РАКОПОЛАГАЊЕТО

а) При пренесување на авторитет

“Господ му рече на Мојсеј: ‘Земи го Исуса, синот на Навин. Тоа е човек во кого има Дух. Положи ја твојата рака на него… предај му дел од твојата власт… Мојсеј направи како што Господ му заповеда: го зеде Исуса па го постави пред свештеникот Елеазар и пред целата заедница. Потоа ги положи своите раце на него и му ги даде заповедите, како што Господ заповеда преку Мојсеј” (4. Мојсеј (Броеви) 27:18-23)

а) При назначување хуманитарни работници

“Тогаш дванаесетте апостоли ги свикаа сите христијани и им рекоа: ‘Не е добро ние, апостолите, да го запоставуваме проповедањето на Божјата порака и да служиме околу трпезите. Затоа браќа, одберете меѓу себе седуммина чесни мажи, со добар углед, исполнети со Светиот Дух и со мудрост, на кои ќе им го предадеме ова задолжение…ги одбраа и ги доведоа пред апостолите, кои со положени раце над нив се помолија за нив.” (Дела на апостолите 6:2-6)

в) При посветување за посебна мисија (задача)

“Еден ден, додека Му служеа на Господ и постеа, Светиот Дух им рече: ‘Одвојте ми ги Барнаба и Павле за една посебна задача што сакам да им ја доверам!’ Откако постеа и се молеа, нивните соработници ги положија рацете врз нив и ги испратија” (Дела на апостолите 13:2-3)

в) При пророчко доделување на духовна дарба

“Не запоставувај го духовниот дар што ти беше даден преку пророштво, со полагање раце од страна на советот на старешините.” (1. Тимотеј 4:14)

г) Да не се избрзува со ракополагање

“Не избрзувај да ракополагаш луѓе за Божја служба!” (1. Тимотеј 5:22)