а) Совети
“Не примај поткуп, зашто поткупот ги заслепува и оние кои гледаат најјасно и го упропастуваат правото на праведникот!” (2. Мојсеј (Излез) 23:8)
“Не искривувај го законот, не гледај на лице и не земај дарови, бидејќи подароците ги заслепуваат очите на мудрите и го изопачуваат делото на правите.” (5. Мојсеј 16:19)
б) Јуда го предал Исуса за пари
“Тогаш Јуда Искариот, кој беше еден од дванаесетте Исусови ученици, отиде кај свештеничките поглавари и им рече: ‘Колку ќе ми платите, ако ви го предадам Исус?’ Тие му дадоа триесет сребреници. Оттогаш Јуда бараше згоден момент да Го предаде Исуса.” (Ев. Матеј 26:14-16)
в) Обид да се поткупат апостолите на Исус
“Кога Симон виде дека Светиот Дух им беше даден преку ракополагање од страна на апостолите, им понуди пари и им рече: ‘Дајте ми ја и мене оваа моќ, та врз кого ќе положам раце, да Го прими Светиот Дух’. Но (апостол) Петар му одговори: ‘Одете во неврат и ти и твоите пари, штом мислиш дека Божјиот дар може да се купи за пари!'” (Дела на апостолите 8:18-19)
“Феликс, всушност, се надеваше дека од (апостол) Павле ќе добие мито и затоа честопати го викаше и разговараше со него.” (Дела на апостолите 24:26)
г) Поговорки за поткуп, мито и подароци
“… митото го изопачува срцето” (Проповедник 7:7)
“Подарокот сите врати ги отвора и во високо друштво воведува.” (Поговорки 18:16)
“Скришниот подарок лутина ублажува; поткупот под рака, лутиот бес го смирува.”(Поговорки 21:14)