а) Христово
“Гледајќи го народот, душата му беше полна со сочувство, бидејќи луѓето беа збунети и беспомошни како овци без пастир.” (Матеј 9:36)
“Ерусалиме, Ерусалиме, што ги убиваш пророците и ги каменуваш Божјите пратеници испратени во тебе! Колкупати сакав да ги закрилам твоите жители како квачката што ги собира пилињата свои под крилјата, но вие не сакавте!” (Матеј 23:37)
б) Човеково
“Исус му одговори вака: ,Еднаш, еден човек, слегувајќи од Ерусалим во Јерихо, беше нападнат од разбојници, кои го ограбија и натепаа, оставајќи го полумртов. Се случи тука да помине еден еврејски свештеник. Тој го забележа човекот, но го заобиколи и си замина. Истото се повтори кога тука помина еден Левит: тој се доближи до човекот, го виде како лежи и си замина. Потоа помина еден Самарјанец, му пријде и кога го виде, му стана жал; па му ги исчисти раните со масло и вино и му ги преврза. Потоа го качи на своето добиче, го однесе до најблиската гостилница и го смести. Утредента, извади два сребреника, му ги даде на гостилничарот и му рече: ,Погрижи се за него и ако потрошиш повеќе – ќе ти доплатам кога ќе се вратам!- Потоа, Исус праша: ,Што мислиш, кој од овие тројца се покажал како ближен за настраданиот од разбојниците?- ,Оној што бил љубезен спрема него!- – одговорил учителот на Законот. Тогаш Исус му рече: ,Оди и ти постапувај така!-” (Лука 10:30-37)
“Една сабота, Исус дојде на ручек во куќата на еден фарисеј, член на Големото собрание. Сите присутни Го држеа Исус на око. Тогаш на Исус Му пристапи еден човек со отоци на рацете и нозете, а Исус им се обрати на учителите на верскиот Закон и на фарисеите, па ги праша: ,Дали е во согласност со Законот да се врши исцелување во сабота, или не?- Тие молчеа. Тогаш Исус го допре болниот и го исцели, испраќајќи го здрав. Потоа им се обрати ним: ,Ако ви се случи синот или некое ваше добиче да падне в бунар во сабота, нема ли веднаш да го извадите, иако е сабота?- Но тие и на ова не можеа ништо да Му одговорат.” (Лука 14:1-6)
в) Патриотско
“Јас ја кажувам вистината. Му припаѓам на Христос и не лажам. Мојата совест, водена од Светиот Дух, ми сведочи дека не лажам кога ви кажувам колку е голема мојата тага, каква непрестајна болка имам во срцето за мојот народ, за моите сонародници – Евреите. Кога тоа би можело да ги спаси, би се согласил јас да бидам проколнат и откинат од Христос! Израелците се Божји одбран народ. Бог ним им ја откри Својата слава и со нив склучуваше завети. Ним им беше даден Божјиот Закон, ним им беше доверено да служат во храмот, ним им беа дадени ветувањата.” (Римјаните 9:1-4)
“Драги пријатели христијани, мојата најголема желба и молитва кон Бог е Израелците да се спасат.” (Римјаните 10:1)