СМРТНАТА КАЗНА

Во христијанските свети книги – Новиот Завет, нема изнесени ставови на Христос или апостолите за смртната казна. Во староеврејското општество (т.е. во Стариот завет на Библијата) смртна казна била пропишана за следниве случаи:

а) За жртвување на деца

“Кажи им на синовите Израелеви, говорејќи: ако некој од синовите Израелеви или од придојдените, кои живееат меѓу Израелците, му даде жртва на Молоха од децата свои, да умре; народот од земјата со камења да го убие.” (3. Мојсеј 20:2)

б) За спиритизам (комуникација со духови на умрени луѓе):

“Маж или жена, ако извикува духови на мртви, да бидат убиени; со камења да ги убиете, виновни се.” (3. Мојсеј 20:27)

в) За богохулство

“И оној што ќе го навреди името Господово, треба да умре, со камења да го убие сиот народ; било да е тој придојден или тукашен, ако похули на името Господово, да умре.” (3. Мојсеј 24:16)

г) За непочитување на саботата:

“Кога синовите Израелеви беа во пустината, најдоа еден, како собира дрва во саботен ден; и оние, што го најдоа како собира дрва во саботен ден, го приведоа кај Мојсеја и Арона и кај целото општество на синовите Израелеви; и го затворија, бидејќи уште не беше решено, што да се прави со него. И му рече Господ на Мојсеја: ,Тој човек треба да умре; целото општество да го убие со камења надвор од населбата.- Тогаш целото општество го изведе надвор од населбата, и го убија со камења, и тој умре, како што му заповеда Господ на Мојсеј.” (4. Мојсеј 15:32-36)

д) За обожавање на лажни богови (идоли):

“”Ако твојот брат… или твојот сопствен син, ќерка, сопруга или близок пријател би те заведувал потајно, велејќи: ‘Ајде да им служиме на други богови’… убиј го со камења, да умре; бидејќи тој сакал да те отстрани од Господа, твојот Бог, кој те изведе од Египетската земја, од домот на ропството.”

(5. Мојсеј 13:10)

ѓ) За бунт против родителите:

“”Ако некој има опак и непокорен син, кој не сака да ги слуша ни таткото ни мајката – па ни тогаш откако ќе го казнат … сите мажи од градот негов нека го каменуваат до смрт; така исчистете го злото од самите себе, и другите ќе чујат и ќе се уплашат.” (5. Мојсеј 21:21)

е) За прељубодејство:

“Човек кој ќе прељубодејствува со мажена жена, кој ќе изврши прељуба со жената на својот ближен, нека биде казнет со смрт; и прељубникот и прељубницата.” (3. Мојсеј (Левит) 20:10)

ж) За родоскеврнавење и противприроден блуд

“Човек кој ќе легне со жената на татка си… обата нека бидат погубени со смрт…

Ако некој легне со својата снаа, двата нека бидат казнети со смрт…

Ако маж легне со маж, како со жена… нека и бидат предадени на смртта…

Ако некој се ожени со ќерката и мајка и… нека бидат изгорени и тој и тие…

Човек кој би општел полово со животно, нека биде погубен…

Ако жена отиде при какво и да е животно, за да општи полово со него, убијте ги и жената и животното…

Ако некој се ожени со својата сестра – нека бидат истребени…” (3. Мојсеј (Левит) 20:11-17)