НЕБОТО

а) Небото е Божјо живеалиште

“Вака вели Господ: небото е Мој престол, а Земјата – подножје на нозете Мои; каде тогаш ќе изградите дом за Мене, каде е местото на Мојот спокој?” (Исаија 66:1)

“Својот поглед го кревам кон Тебе, Кој царуваш на небесата!” (Псалм 123:1)

“Погледни од небото, од Твојот свет храм, и благослови го народот Свој, Израел, и земјата, што ни ја даде, како што им се заколна на татковците наши дека ќе ни ја дадеш, земјата, во која тече мед и млеко.” (5. Мојсеј 26:15)

“Затоа, молете се вака: ,Татко наш, Кој си на небесата: нека се почитува Твоето Име!” (Матеј 6:9)

б) Небото е иднина за верните

“Тогаш еден силен глас извика од престолот: ,Еве, Божјото живеалиште отсега е меѓу луѓето! Тој ќе живее меѓу нив, тие ќе бидат Негов народ; Самиот Бог ќе живее со нив. Тој ќе ја избрише секоја солза од нивните очи. Нема повеќе да постојат смртта, тагата, плачот и болката, зашто стариот свет неповратно ќе го нема.” (Откровение 21:3-4)

“Во домот на Мојот небесен Татко има многу живеалишта. Ако не беше така, зар ќе ви речев дека одам да приготвам место за вас?” (Ев. Јован 14:2)

“Туку напластувајте си богатство на небото, каде што ни молци ни ,рѓа го уништуваат, ниту пак крадци провалуваат и крадат.”(Матеј 6:20)

“Знаеме дека кога ќе пропадне овој ,шатор- во кој сега живееме, односно, нашето овоземно тело, не очекуваат на небото вечни домови направени од Бог, а не од човечка рака.” (2. Коринт 5:1)

“Потоа погледнав и наеднаш пред мене се појави множество народ, кое никој не можеше да го изброи. Имаше луѓе од секоја раса, од секое племе, народ и јазик. Тие стоеја пред престолот и пред Јагнето, облечени во бели облеки и со палмови гранчиња во рацете.” (Откровение7:9)

“Таму ќе има луѓе од исток и од запад, од север и од југ и ќе седнат на трпезата во Божјото царство.” (Лука 13:29)

*******

Афоризми за Небото и вечноста

Дали ти е исправен пасошот за небото? Може да ти затреба поскоро одошто си мислиш!

Ќе имаш добар крај на животот, само ако си го запознал животот што нема крај.

Бог не гарантира удобно петување до небото, но гарантира сигурно пристигнување!

На “тесниот пат” нема турканици, ниту сообраќајни гужви!

Да живееш на небото со светците – о, каква сказна! Да живееш на земјата со истите – е, тоа е друга приказна!

Јован 3:16 испраќа илијадници во Небото! Откровение 3:16 испраќа милиони во Пеколот!

Не плаши се од иднината: Бог е веќе таму!

Погрижи се за вечноста – таму ќе го минеш остатокот од својот живот!

Погледот кон Земјата е депресивен; погледот кон Небото е импресивен!

Со Небесниот воз патуваат мнозина. За жал, најмногу се во вагоните за спиење!

На некои луѓе, небото им е на јазикот, а светот им е во срцето!

Оној што патува кон небото, ќе ги поведе со себе и пријателите!

Некои христијани мислат дека Божјото Царство нема да дојде додека тие не го одобрат!