БОГ (Господ)

а) Постои само еден жив Господ и Бог

“Постои само еден единствен Бог и освен Него друг бог нема. За некои луѓе постојат многу “богови” и господари, и на небото, и на Земјата. Но ние имаме само еден Бог, нашиот небесен Татко. Тој е Создателот на се и ние за Него живееме. Имаме само еден Господ, и тоа е Исус Христос. Се е преку Него создадено, вклучувајќи не и нас, луѓето.” (Изјава на апостол Павле, во 1. Коринт 8:4-6)

“Постои само еден Бог и постои само Еден што може да посредува меѓу Бог и луѓето: тоа е човекот Исус Христос.” (Изјава на апостол Павле, во 1. Тимотеј 2:5)

“А Господ Бог е вистина; Тој е жив Бог и вечен Цар.” (Изјава на пророк Еремија 10:10)

“Еве, Јас сум Господ, Бог на секоја плот; има ли нешто, што не е можно за Мене?” (Изјава на пророк Еремија 32:27)

“Со кого ќе Ме изедначите, и ќе Ме споредите? Кого ќе го земете за пример да прилега на Мене?”

(Изјава ма самиот Бог, во Исаија 46:5)

“А вечен живот е ова: да Те познаат Тебе, единствениот вистински Бог, и Исус Христос, Кого Ти Го испрати.”

(Изјава на апостол Јован, во Ев. Јован. 17:3)

“Под целиот небесен свод има само едно име на кое луѓето можат да се повикаат за да се спасат, а тоа е Исус Христос!” (Апостол Петар, во Дела на апостолите 4:12)

б) Господ Бог е духовно битие/суштество

“Бог е Дух и оние што Му се поклонуваат мораат да го прават тоа сходно со вистината која им ја открива Божјиот Дух.”

(Јован 4:24)

“Господ е во единство со Духот и каде што е присутен Господовиот Дух, Тој донесува слобода.” (2. Коринт 3:17)

в) Господ Бог е самобитен и вечен

“Господ Бог е вистина; Тој е жив Бог и вечен Цар.”

(Еремија. 10:10)

“На вечниот Цар, бесмртен и невидлив, на единствениот Бог, да Му оддадеме слава и почит за вечни времиња! Амин.”

(1. Тимотеј 1:17)

“Само Бог е бесмртен. Тој живее во светлина во која никој не може да Му пријде! Човечко око не Го видело, ниту може да Го види. Сета почит и власт Му припаѓаат Нему. Амин! (1. Тимотеј 6:16)

“Господе, Ти ни беше закрила од род во род! Уште пред да се родат планините, пред да ги создадеш Земјата и вселената, Ти Си Бог, од века довека!” (Псалм 90:1-2)

“Зашто, илјада години се за Тебе (Боже) како еден минат ден, колку една ноќна стража! (Псалм 90:4)

“Но Ти, Господе, остануваш вечно да царуваш, споменот за Тебе од род во род продолжува.” (Псалм 102:12)

“Затоа, извикав: Боже мој, не земај ме на средината од мојот живот, Ти, чии години се протегаат од род во род! Во почетокот, Ти ја основа Земјата, а и небесата се дело на Твоите раце; тие ќе пропаднат, а Ти ќе останеш; сите тие како руба ќе излитат, како облека Ти ќе ги промениш и ќе ги фрлиш. А Ти остануваш истиот, нема крај за Твоите години.” (Псалм 102:24-27)

г) Господ Бог, засега, е невидлив за нас

“Никој, никогаш не Го видел Бога; но имаме објава за Него, преку Единородниот Син, Кој е Бог, и Кој произлегува од Таткото.” (Ев. Јован 1:18)

“Бог му рече (на Мојсеј): лицето Мое не ќе можеш да го видиш, зашто не може човек да Го види лицето Мое и да остане жив.” (2. Мојсеј 33:20)

“На вечниот Цар, бесмртен и невидлив, на единствениот Бог, да Му оддадеме слава и почит за вечни времиња! Амин.”

