а) Треба да им се позајмува на луѓето во невола
“Кога некој ќе запроси нешто од тебе – дај му; и не одбивај човек што бара да позајми нешто од тебе.” (Матеј 5:42)
“Туку отвори му ја раката своја и дај му заем, колку што му треба, и колку што му недостасува.” (5. Мојсеј 15:8)
“Благословен е тој што е дарежлив и заем дава, чии постапки се исполнети со правда.” (Псалм 112 (111):5)
“Но вие, покажувајте љубов спрема своите непријатели, правете добро и давајте без да очекувате да ви се врати! Само така ќе добиете голема награда и ќе се однесувате како деца на Севишниот, зашто Тој им прави добро и на неблагодарните и на лошите.” (Лука 6:35)
б) Земањето заем носи обврска
“Ако некој од ближниот свој добие на услуга живинче, па тоа загине или пцовиса, или биде загинато, а сопственикот не бил со него, ќе мора да се плати.”(2. Мојсеј 22:14)
“Злиот заем зема и не го враќа, а праведникот великодушно дава.” (Псалм 37:21)
в) Библијата е против наметнување на камати
“Кога на заем ќе дадеш пари… не наложувај лихва (камата)” (2. Мојсеј (Излез) 22:25
“Не земај лихва ни печалба… не давај пари со интерес…” (3. Мојсеј (Левит) 25:36-37)
г) Земањето на заем може да те потчини
“Богатиот господари над сиромавиот, а должникот му слугува на заемодавецот.”(Поговорки 22:7)