ИСУС ХРИСТОС

а) Кој беше Христос?

“Тој е Мојот Син, Избраникот Мој; Него слушајте Го!” (изјава од Бог; Ев. Лука 9:35)

“Христос е видлива слика на невидливиот Бог” (апостол Павле, во Колос 1:15).

“Божјото Јагне, Кое врз Себе ги зеде гревовите на светот” (изјава на Јован Крстител, во Ев. Јован 1:29)

“Христос е Тој што не помири… го урна ѕидот што не раздвојуваше… Христос дојде и проповедаше помирување со Бог… Преку Него и вие и ние, со посредство на Светиот Дух, имаме пристап до небесниот Татко” (апостол Павле, во Ефес 2:14-18)

б) Каков карактер беше Христос?

“Тој, иако по Својата природа е Бог, не ја искористи Својата еднаквост со Бог за да приграби нешто за Себе. Напротив, се откажа од тоа и стана слуга, се роди во човечко тело и живееше како човек… понизно умре распнат на крст. Затоа Бог Го воздигна и Му даде име поголемо од секое друго име” (од перото на апостол Павле, Филипи 2:6-9)

“Нема да се расправа, ниту ќе вика – гласот нема да му одекнува по улиците. Нема да дотолчува ранета душа, што е како скршена трска, нема да ја угасне и најмалата надеж, макар таа да е како фитил што тлее, се додека правдата не победи. А сите народи ќе ја положат својата надеж во Него” (пророкот Исаија, 42:1-4 и Матеј 12: 19-21)

в) Што направи Христос за нас?

“Христос умре за нас, иако ние не Го познававме Бога. Тешко би се нашол човек што би се понудил да умре дури и за некој праведен човек. За исклучително добар човек, можеби некој и би се решил да умре, но Бог ни покажа колку многу не сака кога Го испрати Христос да умре за нас уште додека бевме грешници”

“Затоа сега нема осуда за оние што се во Исус Христос”.

“Христос ја исполни целта на (Божјиот) Закон. Сега сите што веруваат во Христос се здобиваат со праведност пред Бог” (апостол Павле, Посл. Рим. 5:6-8; 8:1; 10:4)

“Христос не ослободи од проклетството на Законот, така што, наместо ние, Тој ги поднесе последиците на проклетството” (апостол Павле, до Галатите 3:13).

“Како што сите умираме поради нашата поврзаност со Адам, така сите што се поврзани со Христос повторно ќе оживеат” (апостол Павле, 1. Коринт 15:22).

“Бог ви овозможува и вам да се спасите преку Исус Христос, Кој стана наша мудрост од Бога, ни ја подари Својата праведност, не направи свети и ја плати цената за да не откупи” (апостол Павле, во 1. Коринт 1:30).

г) Што не учеше Христос?

“Сакајте се еден со друг! Како што Јас ве засакав, така и вие да се сакате еден со друг. Ако се сакате еден со друг, луѓето ќе знаат дека сте Мои ученици” (Ев. Јован 13:34).

“Постапувајте со луѓето онака како што сакате тие да постапуваат со вас” (Матеј 7:12).

“Човекот не живее само од леб, туку и од секој збор што излегува од Божјата уста” (Матеј 4:4).

“Тој што меѓу сите вас е без грев, прв нека фрли камен…” (Ев. Јован 8:7).

“Не им треба лекар на здравите, туку на болните… Јас не дојдов да ги повикам ‘праведниците’ туку грешниците” (Матеј 9:11-13).

“Каква ќе му биде ползата на човекот, ако и сиот свет го добие, а својата душа ја загуби!? Има ли нешто повредно од твојата душа?” (Матеј 16:26)

“Не го погани човекот храната што ја внесува преку устата, туку она што го зборува и што го прави” (Матеј 15:11)

“Ако некој сака да биде водач меѓу вас, нека им служи на сите. Тој што саа да биде прв меѓу вас, нека ви биде слуга, како што Јас, Синот Човечки, не дојдов за да Ми служат, туку Јас да им служам на луѓето и д го дадам Својот живот како откупнина за мнозина” (Матеј 20:25-28)

“Ќе ја запознаете вистината и вистината ќе ве ослободи”

“Јас сум Патот, Вистината и Животот. Без Мене, никој не може да дојде кај небесниот Татко” (Ев. Јован 8:32 и 14:6).

“Ве уверувам дека секој што ја слуша Мојата порака и верува во Бога, Кој Ме испрати, има вечен живот и нема да биде осуден за своите гревови, зашто таквиот веќе преминал од смрт во живот. Ве уверувам дека доаѓа време… кога мртвите ќе го слушнат Мојот глас – гласот на Божјиот Син. Оние што Му биле послушни – ќе живеат! Зашто, како што Таткото е извор на живот, така Му даде и на Синот да биде извор на живот.” (Ев. Јован 5:24-26)

“Но ние имаме само еден Бог, нашиот небесен Татко. Тој е Создателот на се и ние за Него живееме. Имаме само еден Господ, и тоа е Исус Христос. Се е преку Него создадено, вклучувајќи не и нас, луѓето.”(1. Коринт 8:6)

“Во заедништво со Христос и преку вера во Него ние можеме смело и со целосна доверба да Му пристапиме на Бог.” (Ефес 3:12)

“Преку Христос Бог ги создаде сите нешта и на небото и на Земјата: тоа што се гледа и тоа што не се гледа, сите престоли и власти, сите владетели и властодршци, се беше создадено преку Него и за Него.” (Колос 1:16)

“Во минатото Бог преку пророците им говореше на нашите предци по многу поводи и на многу начини. Сега, во овие последни денови, Тој ни проговори преку Својот Син – Исус Христос. Преку Него Бог го создаде светот и Него го определи за наследник на се.” (Евреите 1:1-2)

“Уште на почетокот постоеше Зборот. Зборот беше со Бог и Зборот беше Бог.”(Ев. Јован 1:1)

“Зборот стана човек и живееше меѓу нас. Ние ја видовме Неговата слава – славата што Тој ја прими како Единороден Син од небесниот Татко. Тој беше полн со љубов и искреност.”

(Ев. Јован 1:14)

“Симон Петар прв се произнесе: ,Ти Си Месијата – Синот на живиот Бог!-” (Матеј 16:16)

“Всушност, токму заради ова Христос умре и воскресна, за да им биде Господ и на живите и на мртвите.” (Римјаните 14:9)

Афоризми за Исус Христос

Без Христовиот перфект, вашиот ефект е рамен на дефект

Христос не може да биде Цар на твојот живот, додека ти не абдицираш!

Без ПАТОТ, нема движење. Без ВИСТИНАТА нема знаење. Без ЖИВОТОТ нема постоење. Исус вели: “Јас сум Патот, Вистината и Животот.”

Синот Божји стана Син Човечки, за да ги претвори синовите човечки во синови Божји.

Христовиот крст ја откри кулминацијата на човековиот грев, но и на Божјата љубов!

Едно е да знаеш за Исус, друго е да Го познаваш!

Животот е кус. Смртта е сигурна. Гревот е причината. Исус е лекот!

Природата не формира, училиштето не информира, гревот не деформира, а Христос не трансформира!

Ако Христос е ПАТОТ, зошто скиташ по непроверени патишта?

Животот со Исус е бескрајна надеж, животот без Исус е безнадежен крај.