ПРОСТУВАЊЕТО

а) Од Бог

“Но, во Тебе Боже има прошка и затоа Те почитуваат!” (Псалм 130:4)

“Но ако Му ги признаваме своите гревови на Бог, Тој е правичен и ќе си го одржи ветувањето: ќе ни ги прости гревовите и ќе не ичисти од сета неправедност.” (1. Јован 1:9)

“Христос ја пролеа сопствената крв за да не откупи. Сега гревовите ни се простени. Го стори тоа поради Својата неизмерна благонаклоност спрема нас.”(Ефес 1:7)

“Ако додека уште бевме непријатели, се смиривме со Бог преку смртта на Неговиот син, колку посигурни можеме да бидеме сега, кога сме смирени и кога Исус е жив, дека ќе бидеме поштедени од Божјиот гнев!” (Римјаните 5:10)

“Среќен е човекот кого Господ за грев не го обвинува.” (Римјаните 4:8)

б) Еден кон друг

“Зашто, доколку вие им ги простувате гревовите на другите, ќе ви ги прости и вам вашиот небесен Татко. Но, ако вие не им простувате на луѓето, ни вашиот небесен Татко нема да ви ги прости вашите гревови.” (Матеј 6:14-15)

“Кога се молите, простувајте им на оние што се огрешиле против вас. Тогаш вашиот небесен Татко ќе ви ги прости и вашите гревови.” (Марко 11:25)

“Дури и седумпати на ден ако ти згреши и секојпат дојде кај тебе и ти рече: ,Се каам – прости му.-” (Лука 17:4)

“Бидете љубезни еден спрема друг и полни со милосрдие, простувајте си, како што и Бог ви прости преку Христос.” (Ефес 4:32)

“Толерирајте се, простувајте си кога некој ќе ви згреши. Простувајте си исто како што Господ вам милостиво ви прости.” (Колос 3:13)

в) Принципите за простување

“Тогаш Петар Му пристапи на Исус и Го праша: ,Ако еден од моите браќа повеќепати ми згреши, колкупати треба да му простувам? Седум пати ли?” А Исус му одговори: “Не седумпати, туку седумдесет пати по седум!” (Матеј 18:21-22)

“Кога се молите, простувајте им на оние што се огрешиле против вас. Тогаш вашиот небесен Татко ќе ви ги прости и вашите гревови.” (Марко 11:25)

“Не судете и нема да ви биде судено! Не осудувајте, и нема да бидете осудувани! Простувајте и ќе ви биде простено!” (Лука 6:37)

“Сега треба да му простите и да го утешите, за да не биде толку повреден што нема да биде во состојба духовно да се врати и да закрепне. Затоа, ве молам, покажете му на тој човек дека се уште го сакате! Ви го пишувам ова бидејќи сакам да ве проверам и да видам дали сте подготвени да се придржувате до сите мои упатства. А на тој на кого вие ќе му простите, му простувам и јас. А тоа што јас веќе сум простил, ако воопшто сум имал нешто за простување, тоа е за ваша полза пред Христос.” (2. Коринт 2:7-10)

“Ако се молите со вера, ќе му помогнете на болниот. Господ ќе го оздрави и, ако направил грев, ќе му прости. Признавајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг, за да бидете исцелени. Енергичната молитва од праведен човек има голема сила!” (Јаков 5:15-16)

*******

Афоризми за простувањето

Простувањето значи: Бог го погребува твојот грев, без да му го обележи гробот!

Најмногу се измачува оној, кој не знае да простува.

Оној што не сака да простува, го урива мостот преку кој и самиот ќе мора да поминува!

На христијаните, Бог им ги простува гревовите. Останатите ќе платат со камата!

Простувај им на твоите непријатели: тоа ќе ги дотолчи!

Простувањето е одлика на силните. Слабите немаат сили да простуваат!

Простувањето е како миризбата на цвеќето, кога ќе го згазат!