(Види и под “Животот, смртта и потоа”)
а) Господ ќе ги воскресне починатите
“И јас, како и тие, верувам во Бог и уверен сум дека Тој ќе ги воскресне мртвите, како праведните, така и неправедните.” (Дела на апостолите 24:15)
“Ве уверувам дека доаѓа време, и веќе е дојдено, кога мртвите ќе го слушнат Мојот глас – гласот на Божјиот Син. Оние што Му биле послушни – ќе живеат!”(Ев. Јован 5:25)
“Не чудете се на ова, зашто доаѓа часот кога сите покојници ќе го слушнат гласот на Божјиот Син и ќе излезат од гробовите: оние што правеле добро – ќе воскреснат за да живеат вечно, а оние што вршеле зло – ќе воскреснат за да бидат осудени на вечна казна!” (Ев. Јован 5:28-29)
“Знаеме дека истиот оној Бог, Кој Го воскресна Господ Исус, и нас ќе не воскресне. Потоа, и нас и вас, заедно со Исус, ќе не доведе кај Себе.” (2. Коринт 4:14)
“И многумина од оние што спијат во земниот прав ќе се разбудат – едни за живот вечен, а други за укор и срам.” (Даниел 12:2)
б) Апологетика за воскресението
“Ако е јасно посведочено дека Христос воскресна од мртвите, како тоа некои од вас велат дека мртвите нема да воскреснат? Ако е невозможно мртвите да воскреснуваат, тогаш ни Христос не воскреснал! А ако Христос не воскреснал, тогаш се без основа и нашето проповедање и вашата вера! Зашто, би испаднало дека тоа што ние го кажуваме за Бог е лага, бидејќи ние сме сведоци дека Бог Го воскресна Христос; а ако е невозможно мртвите да воскреснуваат, тогаш значи Бог не Го воскреснал Христос! Ако е невозможно мртвите да бидат воскреснати, произлегува дека ни Христос не бил воскреснат. Ако Христос не бил воскреснат, тогаш вашата вера е безвредна – вие сте и понатаму под осуда на вашите гревови! Тоа би значело дека и луѓето што починаа со вера во Христос се неповратно загинати! Ако ние се надеваме на Христос само за овој живот, тогаш ние сме најмизерни од сите луѓе на светот!
Но Христос воскресна од мртвите! Тој стана прв плод од големата жетва на сите што ќе бидат воскреснати од мртвите. Како што смртта дојде на овој свет преку еден човек, Адам, така преку еден човек дојде и воскресението на мртвите, имено, преку Христос. Како што сите умираме поради нашата поврзаност со Адам, така сите што се поврзани со Христос повторно ќе оживеат, но според утврдениот ред. Прво воскресна Христос, а потоа, кога Тој ќе се врати, ќе воскреснат и Христовите следбеници. Потем ќе дојде крајот. Христос ќе ги уништи сите зли владетели, власти и сили и ќе Му го предаде царувањето на Таткото Бог. Зашто Христос ќе владее се додека не ги собори и згази сите Свои непријатели. Последниот непријател што ќе биде уништен ќе биде смртта.” (1. Коринт 15:12-26)
в) Какви ќе бидеме по воскресението?
“Некој од вас ќе праша: ,Како ќе воскреснат мртвите? Какви тела ќе имаат?- Размислете разумно: кога сеете некое семе, тоа најпрво умира, а потоа од него израснува живо растение. Она што го сеете е голо зрно пченица или нешто друго. Семето изгледа сосема различно од растението што подоцна ќе изникне. На секое посеано семе Бог му дава тело какво што Тој сака. Секое си има свое сопствено тело. А знаеме дека има разлики меѓу телата на луѓето, животните, птиците и рибите. Постојат и небесни и земни тела, но славата на небесните тела е различна од убавината на земните тела. Сјајот на Сонцето се разликува од сјајот на Месечината; поинаков е пак, сјајот на ѕвездите, а и ѕвездите муѓусебно се разликуваат по својот сјај.
Слично ќе биде и со воскресението на мртвите. Се закопува распадливо тело, а ќе воскресне бесмртно тело. Се погребува истоштено, грдо, слабо тело, а ќе воскресне славно и силно тело. Се погребува материјално тело, а ќе воскресне духовно тело. Како што постои материјално тело, така постои и духовно тело. Во Светото Писмо пишува: ,Првиот човек, Адам, стана жива душа.- А Христос, Кој може да биде наречен ,Последниот Адам-, е Дух што дава живот. Но прво доаѓа материјалното тело, а потоа духовното. Првиот човек, Адам, беше создаден од земја, направен од земен прав. Вториот човек, Христос, потекнува од небото. Какво што беше телото на Адам, такво е и телото на секој човек сега: тоа е тело создадено од земја.
Но на небото ќе имаме тела како Христовото тело, бидејќи Христос потекнува од небото. Како што сега личиме на Адам, на човекот направен од земен прав, така тогаш ќе личиме на Христос , на Човекот што потекнува од небото. Драги мои, она што сакам да ви го кажам е дека телата од крв и месо не можат да го наследат Божјото царство. Тие се распадливи тела и како такви не можат да бидат жители на Божјото царство.
Ќе ви откријам една тајна: сите нема да доживееме физичка смрт, но сите ќе бидеме преобразени. Тоа ќе се случи брзо, за еден миг на окото. Кога ќе се огласи последната труба, починатите Христови следбеници ќе бидат воскреснати во бесмртни тела, а ние што сме живи ќе бидеме преобразени исто така во бесмртни тела. Неопходно е нашите распадливи тела да се преобразат во нераспадливи, и тоа што е смртно да се преобрази во бесмртно. Кога нашите распадливи тела ќе се преобразат во нераспадливи, и смртното ќе стане бесмртно, тогаш ќе се исполни она што е напишано во Светото Писмо: ,Смртта е уништена и победата е целосна!- ,О, смрт, каде е твојата победа? О, смрт, каде е твоето осило?- Гревот е осило на смртта, а силата на гревот почива врз одредбите на Божјиот Закон. Но Бог ни даде победа над гревот и смртта преку нашиот Господ Исус Христос и треба да Му бидеме многу благодарни за тоа.” (1. Коринт 15:35-57)
г) Први ќе воскреснат Христовите следбеници
“Господ Лично ќе се симне од небото, со силен глас ќе заповеда, со глас на архангел и со труба Божја, и прво ќе воскреснат оние што верувале во Христос пред да починат.” (1. Солун 4:16)
“Потоа видов престоли; луѓето што седеа на нив, беа овластени да судат. Ги забележав и душите на погубените поради вера во Исус и проповедање на Божјото Слово и на сите оние што не му се поклонија на Ѕверот, ни на неговата икона и не го примија неговиот белег на челото или на раката. Видов како тие воскреснаа и царуваа со Христос илјада години. (Другите умрени нема да воскреснат додека не поминат илјада години.)” (Откровение 20:4-5)