаат. Тогаш, конечно на небото ќе се појави знакот на Месијата, Синот Човечки; и ќе залелекаат сите народи на Земјата кога ќе Го видат Синот Човечки како доаѓа на облаците со моќ и величествена слава. Тој ќе ги испрати Своите ангели со громогласен звук од труба да ги соберат Неговите избраници од сите четири страни на светот, од едниот до другиот крај на светот.” (Матеј 24:29-31)
“Кога Синот Човечки ќе дојде со сиот Свој сјај, придружен од сите Свои ангели, ќе седне на Својот славен престол и ќе ги собере околу Себе сите народи. Тој ќе ги одвои во две групи – како што овчарот ги одлачува овците од козите. Овците ќе ги постави на својата десна страна, а козите на левата. Тогаш Царот ќе им се обрати на оние од десната страна: ,Вие сте благословени од Мојот Татко; дојдете и примете го Царството што е приготвено за вас уште од создавањето на светот.-” (Матеј 25:31-34)
“Потоа Царот ќе им се обрати на оние од левата страна: ,Бегајте од Мене, вие клетници! Одете во вечниот оган, подготвен за Ѓаволот и за неговите ангели!-” (Матеј 25:41)
“Потоа Исус заклучи: ,Овие луѓе ќе добијат вечна казна, а праведниците – вечен живот.-” (Матеј 25:46)
“Потоа видов ново небо и нова Земја. Поранешното небо и поранешната Земја повеќе ги немаше, а и морето исчезна.” (Откровение 21:1)
“Потоа ангелот ми ја покажа животодавната река, која беше блескаво-бистра како кристал. Таа извираше од престолот на Бог и на Јагнето и го продолжуваше својот тек по централната улица во градот. На обете страни од реката, по должината на целиот нејзин тек, има насадено дрвја кои раѓаат плодови секој месец – дванаесет пати во годината. Плодовите се животодавни, а лисјата од дрвјата служат за исцелување на народите. Таму нема веќе да има проколнување. Престолот на Бог и на Јагнето ќе биде во градот. Божјите луѓе ќе Му се поклонуваат на Бог, и ќе Го гледаат Божјото лице, а Неговото име ќе им биде напишано на челата. Таму ноќ ќе нема, а на тамошните жители нема да им треба ни светилка, ни Сонце. Самиот Господ Бог ќе им биде Светлина и тие ќе царуваат во вечни векови.” (Откровение 22:1-5)