а) Дефиниција за верата
“Што е вера? Тоа е сигурност дека она на што се надеваме навистина и ќе се случи. Вера е увереност во нешто што не си го видел.” (Евреите 11:1)
б) Генезата на верата
“Сепак, верата доаѓа преку слушање, и тоа преку слушање на Радосната вест за Христос.” (Римјаните 10:17)
в) Верата е неопходна
“А без вера не е можно да Му бидеме угодни на Бог. Секој што сака да дојде кај Бог, мора да верува дека Тој постои и дека ги наградува оние што искрено Го бараат.” (Евреите 11:6)
г) Делотворна, спасоносна вера
“Така е и со верата. Ако не е поткрепена со соодветни постапки, таквата вера е мртва вера.” (Јаков 2:17)
“И ете, гордата душа нема да се успокои, а праведникот преку верата ќе живее.”(Авакум 2:4)
“Светото Писмо вели: ,Авраам Му поверува на Бог, и Бог му ја препиша неговата вера како праведност.-” (Римјаните 4:3)
“Сега, кога стекнавме праведност преку вера, живееме во мир со Бог по заслуга на нашиот Господ Исус Христос.”
(Римјаните 5:1)
“Верувајте Му на Господа, вашиот Бог, и бидете цврсти; верувајте им на пророците Негови, и ќе имате успех.-“
(2. Летописи 20:20)
д) Верата во Христос е Божја заповед
“А Божјата заповед е да веруваме во Неговиот Син Исус Христос и да се сакаме еден со друг. Така ни заповеда и Исус.” (1. Јован 3:23)
ѓ) (Не)доволна вера
“,Бидејќи немате доволно вера– им одговори Исус. ,Зашто, ве уверувам, дека кога би имале вера само колку едно синапово зрнце, би можеле да и речете на оваа планина: ,Премести се одовде таму!- – и таа ќе се премести. И ништо не би ви било неможно.-” (Матеј 17:20)
“А Исус им одговори: ,Ве уверувам дека, доколку имате вера и не се сомневате, не само што ќе можете да го правите тоа што и се случи на смоквата, туку, ако и на оваа планина и речете:, Подигни се и фрли се в море!– тоа ќе се случи!(Матеј 21:21)
*******
Афоризми за верата
Верата го гледа невидливото, го верува неверојатното и го постигнува невозможното!
Верата го очекува од Бог неочекуваното!
Ако сакаш луѓето да им веруваат на твоите зборови, преточи ги во дела!
Верно верен на Божјото Слово, чесно чесен во секое дело; справедливо справедлив во секој суд, тоа е целта на мојот труд.
Верата и стравот не живеат заедно!
ВЕРАТА те прави христијанин. ЖИВОТОТ покажува дека си христијанин. НЕВОЛИТЕ потврдуваат дека си христијанин. СМРТТА те крунисува како христјанин.
Има паганци верни на лажни богови, а има и христијани неверни на вистинскиот Бог.
Почетокот на секирацијата е крај на верата; почетокот на верата е крај на секирацијата.
Некои христијани “стојат цврсто во верата” – ништо не ги помрднува во акција!
Само верата спасува, но верата што спасува, не останува сама: и се придружуваат и делата!
Верата е довод во нашата душа, а љубовта е одвод.
Верата може да ја урне секоја планина, или барем да прокопа тунел под неа!
Оние кои не веруваат во ништо, можат да бидат заведени од сешто!
Привремената вера, како и привремената работа, не е доволна за живот.
Пред да го молиш Бог да ти даде вера која ќе покренува планини, моли го да ти даде вера која ќе те покрене тебе!
Добро е да имаш вера; уште подобро е верата да те има тебе!
Христијанската вера е пред се начин на живеење, а потоа и начин на зборување!
Додека молитвата бара дожд, верата го отвора чадорот!
Христијанинот што се срамува од својата вера, има доза на вера од којашто треба да се срамува!
Верата на некои луѓе им е здрава во јазикот, но саката во рацете и во нозете!
Верата на некои луѓе им е сместена само во јазикот, а не и во срцето!
Вистинската вера не се рецитира, туку се практицира!
Тивката вера, како и тивката вода, лесно замрзнува!
Христијанската вера не е празничен десерт, туку насушен леб!
Ако веруваш во себе, ќе се разочараш. Ако веруваш во пријатели, ќе те напуштат кога ќе умрат. Ако веруваш во парите, инфлацијата ќе ги обезвредни. Ако веруваш во репутацијата, злите јазици ќе ја разурнат. Ако веруваш во Бог, ќе бидеш вечно задоволен.
Слободата на верување некои ја сфаќаат како обврска за неверување!
Човекот без вера во Бог е како цвет без миризба.
Големата вера, ги прави малите луѓе големи, а големите, уште поголеми!
Ако твојата вера не е доволно силна да те донесе в црква, не очекувај дека ќе те однесе во небото!