ПРИЈАТЕЛСТВОТО

“Пријателот е пријател во секоја ситуација; и братот е роден за да ти се најде во невола.” (Поговорки 17:17)

“И при многу другари, човек може да се упропасти, а вистинскиот пријател е поблизок и од брат.” (Поговорки 18:24)

“Не напуштај пријатели – твои или семејни; не оди кај братот свој кога си во неволи: покорисен е соседот во близина, отколку братот во далечина.”(Поговорки 27:10)

“Подобро е да се двајца, отколку еден сам, зашто ќе имаат взаемна полза еден од друг: ако едниот падне – другиот ќе го подигне; а тешко си му на оној што е сам: кога ќе падне – ќе нема кој да го подигне!” (Проповедник 4:9-10)

“Не ви зборувам како на Мои слуги, зашто слугите не знаат што прави нивниот господар, туку ве сметам за пријатели, и затоа ви го објавив сето она што Ми го кажа Мојот небесен Татко.” (Исус, во Ев. Јован 15:15)

“Токму на тоа се мисли кога Светото Писмо вели: ,Авраам Му веруваше на Бог и заради неговата вера Бог го прогласи за праведник, па го нарече и Свој пријател.” (Јаков 2:23)

*******

Афоризми за пријателството

Ако твоето срце нема пријателска порта, ти си од погрешна сорта!

Не брзај кога одбираш пријатели; уште помалку, кога ги менуваш!

Кучето, за разлика од човекот, има многу пријатели, бидејќи мавта со опашката, а не со јазикот!

Со пари се купува храна, но не и апетит; со пари се купуваат лекови, но не и здравје; со пари се прават познанства, но не и пријатели.

Вистински пријател ти е оној, што знае се за тебе, и пак те сака!

Вистинските пријатели се како дијаманти: скапоцени, но ретки. Лажните пријатели се како есенско лисје: ги има во изобилство!

Подобро е на твојот ближен да му подариш дел од твоето срце, отколку дел од твоите совети!

Оној што патува кон небото, ќе ги поведе со себе и пријателите!

Излегов да си најдам пријател, но не го најдов. Излегов да станам пријател – најдов многу пријатели!

Повеќе пријатели ќе стекнеш преку ушите, отколку преку устата.

Посетувај ги своите пријатели редовно; по патиштата низ кои не се врви – боцки никнуваат!

Не биди му Јуда на оној што ти е Исус!

Не можеш да се приближиш до Бог, ако се оддалечиш од својот ближен.

Богатството создава пријатели; бедата ги проверува!