а) Власта треба да се почитува
“Почитувајте ја државната власт. Секоја власт произлегува од Бога, па и државната власт е воспоставена од Бог. Оној што се противи на институцијата државна власт, се противи на уредбата воспоставена од Бог и ќе биде казнет. Органите на власта не се закана за добрите луѓе, туку за лошите луѓе. За да не се плашите од властите, правете добро и тие ќе ве пофалат. Власта е во служба на Бог и најзина должност е да работи за твое добро. Ако правиш зло – има причина да се плашиш, зашто ќе бидеш казнет! Власта е во служба на Бог и остро ги казнува оние што прават зло. Затоа, треба да ја почитуваш државната власт, не само за да не бидеш казнет, туку и да имаш чиста совест. Затоа треба да плаќате и даноци. Извршителите на власта се во служба на Бог и треба да бидат платени за она што го работат. Затоа, давајте им го она што им припаѓа. Плаќајте ги даноците и царините, имајте страхопочит спрема властите, укажувајќи им чест кога заслужуваат.” (Римјаните 13:1-7)
“Заради Господа, покорувајте им се на институциите на власта: било на
царот, како на врховен владетел, било на управниците назначени од него. Тие се поставени за да ги казнуваат злосторниците, а да ги пофалуваат оние што прават добро. Бог сака со правење добро да ги замолкнете неоснованите обвинувања на неразумните луѓе. Вие не сте робови, туку слободни луѓе, но не треба да ја користите слободата како изговор за да правите зло, туку живеете служејќи Му на Бог. Почитувајте ги сите луѓе. Сакајте ги христијаните, имајте страхопочит спрема Бог и почитувајте ја власта.” (1. Петар 2:13-17)
“Потсетувај ги луѓето да им се покоруваат на властите и управниците и да бидат послушни. Секогаш да бидат подготвени да прават добро.” (Тит 3:1)
б) За власта треба да се молиме
“Како прво, ве поттикнувам да се молите за сите луѓе. Барајте од Бог да им помогне и да ги благослови, а потоа заблагодарувајте Му се за сите нив. Молете се за царевите и за сите што се на власт, за да имаме мирен и тивок живот, исполнет со побожност и достоинство. Ваквите молитви се добри и Бог, нашиот Спасител, ги прифаќа. Тој сака сите да се спасат и да ја сфатат вистината.” (1. Тимотеј 2:1-4)
в) Даноците спрема државата треба да се плаќаат
“Затоа треба да плаќате и даноци. Извршителите на власта се во служба на Бог и треба да бидат платени за она што го работат. Затоа, давајте им го она што им припаѓа. Плаќајте ги даноците и царините, имајте страхопочит спрема властите, укажувајќи им чест кога заслужуваат.” (Римјаните 13:6,7)
“Тие Му велеа (на Исус): ,Учителе, знаеме дека тоа што го зборуваш и го учиш е правилно. Знаеме дека Ти не гледеш на тоа кој е кој, туку вистинито го проповедаш Божјиот пат. Кажи ни, дали ние треба да му плаќаме данок на римскиот император, или не?- Исус го проѕре нивното лукавство, па им рече: ,Покажете ми една римска монета. Чиј лик и име се втиснати на монетата?- Тие Му одговорија: ,На императорот- Тогаш Исус им рече: ,Дајте му го на императорот тоа што му припаѓа на императорот, а на Бога – тоа што Му припаѓа на Бога!-“
(Лука 20: 21-25)
г) И духовните водачи треба да се почитуваат
“Слушајте ги вашите духовни водачи и потчинувајте им се. Тие бдеат над вашите души и за тоа се одговорни пред Бог. Овозможете им тоа да го прават со радост, а не со воздишки, зашто тоа нема да биде во ваш интерес.” (Евреите 13:17)