(1. Тимотеј 1:17)

“Само Бог е бесмртен. Тој живее во светлина во која никој не може да Му пријде! Човечко око не Го видело, ниту може да Го види.” (1. Тимотеј 6:16)

“Благословени се луѓето со чисто срце, зашто тие ќе Го видат Бога!”(Матеј 5:8).

“Сепак знаеме дека кога Христос повторно ќе дојде, ќе станеме слични на Него, бидејќи ќе Го видиме онаков каков што Тој навистина е.” (1. Јован 3:2).

д) Господ Бог не се менува

“Бидејќи сум Господ, Јас не се изменувам.” (Малахија 3:6)

“Бог не е човек, та да се колеба, ниту е син човечки, па да се изменува. Што ќе каже, па да не го изврши, или што ќе рече, па да не биде така?” (4. Мојсеј 23:19)

“Секој добар и совршен дар доаѓа од небото, од Бог, од Оној што ги создал небесните светила. Но за разлика од нив, Тој никогаш не се менува, кај Него нема сенка која би била резултат на поместување!”(Јаков 1:17)

“А Бог не си ги зема назад даровите што ги дал, и кога некого ќе одбере, не се предомислува.” (Римјаните 11:29)

“Исус Христос не се менува: Тој е истиот, вчера, денес и засекогаш!”(Евреите 13:8)

ѓ) Бог е творец на се

“Во почетокот Бог ги создаде небото и Земјата.”

“И создаде Бог големи риби и секаков вид животни влекачи, а кои ги произведе водата, според нивниот род, како и секаков вид крилати птици, според родот нивни…”

“И создаде Бог ѕверови земни, според родот нивни, и добиток според родот негов, и секакви гадинки на земјата, според родот нивни…”

“Потоа рече Бог: Да создадеме човек според Нашиот лик и образец, како што сме Ние, кој ќе биде господар над рибите морски, и на птиците небески, и на ѕверовите над целата земја и над сите гадинки што се движат по земјата!- И го создаде Бог човекот според Својот лик, според Божјиот образец го создаде; машко и женско ги создаде…” (1. Мојсеј 1:1, 21, 25-27)

“Духот Божји ме создал и здивот на Седржителот ми дал живот.” (Книга за Јов 33:4)

“Кога Бог го создаде човекот, го создаде според образот Божји. Маж и жена ги содаде, и ги благослови, и ги нарече човек во денот кога беа создадени.” (1. Мојсеј 5:1-2)

“Прашај го добитокот, и ќе те научи; запрашај ја небеската птица, и ќе ти објасни. Гуштерите ќе те поучат, и ќе ти кажат и морските риби. Кое од сите созданија не знае, дека раката на Господа го создала? (Книга за Јов. 12:7-9)

“Сите богови на народите се ништо, а Господ ги создаде небесата.” (1. Летописи 16:26)

“Преку зборот Господов беше создадено небото, преку здивот Негов – ѕвезденото воинство.” (Псалм 33:6)

“И рече Езра: Ти, Господи, Кој си еден, Ти го создаде небото, небесата на небесата и сета нивна војска, земјата и се што е по неа, морињата и се што е во нив, и Ти го оживуваш сето тоа, и небесните воинства Ти се клањаат.” (Немија 9:6)

“Бог ја создаде Земјата со силата Своја, ја утврди Вселената со мудроста Своја и со разумот Свој ги распростре небесата. (Еремија 10:12)

“Секоја куќа има свој градител, а Бог е градител на се” (Евреите 3:4)

“Ти (Боже) ми ги создаде и телото и душата; Ти ме состави во утробата на мајка ми… Твоите дела предизвикуваат восхит и јас тоа добро го знам!”(Псалм 139:13-14).

е) Господ Бог гледа се и знае се

“Зар Тој што го всадил увото, не слуша? Зар Тој што го направил окото, не гледа? … Господ ги знае човечките мисли!” (Псалм 94:9-10)

“Очите Господови се насекаде и ги набљудуваат и лошите и добрите.”

