СУДНИОТ ДЕН

“Исто како што на луѓето им е определено само еднаш да умрат, а потоа доаѓа судот.” (Евреите 9:27)

“Бог знае како да ги избави побожните луѓе од нивните неволи, а неправедните ги казнува уште додека го очекуваат Судниот ден.” (2. Петер 2:9)

“На Божја заповед сегашните небеса и Земја се чуваат се до Судниот ден. Тогаш оган ќе ги проголта, а безбожниците ќе бидат уништени.” (2. Петер 3:7)

“За таквите луѓе пророкувал Енох, кој живеел во седмата генерација по Адам, кога рекол: ,Ете, доаѓа Господ со десетици илјади Свои светии да им суди на сите, да ги осуди безбожниците за сите нивни зли дела, што безбожно ги извршија, за сите навредливи зборови што против Него ги изрекоа безбожните грешници.” (Јуда 14-15)

“Кога Синот Човечки ( т.е. Исус Христос) ќе дојде во Сиот Свој сјај, придружен од сите Свои ангели, ќе седне на Својот славен престол и ќе ги собере околу Себе сите народи. Тој ќе ги одвои во две групи – како што овчарот ги одлачува овците од козите. Овците ќе ги постави на Својата десна страна, а козите на левата. Тогаш Царот ќе им се обрати на оние од десната страна: ‘Вие сте благословени од Мојот Татко; дојдете и примето го Царството што е приготвено за вас уште од создавањето на светот…

Потоа Царот ќе им се обрати на оние од левата страна: ‘Бегајте од Мене, вие клетници! Одете во вечниот оган, подготвен за Ѓаволот и за неговите ангели”(Матеј 25:31-34; 41)

“Кога Јас, Синот Човечки, ќе дојдам во сета слава на Мојот небесен Татко, во придружба на светите ангели, тогаш ќе му платам на секого според неговите дела.” (Матеј 16:27)

“Секој од нас ќе треба да се појави пред Христовиот суд, за да го прими она што го заслужил со своите добри или лоши постапки додека бил во овоземното тело.” (2. Коринт 5:10)

“Ги видов и починатите луѓе, мали и големи – сите до еден стоеја пред Божјиот престол. Прво беа отворени некои книги, а потоа и Книгата на животот. На починатите им беше судено според она што за нивните дела го пишуваше во книгите.” (Откровение 20:12)

“Потоа Исус ми рече: ,Очекувајте Ме, зашто наскоро ќе се вратам! Тогаш ќе го наградам секого според делата.-” (Откровение 22:12)

“Денот кога Господ ќе се врати ќе ве изненади како крадец. Небесата ненадејно ќе исчезнат со силна бучава. Елементарните состојки во оган ќе се распаднат, а Земјата и сите остварувања на неа, ќе исчезнат.” (2. Петар 3:10)