“Безумник е тој што во срцето си вели: ‘Бог не постои!'” (Псалм 14 (13):1)
“Во својата вообразеност, безбожникот не Го бара Бога: во ниедна мисла негова нема место за Бога!” (Псалм 10:4)
“…безбожниците… се како плева што ветер ја вее! Затоа, безбожниците нема да се одржат на Судниот Ден, ни грешниците во заедницата на праведниците.” (Псалм 1:4-5)
“А оние што од страв се откажуваат од верата во Мене, како и неверниците, неморалните, убијците, блудниците, маѓепсниците, обожавателите на идоли и сите лажговци, ќе завршат во Огненото Езеро полно со запален сулфур. Тоа ќе биде втората смрт.” (Откровение 21:8)
” А за безбожниците нема мир, вели Господ.”
(Исаија 48:22)
“Нечесниот нека го остави патот свој, и беззаконикот – помислите свои и нека се обрне кон Господа, нашиот Бог, – и Он ќе го помилува, зашто е многу милостив.” (Исаија 55:7)
*******
Афоризми за атеистите
Некои луѓе си ласкаат на себеси, сметајќи се за атеисти, иако во суштина се паганци!
Атеистот е човек, кој си изградил куќа без ниту еден прозорец, а го обвинува Бог што мора да живее во мрак!
Потсмевањето и насилството им се единствените аргументи на атеистите против христијаните.
Безбожниците зборуваат за Бог почесто од побожните!
Некои луѓе се атеисти само додека им оди мазно!
Атеистите го надминуваат ѓаволот: тој барем знае дека Бог постои!