“И Адот и Бездната се разоткриени пред Господа, а камоли човечките срца!” (Поговорки 15:3, 11)

“Може ли човек да се сокрие на тајно место, каде што Јас не би го видел? – вели Господ. Зар не го исполнувам Јас небото и Земјата – вели Господ.”(Еремија 23:24)

“Светот на мртвите е откриен пред Него, и нема покривка над Бездната.”(Книга за Јов 26:6)

“Никој не може да се сокрие од Бог! Се е докрај соголено и разоткриено пред Неговите очи. Пред Него сите ќе полагаме сметка!” (Евреите 4:13)

“Господе! Докрај Си ме испитал и темелно ме познаваш; знаеш кога седнувам и кога станувам, мислите од далеку ми ги читаш; ме набљудуваш кога излегувам и кога си легнувам, го знаеш секој чекор мој. Уште зборот не ми дошол на јазикот – а ете, Ти Господе, веќе знаеш се… Таквото знаење е пречудесно за мене, превисоко за моите сфаќања… За Тебе ни темнината не е темна: ноќта ќе свети како ден, зашто, за Тебе и темнината е како светлина” (Псалм 139:1-4, 6, 12)

“А Исус им рече: Вие се правите праведни пред луѓето, но Бог ви ги познава срцата: во очите на луѓето сте големи, но пред Бога сте гнасни!”(Лука 16:15)

ж) Господ Бог е верен

“И така, знај дека Господ, твојот Бог, е верен Бог, Кој го пази од илјада поколенија Својот завет и има милост спрема оние што Го сакаат и ги извршуваат Неговите заповеди.” (5. Мојсеј 7:9)

“Планини ќе се поместат, и ридови ќе се разнишаат, но Мојата милост нема да отстапи од тебе и заветот на Мојот мир нема да се разниша, вели Господ, Кој те милува.” (Исаија 54:10)

“… Небото ќе изчезне како дим, и земјата ќе изветви како облека, а и нејзините жители исто така ќе изумрат; а Јас ќе спасувам вечно, правдата Моја нема да престане.” (Исаија 51:6)

“А љубовта на Господа кон оној што Го почитува, е од искона и довека! Правдата Негова е од синови до внуци.”

(Псалм 103:17)

“Ако не Му бидеме верни, Тој сепак ќе остане верен, зашто Христос не може да се порекне Самиот Себе.”

(2. Тимотеј 2:13)

“Но ако Му ги признаваме своите гревови на Бог, Тој е правичен и ќе си го одржи ветувањето: ќе ни ги прости гревовите и ќе не исчисти од сета неправедност.” (1. Јован 1:9)

з) Господ Бог е добар

“Проверете и уверете се дека Господ е добар: среќен е човекот, кој, кај Него си наоѓа прибежиште!” (Псалм 34:8)

“Бидејќи, Ти си добар, Господе, полн си со љубов и со прошка, кон секој што Тебе те призива.” (Псалм 86:5)

“Господ е добар, Неговата љубов е вечна, а верноста Негова трае од поколение до поколение!” (Псалм 100:5)

“Нека Му благодарат на Господа за Неговата верна љубов и Неговите чудеса што Тој ги прави за човечкиот род!” (Псалм 107:8)

“Благодарете Му на Господа, бидејќи Тој е сушта добрина, бидејќи Неговата љубов е вечна!” (Псалм 118:29)

“Господ е кон сите добар, сочуствителен е кон сите Свои творби.” (Псалм 145:9)

“Добар е Господ кон оние, кои се надеваат на Него, кон душа, која Го бара.” (Плач на Еремија 3:25)

“Не сфаќај ја погрешно Божјата прекумерна добрина, воздржливост и долгата трпеливост спрема тебе! Божјата добрина ти дава време за да се покаеш!” (Римјаните 2:4)

ѕ) Господ Бог е долготрпелив

“Господ е долготрпелив и многу милостив и вистинит… ги простува беззаконијата и неправдите, и гревовите…”

(4. Мојсеј 14:18)

“Но, Ти, Господе, Си сочувствителен и нежен Бог, бавен на гнев, а полн со љубов и со верност!” (Псалм 86:15)

