СОВЕСТА

“Човековата совест е Господова светилка и длабочините на душата му ги пребарува.” (Поговорки 20:27)

а) Немирна и нечиста совест

“Тоа е сликовит приказ на денешното време, бидејќи приносите и жртвите што Му се принесуваат на Бог, не можат да им ја смират совеста на тие што ги принесуваат.” (Евреите 9:9)

“За оној што е во срцето чист, се е чисто. За оние, пак, што се неверни, чии умови се валкани, чија совест е нечиста, за нив ништо не е чисто.” (Тит 1:15)

б) Прочистување на совеста

“Колку повеќе, тогаш, може да постигне крвта на Христос! Преку вечниот Дух, Тој се принесе Себеси како совршена жртва пред Бог. Неговата крв ја исчистува нашата совест од дела што водат во смрт, за да Му служиме на живиот Бог!” (Евреите 9:14)

“Да дојдеме пред Бог со искрени срца и со целосна доверба. Нашата совест е ‘попрскана’ со Христовата крв и сега е чиста.” (Евреите 10:22)

“Навистина, совеста ми е чиста, но и тоа не е доволно за да ме оправда. Господ е Тој што ќе ме оценува” (1. Коринт 4:4)

“Па и кога нашата совест не обвинува, да не заборавиме дека Бог е над нашата совест и дека Тој знае се” (1. Јован 3:20)

в) Совест раководена од Божјиот Дух

“Јас ја кажувам вистината. Му припаѓам на Христос и не лажам. Мојата совест, водена од Светиот Дух, ми сведочи дека не лажам.” (Римјаните 9:1)

г) Влијанија врз слабата совест

“Но ваквото знаење го немаат сите. Некои луѓе се навикнати да почитуваат идоли и да јадат храна принесена како жртва, со што си ја опогануваат својата слаба совест. Храната нема да не приближи до Бог: ништо не губиме ако не јадеме, и ништо не добиваме ако јадеме! Само внимавајте, слободата што ја имате да не стане повод за духовно разочарување на оние што не се доволно утврдени во христијанската вера. Еве што може да се случи: некој христијанин, што смета дека е погрешно да се јаде оваа храна може да те види во идолски храм како јадеш од принесената храна. Иако ти не го правиш тоа затоа што веруваш во идоли, твојот пример може да го поттикне тој човек да постапи спротивно на својата совест, па и тој да почне да јаде храна принесена како жртва на идоли. Иако ти имаш правилно знаење, твојот пример може да влијае погубно врз друг христијанин. А Христос умре и за него! Грешејќи така против другите христијани, ранувајќи ја нивната слаба совест, вие, всушност, грешите против Христос. Затоа, ако храната што ја јадам наведува некој од моите пријатели да направи грев, ќе престанам да јадам месо до крајот на мојот живот! Не сакам јас да бидам причината некој од моите пријатели христијани да биде наведен на грев!” (1. Коринт 8:7-13)

*******

Афоризми за совеста

Чистата совест е како мека постела!

Не ја слуша својата совест, бидејќи не сака да прима совети од непознати!

Некој треба да изуми засилувач за гласот на совеста!

Најдобриот лек за смирување е чистата совест!

Совеста е оној тивок шепот, што не потсетува дека Некој не гледа!

Совеста гризе и боде, иако нема ни заби ни боцки!

Безбожниците се навистина цврсти: имаат забетонирана совест!