ДЕЦАТА

“Ете, децата се наследство кое доаѓа од Господа, потомството е награда од Него; Она што се стрелите во рацете на јунакот, тоа се синовите за младите родители.”(Псалм 127:3-4)

а) Обврските на децата

“Почитувај го таткото твој и мајката твоја, како што ти заповеда Господ, твојот Бог, за да живееш долго и да ти биде добро во онаа земја, што ти ја дава Господ, твојот Бог.” (5. Мојсеј 5:16)

“Деца, бидете им послушни на своите родители бидејќи вие Му припаѓате на Господ. Тоа е примерно поведение.”(Ефес 6:1)

“Деца, бидете им во се послушни на вашите родители. Тоа Му причинува задоволство на Господ.” (Колос 3:20)

б) Обврските спрема децата

“Татковци, немојте да постапувате сурово спрема своите деца, за да не им ја уништите волјата” (Колос 3:21)

“Татковци, немојте да предизвикувате лутина кај вашите деца. Одгледувајте ги и воспитувајте ги во Господовото учење.” (Ефес 6:4)