“Господ не одолжува со исполнувањето на Своето ветување, како што некои мислат. Тој само е трпелив, зашто не сака никој да заврши во пропаст, туку секој да се покае и да се спаси” (2. Петар 3:9)

“Не сфаќај ја погрешно Божјата прекумерна добрина, воздржливост и долгата трпеливост спрема тебе! Божјата добрина ти дава време за да се покаеш!” (Римјаните 2:4)

и) Господ Бог е вистинска љубов

“Зашто Бог толку ги засака луѓето од овој свет, што Го даде Својот Единороден Син, за да не загине ниту еден што верува во Него, туку да има вечен живот.” (Ев. Јован 3:16)

“Оној што не ги сака луѓето докажува дека не Го познава Бога, бидејќи Бог е љубов. Бог ја докажа Својата голема љубов спрема нас, испраќајки Го на овој свет Својот единствен Син, за ние да добиеме вечен живот преку Него. Тоа е вистинска љубов! Не дека ние го сакавме Бога, туку Бог нас не сакаше и Го даде Својот Син како помирителна жртва за нашите гревови.” (1. Јован 4:8-10)

“Но Бог ни покажа колку многу не сака кога Го испрати Христос да умре за нас уште додека бевме грешници.”

(Римјаните 5:8)

“Но Бог е толку полн со милост, толку е голема љубовта што ја чувствува спрема нас…” (Ефес 2:4)

“Како што таткото има разбирање за своите деца, Господ има разбирање за оние кои Го почитуваат.” (Псалм 103:13)

“Одамна ми се јави Господ и ми рече: со вечна љубов те засакав и затоа пристапив кон тебе со милост.” (Еремија 31:3)

ј) Господ Бог е милостив

“И кога ќе повика кон Мене, Јас ќе го чујам, бидејќи Сум милостив.” (2. Мојсеј 22:27)

“Господ е долготрпелив и многу милостив и вистинит… ги простува беззаконијата и неправдите, и гревовите…”

(4. Мојсеј 14:18)

“Господ, Господ Бог штедар и милостив, долготрпелив, многумилостив и вистински! Кој ја чува правдата и покажува милост на илјадници, Кој проштава беззаконија, неправди и гревови…” (2. Мојсеј 34:6-7)

“Господ, твојот Бог, е благ и милосрден Бог; Тој нема да те остави, нема да те погуби и нема да го заборави заветот со твоите татковци, на кои со клетва им го потврдил.” (5. Мојсеј 4:31)

“Господ, Бог наш, е благ и милосрден и нема да го сврти лицето од вас, ако се обрнете кон Него” (2. Летописи 30:9)

“Господ е милосрден и благороден, бавен на гнев и со љубов исполнет. Нема вечно да обвинува, ниту вечно ќе држи лутина; не постапува со нас според нашите гревови и не ни плаќа според нашите престапи. Зашто, колку што е небото високо над Земјата, толкава Му е љубовта кон оние кои Го почитуваат.” (Псалм 103:8-11)

“… Да пристапиме кон престолот на Божјата благонаклоност со целосна доверба. Таму ќе добиеме милост и благонаклоност кои ќе ни бидат од голема помош кога ќе затреба.” (Евреите 4:16)

“Ќе им ги простам нивните престапи и никогаш повеќе нема да ги спомнувам нивните гревови!” (Евреите 8:12)

“Бидете милосрдни, како што е милосрден вашиот небесен Татко.” (Лука 6:36)

к) Пристапот до Господ Бог

“Близу е Господ до сите кои Го бараат, до оние, кои искрено Го призиваат.” (Псалм 145:18)

“А без вера не е можно да Му бидеме угодни на Бог. Секој што сака да дојде кај Бог, мора да верува дека Тој постои и дека ги наградува оние што искрено Го бараат.” (Евреите 11:6)

“Исус му одговори: Јас сум Патот, Вистината и Животот. Без Мене, никој не може да дојде кај небесниот Татко.”

