РОДИТЕЛИТЕ (РОДИТЕЛСТВОТО)

“Зарем ги заборавивте предупредувачките зборови што ви ги упати Бог како на Свои деца: ,Чеда Мои, сфатете ги сериозно Божјите казнувања и не обесхрабрувајте се кога Тој ве укорува, зашто, Господ ги казнува оние што ги сака, и ги укорува оние што ги прифатил како Свои чеда.- Издржете го строгото воспитување! Бог постапува со вас како со Свои чеда! Кој татко не го дисциплинира своето дете!? Ако сте изземени од укорувањата на кои сите деца се подложни, тогаш не сте вистински чеда, туку незаконски деца! Па и нашите земни татковци не укоруваа, па сепак ги почитуваме! Тогаш, колку повеќе треба да Му бидеме послушни на нашиот духовен Татко, за да живееме! Нашите земни татковци не караа еден кус временски период, како што сметале дека е најдобро. А Бог не кара за наше добро, зашто сака и ние да бидеме свети, како што е и Тој. Ниедно укорување не е пријатно; тоа е дури болно во времето кога го примаме. Но подоцна, оние што се одгледани во дисциплина, ќе пожнеат плод на спокојство и праведен живот.” (Евреите 12:5-11 )

“Татковци, немојте да предизвикувате лутина кај вашите деца. Одгледувајте ги и воспитувајте ги во Господовото учење.” (Ефес 6:4)

“Знаете дека спрема секого од вас се однесуваме онака како што татко се однесува спрема своите деца. Ве охрабруваме, ве утешуваме и ве поттикнуваме да живеете онака како што прилега за Бог, Кој ве повикува да станете дел од Неговото царство и да учествувате во Неговата слава.” (1. Солун 2:11-12)

“Еве, готов сум и по третпат да дојдам кај вас. Нема да ви бидам на товар, зашто не барам ништо материјално од вас. Вие сте ми важни. Впрочем, не се децата тие што треба да обезбедуваат храна за родителите, туку обратно: родителите ги хранат децата.” (2. Коринт 12:14)