(Види и под: “Воскресението”)
“Кога измина саботата, во раните мугри на неделата, Марија Магдалена и другата Марија дојдоа да го посетат гробот (на Исус Христос). Одеднаш почвата силно се затресе; ангел Господов слезе од небото, го тргна каменот со кој беше затворена гробницата и седна врз него. Лицето му светеше како молскавица, а облеката му беше бела како снег. Стражарите толку се исплашија, што како мртви испопаѓаа по земјата.
Ангелот им се обрати на жените: “Не плашете се! Знам дека Го барате распнатиот Исус. Не е тука; воскресна, како што однапред ви беше рекол! Влезете и погледнете го местото каде што беше положено Неговото тело. Одете брзо и кажете им на Неговите ученици дека Тој воскресна од мртвите и дека е на пат кон Галилеја. Појдете таму и ќе Го видите. Еве, дојдов да ви го кажам тоа.”
Со измешани чувства на страв и радост жените веднаш ја напуштија гробницата и со трчање се упатија кон Исусовите ученици да ги известат за ова. Одеднаш, ги пресретна Исус и ги поздрави: “Здраво!” Тие Му пријдоа, ги прегрнаа Неговите нозе и Му се поклонија.” (Ев. Матеј 28:1-9)
“Во неделата, уште во рани зори, жените дојдоа кај гробницата, носејќи ги миризливите масла за премачкување на Исусовото тело, што самите ги беа приготвиле. Но ја најдоа гробницата отворена и гробната плоча иставена. Влегоа во гробницата, но таму го немаше телото на Господ Исус. Додека стоеја таму збунети, ненадејно пред нив се појавија двајца мажи во блескави облеки. Исплашени, жените се наведнаа кон земјата, кога тие им се обратија, велејќи им: ‘Зошто Го барате Живиот меѓу мртвите? Тој не е овде! Воскресна! Сетете се што ви велеше уште додека беше во Галилеја: ‘Синот Човечки ќе треба да биде предаден во рацете на грешници, кои ќе Го распнат, но на третиот ден Тој ќе воскресне’. Тогаш жените се сетија дека Исус навистина им го кажа тоа.” (Ев. Лука 24:1-8)
“Рано изутрината во неделата, кога Исус воскресна од мртвите, и се појави на Марија Магдалена…
…подоцна, Исус им се појави на двајца Свои ученици…
… потоа Исус им се покажа на единаесеттемина Свои ученици, додека тие вечераа заедно…” (Ев. Марко 16:9, 12, 14)
Види и под: “Воскресението”