(Ев. Јован 14:6)

“Под целиот небесен свод има само едно име на кое луѓето можат да се повикаат за да се спасат, а тоа е Исус Христос!” (Дела на апостолите 4:12)

“Но сега го имате Исус Христос. Вие кои некогаш бевте далеку, сега сте доведени близу до Бог, благодарение на крвта што Христос ја пролеа за вас.” (Ефес 2:13)

“Затоа, ние треба да пристапуваме кон престолот на Божјата благонаклоност со целосна доверба. Таму ќе добиеме милост и благонаклоност кои ќе ни бидат од голема помош кога ќе затреба.”(Евреите 4:16)

“Среќен е тој што Ти ќе го избереш и во Твоите дворови ќе го прибереш! Ах, да се наситуваме од блаженствата на Твојот Дом и од светоста на Твојот Храм!” (Псалм 65:4)

*******

Афоризми за Бог

Бог пишува со мастило што не се бриши, зборува со јазик што не греши и работи со рака што не знае за неуспех!

Бог може подеднакво да ги понесе твоите големи грижи, како и малите; како што и морето може да ги понесе големите бранови, како и малите.

Бог не пушта во длабоки води, не за да не удави, туку за да не измие!

Можеш да сметаш на Бог. Може ли Бог да смета на тебе?

Бог сака да се вивнеш како орел, а не да колваш како кокошка!

Бог ги сака луѓето, иако тие не му требаат. Луѓето не го сакаат Бога, иако Тој им треба.

Некои луѓе го третираат Бог како адвокат: го бараат само кога се во невола!

Бог не гарантира удобно патување до небото, но гарантира сигурно пристигнување!

Кога ти се чини дека решенијата на твоите проблеми се невозможни, присети се дека Бог е Специјалист за невозможни нешта!

Кога ќе бидеш готов да ги откриеш своите гревови, Бог е готов да ги покрие!

Кога во животот ќе ти остане само Бог, тогаш за првпат ќе сфатиш, дека Бог ти е доволен!

Бог не ја крои облеката на праведноста според луѓето, туку обратно!

Да одиш во чекор со Бог, значи да одиш во расчекор со светот!

Ако не можеш да се соочиш со Бог, нешто не е в ред со твојот животен поглед!

На прво место, имај страв од Бог. На второ место, имај страв од секој што нема страв од Бог!

За да засакаш човек, треба да го запознаеш; за да го запознаеш Бога, треба да го засакаш!

Бог може да постигне повеќе со твојот живот; затоа – предај му го!

Без Бог, ние не можеме; без нас, Бог не сака!

Ако не можеш да го најдеш Бога – што мислиш, кој од вас двајцата се загубил?

Ако не е во нас Оној што е над нас, бргу ќе не прегази она што е околу нас!

Оној што се повикува на Божјите ветувања, треба да ги исполнува Божјите заповеди!

Сомневај се во своите сомневања, но не и во Божјите ветувања!

Бог ги храни птиците, но не им ја става храната во гнездата!

Ако веќе не си близу до Бог, што мислиш, кој од вас двајцата се оддалечил?

Бог спасува еднаш, веднаш и засекогаш!

Бог постојано создава нешто ново и неповторливо; и ти си дел од тоа творештво.

Секој ден работиш за или против Бог.

Жално е, ако го знаеш Псалмот 23, а не го знаеш Пастирот!

Бог не греши. Ако мислиш дека греши, тогаш грешиш!

Ако Бог те повикал, не гледај дали некој те следи!

Ако Бог ти ја затвори вратата, не обидувај се да влезеш низ прозорецот!

Што ќе се случи со вселената, ако Бог почне да штрајкува!?

Божјите намери се понекогаш одложени – но никогаш напуштени!

Најголемата трагедија во животот е да го загубиш Бог, а да не забележиш дака ти недостасува.

Ако Бог вели “дојди”, Тој веќе ти приоѓа во престрет. Ако Бог вели “оди”, Тој веќе врви пред тебе!

Ако Бог не го припитоми, човекот е крволочна ѕверка!

Бог ретко прави големи нешта набрзина!

Прилепи се до Бог, за да нема место за ѓаволот меѓу вас!

Бог става солза во твоето око, за да произведе божилак во твоето срце!